Huawei P Smart 2019 - Паметно решение

Објавено на 02.02.2019 во Рецензија


Huawei P Smart 2019 - Паметно решение

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.5


резултат
8.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Квалитетна понуда за ниска цена

 

Negatives:

 

- Нема директно брзо полнење на батеријата со USB Type C



Целата рецензија

Huawei како ретко кога направи одличен спин-оф смартфон на својот најмоќен модел кој сега доаѓа по нешто пониска цена, но со импредивно добри перформанси. Со сетапот Huawei P Smart 2019 покажува дека може да биде ултра моќен и достапен во средната висока класа. Со Huawei P Smart 2019 имавме можност и одблиску да се запознаеме па затоа во продолжение ви ги претставуваме неговите најголеми адути како и сите детали.


 

Дизајн

Huawei P Smart 2019 ги исполнува сите стандарди на еден модерен смартфон со тенка рамка околу дисплејот која му ја дава главната визуелна карактеристика, а тоа е издолженоста, елегантноста и естетиката со квалитетните материјали на градба. Huawei P Smart 2019 има многу тенок профил на телото од 8 милиметри, тежи "лесни" 160 грама, додека пак висок е 15 сантиметри, со што може да се пофали дека е доволно компактен. Така и ние многу лесно го управувавме со раката и совршено го собира во џебот. Овој симпатичен смартфон доаѓа со црна боја, две нијанси на сина и корално црвена боја на маската, па така која и да ја одберете нема да згрешите.


Дисплеј

Huawei P Smart 2019 како што веќе наведовме има огромен 6.21 инчен дисплеј со LTSP IPS LCD технологија, модерен размер од 19.5:9 кој е доста издолжен, импресивна резолуција од 1080 x 2340 пиксели, како и солидна густина на сликата од 415 ppi. Дисплејот на Huawei P Smart 2019 има одлична видливост од поостри агли, додека пак на отворено ќе немате никакви проблеми со рефлексија на екранот од сонцето. Дисплејот нуди живописни бои со прецизен контраст без поголема сатурација, а одличен е за преглед на видео содржини.



Перформанси

Huawei кај P Smart 2019 навистина се потрудил да не ги разочара своите корисници и затоа обезбедил одличен хардвер кој успешно ги завршува сите модерни задачи. Huawei P Smart 2019 работи со осум-јадрен Hisilicon Kirin 710 (12 nm) процесор со одличен потенцијал, има 3 GB RAM, избор од 32 и 64 GB вградена меморија, слот за microSD за дополнителни 512 GB, се поврзува со обичен microUSB 2.0 конектор. Нема кладично брзо полнење на батеријата, но пплначпѕ доаѓа со 5V/2A 10W моќност на влез и излез на енергија, па така ќе немате никакви проблеми. Батеријата има одличен капацитет од 3400 mAh што е над просекот. Скенерот за отпечатоци е сместен на задната страна и е доста респонзивен и лесен за лоцирање.



Камера

Huawei P Smart 2019 нуди одлична дуо главна камера на задната страна со сензор од 13 MP, со f/1.8 и PDAF како и помошен 2 MP сензор за длабочина. Камерара располага со LED блиц, HDR, panorama, како и видео снимање од 1080p HD резолуција при стабилни 30 фрејма во секунда. Селфи камерата е поставена на предната страна во вид на капка засек на врвот со што не прави поголема дистракција во самиот дизајн. Таа има избор од 16 MP или 8 MP со f/2.0 апаратура и располага со HDR и 1080p HD видео снимање. Главните адути во камерата на Huawei P Smart 2019 доѓаат дополнително и од софтверот за вештачка интелигенција кој перфектно ги обработува сликите и видеата, а нуди и голем број на алатки со ефекти како и свежи режими на сликање и снимање кои ќе ви обезбедат голема креативност и секако забава.

Слика направена ноќе со Huawei P Smart 2019​

Заклучок

Huawei P Smart 2019 може да се гледа како одличен смартфон од повисоката класа наменет за тинејџери и студенти бидејќи има значително пониска цена од премиум моделите, а нуди доста моќни перформанси кои ќе им бидат од голема корист на сите. Huawei P Smart 2019 воопшто не е скромен смартфон во ниту една категорија и ги исполнува сите модерни критериуми. Што мислите вие за Huawei P Smart 2019 и дали би му дале шанса?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm