Honor 7c: Буџетско-пријателски настроен

Објавено на 31.03.2019 во Рецензија


Honor 7c: Буџетско-пријателски настроен

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
9.5


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

- Голем дисплеј;
- Убав дизајн и квалитетна изработка;
- Ниска цена за овие спецификации;
- Добар интерфејс;
- face unlock;
- microSD мемориска картичка;

 

Negatives:

- Слаби перформанси, но тоа е нормално за вложените пари;



Целата рецензија

Honor 7c е првиот од три нови уреди на брендот од низок ценовен ранг, кој располага со голем 6-инчен дисплеј, Snapdragon 450 процесор, 3/4GB RAM меморија и 32/64GB внатрешна меморија. Тука е двојната камера исто така и батеријата од 3000mAh.

Дизајн и дисплеј

Honor 7c има метално куќиште, од предната страна има добри рамки на куќиштето, но без заби. Заоблените агли и релативно малата тежина прават да ви лежи добро во раката, иако брусениот алуминиум е прилично лизгав. Двојната камера се наоѓа на горниот лев агол, во комплет со блиц, а на средната горна половина, значи на логична позиција, имаме и сензор за отпечатоци на прсти. Квалитетно изработено куќиште, како и физичките копчиња на десниот агол.

Освен брзото и прецизно читање на отпечатоци на прсти, Honor 7c има и face unlock. Ваквата технологија не е на ниво на IR камерите како iPhone X, но препознава 1024 точки од лицето и ги чува во криптиран облик, што значи повисоко ниво на биометриска безбедност во споредба со класичните селфи камери. Honor 7c има 6-инчен дисплеј, сооднос од 18:9, резолуција од 1440 x 720 пиксели, и густина на пиксели од 269 ppi. Приказот на бои е добар и природен, а проблемите нема да ги имате ниту на дневна светлина.

Хардвер

Honor 7c под хауба има Snapdragon 450 процесор, наменет за уреди од низок ценовен ранг, и поради тоа во областа на перформансите не треба да се очекуваат чуда. Уредот во основа има 3GB RAM + 32GB меморија, што ви овозможува добра мултифункционалност со повеќе вклучени апликации одеднаш. Имате и поддршка за microSD мемориска картичка за дополнителна меморија. Батеријата со капацитет од 3000mAh во уредот со реалтивно мала резолуција на екранот и не толку гладен процесор, ветува натпросечна автономија, што е таков случајот, како што очекувавме.

Софтвер

Honor 7c располага со Android 8.0 Oreo софтвер, а врз основа на него е изработен интерфејсот EMUI од Huawei. Главна карактеристика на интерфејсот е тоа што сите апликации ви се наоѓаат на почетниот екран, но може да ги тргнете и на лево или на десно, за да не мора да ви биде се натрупано веднаш ударно од предната страна. Се повеќе станува популарен овој начин за редење на апликациите. EMUI нуди уште една можност што повеќето Android-и ја немаат, а тоа е можноста за подесување на мрежите на иконките на почетните екрани. Така се понудени распоредите од 4×6, 5×6 и 5×5, а вие ја одбирате најдобрата варијанта што ви одговара.

Имате и дополнителни функции за персонализација, односно прилагодувања на ставките според вашите навики и потреби. 

Камера

Двојната камера на задниот панел се состои од сензор со 12MP + 2MP, чија задача е асистенција за добивање на ефект со замаглена позадина (bokeh). Селфи камерата изнесува 8MP. Апликацијата за камерата ви нуди да одберете фото и видео режим, со кратенка да влезете директно во галеријата, да го вклучите блицот, начинот на работа со замаглување на позадината, да вклучите ефекти за разубавување и да се префрлите на предната камера веднаш. 

Меѓутоа, ако сакате да дојдете до останатите начини или поставки, ќе мора да користите гестови, затоа што за нив не постои посебна типка. Со листањето надесно може да одберете HDR режим, панорама, да вклучите филтер, да воведете воден жиг и слично. Со повлекувањето на прстот кон спротивната страна, се отвараат поставките што нудат голем избор на дополнителни можности, како што е изборот за резолуција - 13, 10, 9, 8 или 5MP и сооднсот на страниците на фотографиите 4:3, 1:1 или 18:9. Квалитетот на фотографиите за овој ценовен ранг е добар и очекуван. Во идеални услови имаме голема количина на детали и острина, а боите се природни. 

Заклучок

Honor 7c прилично не изненади што нуди за објективно мал износ на пари, за кои добивате одличен дизајн, квалитетно изработен уред со метално тело и атрактивен ефект со брусена позадина. Имате на располагање сина, црна, златна и црвена боја. 6-инчениот екран дефинитивно ќе им одговара на повеќето корисници, освен на помалиот дел кои изразито бараат помали екрани. Honor 7c генерално нуди добар сооднос на вложеното и добиеното, без оглед на релативно послабиот процесор. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm