Samsung Galaxy M10 - За мераклии на огромни екрани

Објавено на 28.02.2019 во Рецензија


Samsung Galaxy M10 - За мераклии на огромни екрани

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.0


Камера
8.0


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Пониска цена

 

Negatives:

 

- Нема NFC 



Целата рецензија

Samsung неодамна ја лансираше новата M серија како дел од долгорочната стратегија за промена на понудата во основната и средната класа каде беше преплавен со стотина серии како Prime, Core, Grand, Emerge, On и уште многу други. Сега со фокусирање на неколку препознатлива серии се подобри квалитетот, а делумно се намали цената. Во овој контекст доаѓа Samsung Galaxy M10 кој наликува на Prime или Grand уред, но секако со многу новитети кои го прават доста атрактивен.

Дизајн

Како што веќе споменавме Samsung Galaxy M10 барем на задната страна има доста ретро изглед од времето на генеричните пластични модели на Samsung. Секако тоа не е обесхрабрување бидејќи предната страна навистина изгледа модерно, со засек на Full дисплејот и одлична искористеност на површината со минимална рамка околу екранот. Samsung Galaxy M10 е доста тенок смартфон со 7.7 mm на профилот што значи дека е многу практичен за носење и држење во раката, како и чување во џебот или ташната. Овој уред може да го најдете со сина и црна боја на маската.

Дисплеј

Samsung Galaxy M10 доаѓа со огромен 6,2 инчен Infinity дисплеј со PLS TFT технологија, како и солидна HD резолуција од 720 x 1520 пиксели. Дисплејот има размер во висина од 19:9, што резултира со нешто поскромни 270 ppi густина на сликата. На самиот врв на дисплејот на Samsung Galaxy M10 е вметната селфи камерата во дизајнот во вид на капка, со што засекот не одзема многу простор и не попречува во генералната видливост.

Перформанси

Samsung Galaxy M10 е досега еден од најмоќните смартфони на Samsung кој работи со напредниот осум-јадрен Exynos 7870 Octa процесор изработен во 14 nm процес што е една генерација зад процесорите искористени во премиум смартфоните на корејскиот бренд кои имаат процесори изработени со 7nm процес. Исто така Samsung Galaxy M10 може да се пофали со 3 GB RAM за непречен мултитаскинг и 32 GB основна вградена меморија која може да се надополни преку micrSD картичка. Уредот користи прилично голема батерија со капацитет од 3400 mAh што ветува повеќе од еден ден активна работа со едно полнење. Сепак, Samsung Galaxy M10 нема USB Type C конектор, па така не ги исполнува техничките стандарди за супер брзо полнење на батеријата. Другиот компромис е што не поседува NFC чип, па така на пример Galaxy M10 нема да може да го користите за мобилни плаќања.

Камера

Многу подобра е ситуацијата со мултимедијата благодарение на двојната главна камера на задната страна составена од сензор со 13 мегапиксели, f/1.9 големина на леќа и ширина од 1/3.1 инчи, со 1.12µm големина на пиксел, како и фазна детекција на автофокус, додека пак вториот сензор има 5 мегапиксели за длабочина со различен фокален аспект на леќата од f/2.2, ширина од 1/5 инчи и 1.12µm големина на пиксел. Селфи камерата е нешто поскромна но, доволно квалитетна со сензор од 5 мегапиксели со поддршка за HDR и f/2.0 големина на леќата.

Заклучок

Samsung Galaxy M10 е типичен смартфон на корејскиот бренд во основната средна класа, од една средната класа. Од една страна нуди доверливи перформанси, но од друга страна за да се одржи нешто пониска цена не нуди нешто спектакуларно плус што веднаш би ве привлекло. Секако одлични адути на Galaxy M10 се огромниот дисплеј, супер брзиот дисплеј и главната камера која е на ниво, но со NFC чип и USB Type C конектор понудата навистина би била комплетна. Што мислите вие за Samsung Galaxy M10?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm