Sony Xperia 10 - Смартфон во ера на „засекот“

Објавено на 16.03.2019 во Рецензија


Sony Xperia 10 - Смартфон во ера на „засекот“

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.5


Камера
8.5


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Дисплеј без засек

 

Negatives:

 

- Помал капацитет на батерија



Целата рецензија

Sony Mobile во обид да остане компетитивен на суровиот пазар на смартфони се реши да лансира нова серија во високата средна класа со новите Xperia 10 смартфони кои ги карактеризира уникатниот размер на екранот од 21:9, односно популарно наречен CinemaWide со што дисплејот е прилично издолжен во висина. Xperia 10 е основниот модел, а друштво му прави поголемиот Plus смартфон кој има уште поголем дисплеј. Сега, ќе се фокусираме на Sony Xperia 10 и неговите потенцијали како креативен смартфон со прифатлива цена и добро вклопени компоненти.

Дизајн

Sony Mobile и по шест години од лансирањето на Sony Xperia Z и натаму продолжува да го применува препознатливиот дизајнерски јазик на надворешните страни на куќиштето, особено во делот на страните каде е сместено главното копче за вклучување и заклучување, како и вградениот скенер за отпечатоци. Слична естетика кај Sony Xperia 10 е видлива на сите рабови, со тоа што овој пат поради примена на CinemaWide размерот, долната рамка е речиси невидлива, додека пак издолжениот екран мал простор има само на горната лента која се користи за сместување на селфи камерата, сензорите и звучникот. Sony Xperia 10 вообичаено за смартфони на Sony не е премногу тенок со 8,4 милиметри, а тежи околу 160 грама. Sony Xperia 10 доаѓа со многу симпатичен избор на маската со црна, морнарско сина, розева и сребрена боја.

Дисплеј

Како што веќе наведовме еден од главните новитети и адути на Sony Xperia 10 е новиот огромен 6 инчен CinemaWide дисплеј со размер од 21:9 кој оди во висина, додека пак резолуцијата е одлична со 1080 x 2520 пиксели за исполнување на Full HD Plus стандардот. Тоа резултира со 79.4% искористеност на предната површина на смартфонот што и баше не е највисоко бидејќи како што кажавме горната лента е дополнување на екранот и не е искористена со дупка или засек како кај останатите конкуренти, но затоа пак нема да ви го попречува полето на видик без никакви интервенции во самиот екран. Овој размер на висина, големина и резолуција дава густина на сликата од 457 ppi што мора да се признае дека е фантастично, па така нема да имате никакви проблеми со видливоста, изразот на боите и контрастот, како ниту со силна релфлексија на сончева светлина. Дисплејот на Sony Xperia 10 е заштитен со цврстото Corning Gorilla 5 стакло што ќе спречи поголеми гребнатинки и напукнувања.

Перформанси

Sony Xperia 10 не е замислен како еден од најмоќните смартфони на Sony, туку повеќе да одговара на потребите на средната висока класа. Sony Xperia 10 работи со осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 630 (14 nm) процесор кој располага со Cortex-A53 технологија и работен потенцијал од 2.2 GHz, надополнет со вградената графичка карта Adreno 505. Хардверот исто така има голема корист од 3 GB RAM, како и 64 GB основна вградена меморија која може да се надополни преку слотот за microSD со нови 512 GB, но притоа ќе треба да го жртвувате вториот слот за nanoSIM телефонска картичка. Батеријата на Sony Xperia 10 изненадувачки доаѓа со капацитет под 3000 mAh што може да биде меѓу главните недостатоци во хардверот, но затоа пак овозможено е брзо полнење преку Quick Charge 3.0 технологијата со моќност од 18W. Добар адут е и USB Type C 2.0 конекторот кој овозможува брз пренос на податоци и полнење.

Камера

Sony Xperia 10 уште еднаш покажува дека Sony најпосветено работи на развој на сопствените мобилни камери кои всушност потоа се користат и кај многу други брендови. Така и кај Sony Xperia 10 е применета нова апаратура со главен сензор од 13 мегапиксели, f/2.0 леќа, 27mm (широк агол) на леќата, 1/3" инчи на широчина, 1.12µm (микрони) големина на пиксел, PDAF и дополнителен 5 мегапикселен сензор за длабочина со f/2.4 леќа, 22mm (широк агол), 1/4 инчи широчина и 1.4µm (микрони) големина на пиксел. Оваа комбинација на главната камера е прилично квалитетна и овозможува идеално регистрирање на самата сцена, како и многу други ефекти при комбинација на фокусот, преден и заден план, добро детектира светлина ноќе, а снима и HD видеа со [email protected] Селфи камерата со 8 мегапиксели со доволно голема леќа од f/2.0, 24mm (широк агол), 1/4 инчи широчина 1.12µm (микрони) големина на пиксел. 

Заклучок

Sony Xperia 10 на големите пазари е предвидено да се продава по цена од околу 350 евра, што секако не е гаранција дека за истата сума може да го најдете и во Македонија, но отприлика тој ќе биде ценовниот досег. Sony Xperia 10 има иновативен дисплеј кој ќе биде одличен за преглед на мултимедијални содржини без засек или дупка како концепт кој на многумина не им се допаѓа. Поголема наша забелешка е во делот на батеријата со капацитет од само 2870 mAh што се чини како непотребен компромис, додека пак камерата, хардверот и софтверот се во рамки на самата класа и тука нема поголеми изненадувања. Што мислите вие за Sony Xperia 10?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm