Sony Xperia L3 - Има ли доволно промени?

Објавено на 13.03.2019 во Рецензија


Sony Xperia L3 - Има ли доволно промени?

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.1


Наши забелешки

Positives:

 

Ниска цена

 

Negatives:

 

Лоша искористеност на предна површина



Целата рецензија

Sony Mobile годинава како ретко кога посветува повеќе внимание на основната класа лансирајќи нов смартфон кој може да се носи со евтините модели на кинеските брендови со тоа што цената ја поставува на прифатливо ниво. Новиот Sony Xperia L3 треба да ги задоволи потребите на повеќе корисници во почетната категорија, па затоа во продолжение подетално ќе ги разгледаме неговите предности, како и недостатоци.

Дизајн

Естетиката на Sony секогаш се труди да даде впечатливи електронски уреди кои ќе го надополнат стилот на корисникот и ќе му достават чувство на задоволство од визуелната презентација. Sony и прифаќајќи го новиот тренд на минимални рамки околу екранот успева да внесе сопствен белег и кај Sony Xperia L3. Овој смартфон единствено може да му се забележи што има поголем профил од 8.9 милиметри, но тоа е во функција на поголема батерија. Смартфонот изгледа многу елегантно со златната боја на маската, а исто така привлечни се сребрената и црната боја кои му даваат покласичен изглед. Иако телото на Xperia L3 е издолжено и натаму оставен е голем простор над и под екранот кој е неупотреблив и само ги прекрива внатрешните компоненти.

Дисплеј

Како што веќе наведовме Sony Xperia L3 доаѓа со 5,7 инчен LCD панел со модерен сразмер од 19,5:9 но, тој не е максимално искористен за да ја прекрие целосно предната површина, па така има празни делови со црна лента исто како кај смартфоните на Sony од претходните генерации. Sony Xperia L3 располага со резолуција од 720 х 1570 пиксели, што резултира со густина на сликата од 303 ppi, па така видливоста е прилично добра со убаво изразени бои и контраст, а нема поголеми проблеми со видливоста на отворено под директна сончева рефлексија врз екранот.

Перформанси

Sony Xperia L3 како уред од основната класа нема преголеми амбиции да донесе некоја екстра моќ во хардверот, па така и поради пониската цена се потпира на моќта на осум-јадрениот Mediatek Hello P22 процесор со Cortex A53 технологија и работен такт од 2.0 GHx. Смартфонот исто така има 3 GB RAM и 32 GB основна вградена меморија што е во рамки на просекот во класата. Нешта и подобра е ситуацијата со батеријата од 3300 mAh која ќе може брзо да ја полните, како и USB Type C конекторот кој овозможува поголеми брзини. Од додатоците присутен е скенер за отпечатоци од прсти сместен странично кој не е најидеално решение но, е доста прецизен и брзо ќе се навикнете на позиционираноста. Изненадува фактот што Xperia L3 кој е најтазе смартфон доаѓа со застарената верзија на оперативниот систем Android 8.0 Oreo наместо со поновиот Android 9.0 Pie, но можеби наскоро ќе има софтверска надградба.

Камера

Sony и тука се потруди да ја задржи репутацијата како бренд со квалитетни мобилни камери. Кај Sony Xperia L3 применет е концептот на дуо камера составен од главен сензор со 13 мегапиксели и широка леќа од 26 милиметри, 1,12 микрони, PDAF но со помала решетка од f/2.2, како и дополнителен сензор за длабочина од 2 мегапиксели.  Селфи камерата на Xperia L3 е доволно добра со 8 мегапиксели, 24 милиметри широчина на леќа и f/2.0 отвор, како и можност за снимање на Full HD видеа.

Заклучок

Sony Mobile навистина се обидел со Xperia L3 моделот да направи достапен смартфон во основната класа со достојни перформанси и прифатлива цена која е одраз на реномето на брендот. Забележливо е дека и покрај тоа што е употребен модерен размер дизајнот и натаму не е идеално прилагоден на новите стандарди од аспект на искористеност на предната површина на екранот. Во суштина Xperia L3 е функционален смартфон со ефикасен софтвер, камери и батерија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm