Тестирање на евтините кинески телефони - дали се исплаќаат?

Објавено на 16.04.2019 во Рецензија


Тестирање на евтините кинески телефони - дали се исплаќаат?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Кинеските телефони се подобрија со хардвер и софтвер со текот на времето;
- Ниската цена главна предност;

 

Negatives:



Целата рецензија

Цените на премиум телефоните растат, па затота многумина бараат модели што за многу помалку пари нудат слични спецификации, перформанси и функции. Добра вест е што денес може многу лесно да пронајдете и да купите кинески телефон, а изборот е огромен.

Ако одделите малку време да ја разгледате понудата на интернет, многу брзо ќе се опкружите со неверојатни понуди. Од телефони што имаат речиси идентични спецификации како и најновите премиум телефони, но чинат многу помалку, па се до моделите што нудат никогаш невидени функции досега. Се исплати ли да купите кинески телефон? Еден новинар одлучил да истражува два месеца, а еве како сето тоа изгледало. 

Во првите неколку недели го тестирал секој телефон што ќе му дојде под рака. Многу од телефоните го изненадиле и на крај успеал да дојде до одговорот на прашањето - како изгледа користењето на кинеските телефони и дали се исплати да купите?

Ништо не може да го спречи Android

Првото нешто на кое помислувате кога имате евтин телефон во рака е дали ќе работи како желка? Поранешните искуства беа многу проблематични, оти кинеските производители сакаат да додадат многу опции и функции и покрај регуларниот Android оперативен систем, што значително го забавува. Но, приказната сега е друга. Минатите години Android стигна до точка што е доволно стабиле да излезе на крај со комплексните задачи.

Така и само користењето на кинеските телефони е многу попријатно отколку што бил порано таков случајот. Може лесно да најдете евтин кинески бренд - телефон со два дисплеја, кој дефинитивно изгледа фасцинантно и функционира беспрекорно. Се разбира, голем дел од заслугата за корисничкиот интерфејс оди и кон софтверските дизајнери, кои станале повешти со текот на годините. Тука е и напредокот на самите чипови. Повеќето телефони со Snapdragon процесори се веќе вистински ѕверови.

Траење на батеријата

Неколку модели без проблем успеаваат да издржат два дена без полнење и сите се со поддршка за брзо полнење.

Безбедност и контрола на апликациите

Речиси секој кинески телефон веќе има високо ниво на безбедност и поседува барем една систем апликација за убивање на апликациите што ги трошат ресурсите, кои не ги користите одреден период. Системот секогаш може да те извести доколку специфичната апликација троши повеќе енергија од она што телефонот го смета за нормално. Ова има и лоша страна, затоа што тие системи блокираат и бројни нотификации што ни се потребни, па дури и алармите.

Тоа бара посебно чачкање низ апликациите, со цел да се погрижиме за апликациите што ни се потребни да бидат оставени на мир. 

Спремете се за мало истражување

Купувањето на скапи телефони преку интернет во првите неколку денови дефинтиивно нема да ви овозможи удобно користење. За разлика од регуларните мејнстрим телефони, кои совршено работат на нашиот пазар, на интернет често купуваме модели наменети за продажба во Кина и Индија. Тоа значи дека веројатно нема да имате инсталиран Google Play, па ќе треба рачно да го симнете и да го активирате Google Framework на уредот. Истиот уред можеби ќе блокира било какви ланчери што ќе ги преземете од Google Play, а можеби ќе имате и одредена контрола што нема да ви се допадне. За сето ова постои решение, но бара да бидете проактивни и сами да го побарате на интернет. 

Заклучок

Ако се чувствувате авантуристички и ја познавате технологијата, а не ви пречи малку да експериментирате, веројатно со овие телефони добро ќе се забавувате. Ако нешто тргне наопаку, апликацијата ќе престане да функционира или ќе се појави незгоден црв, препуштени сте самите на себеси и знаењето на другите Android фанови на интернет. Ако сте спремни на овие ризици и да потрошите одредено време на фино подесување на телефонот, на крај може да завршите со уред што совршено работи и изгледа уникатно.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm