Зошто веднаш да ја деактивирате FaceTime на iPhone?

Објавено на 29.01.2019 во Рецензија


Зошто веднаш да ја деактивирате FaceTime на iPhone?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Наскоро следи надградба

 

Negatives:

 

Се намалува довербата на корисниците



Целата рецензија

Само што Тим Кук, извршниот директор на Apple, се пофали дека неговата компанија е цврсто посветена на заштита на приватноста на корисниците, изби нов скандал кој ги загрозува сите корисници на FaceTime апликацијата за видео и аудио телефонски повици на iPhone. Откриена е софтверска грешка во FaceTime која овозможува да го слушате и гледате корисникот дури и кога неговата апликација е неактивна, односно неговиот iPhone е исклучен. 

Бубачка која брзо се шири

Скандалот први го открија хакери за веб сајтот 9to5Mac, а „бубачката“ брзо се рашири на социјалните мрежи. Практично со оваа злоупотреба може да шпионирате некого преку FaceTime пред тој воопшто да го одговори или одбие видео повикот. 

Исто така и од сајтот The Hacker News успешно ја реплицираа бубачката, наменета за iPhone X како и за било кој смартфон на Apple кој работи со оперативниот систем iOs со верзијата 12.1 или некоја од поновите. The Hacker News открија и дека преку оваа грешка во софтверот на FaceTime може да направите злоупотреба користејќи MacBook лаптоп или компјутер со воспоставување на онлајн видео повик преку macOS Mojave оперативниот систем, па така корисниците не може да знаат од каде доаѓа опасноста, бидејќи во игра не се само смартфоните.

Како настана овој проблем?

Проблемот настана откако Apple ја лансира опцијата за групни повици на FaceTime. Така кога креирате групна конверзација, може да додавате нови членови. Откако ќе повикате еден член може да го смените екранот и да го додадете вашиот број. Тука доаѓа до злоупотреба на софтверската грешка бидејќи веднаш се активира опцијата за слушање на првиот член кој сте го контактирале уште пред тој да го прифати повикот. Ако неговите звучници се исклучени исто така се активира и пренос од неговата камера, па може да гледате што истиот прави.

Како да се заштитите?

Од Apple соопштија дека се свесни за проблемот со FaceTime и дека веќе работат на софтверска надградба која ќе биде готова до крајот на неделата. Во меѓувреме Apple ја суспендираше можноста за групни повици на FaceTime. Сепак, за да бидете целосно сигурни исклучете ја FaceTime, а деактивацијата може да ја направите во главното мени за подесување. Истото важи и за iPhone смартфоните, како и за iPad или MacBook уредите. 

Последици

Овој нов скандал со нарушување на безбедноста и приватноста на корисниците ќе фрли нов сомнеж во практиките на Apple, особено што доаѓа во период на бројни случаи на грешки на технолошките компании кои ги доведуваат во опасност корисниците. 

Apple ќе треба да докаже и дека FaceTime ќе биде безбедна за користење по направената надградба и дека вакви слични проблеми нема да се јават во иднина со апликацијата или други комуникациски сервиси.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm