Samsung Galaxy J4+ (2018): Не можат да му одолеат младите и старите генерации

Објавено на 02.05.2019 во Рецензија


Samsung Galaxy J4+ (2018): Не можат да му одолеат младите и старите генерации

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Добра батерија;
- Солидна камера;
- Ниска цена;
- Неодолив дизајн;
- Голем дисплеј:

 

Negatives:

- Послаб процесор;
 



Целата рецензија

Навикнавме некако дека J и A серијата на Samsung Galaxy смартфоните оди од помали кон поголеми екрани, како што бројот се зголемува. Овогодинешниот J4+ е дефинитивно интересен и супер евтин смартфон, кој чини од 9 до 10 илјади денари во дилерските салони. Неговиот огромен екран од 6 инчи го прави атрактивен за помладите генерации и постарите, кои не можат убаво да гледаат мали букви. 

Дизајн и дисплеј

Galaxy J4+ го има во црна, златна и розева боја. Изработен е од стакло и се одликува со атрактивна страклена површина, но има и пластика. Дефинитивно е блескав и лесно ги привлекува купувачите. Сите телефони на Samsung имаат сличен изглед, а тоа важи и за екраните. Всушност, J4+ изгледа како J6+ со голем IPS дисплеј, во стилот на Infinity дисплеј. Големината изнесува 6 инчи, а резолуцијата е 1480 x 720 пиксели, додека густина на пиксели изнесува 274 PPI.

Хардвер

Samsung Galaxy J4+ под хауба има Snapdragon 425 процесор, кој ќе ви врши добра работа со четири Cortex-A53 јадра што функционираат на фреквенција од 1.4 GHz. Тоа не звучи реално и не е, а лошата ситуација придонесува и кон количината на системска меморија што е достапна. Во J4+ моделот ќе имаме и 2GB RAM меморија, што е малку за денешните стандарди. Графичкиот процесор е Adreno 308, кој ќе биде доволен за нормалните задачи, имате 32GB внатрешна меморија и 2GB RAM меморија.

Софтвер

Samsung испорачува Android 8.1 Oreo оперативен систем во овој модел со Samsung Experience 9.5 кориснички интерфејс. Се уште немаме најава за надградба со Android 9 Pie OS, но каде и да е ќе биде и тоа. Голема предност е користењето на истиот оперативен систем кај различните класи на смартфони и унифицирањето на искуството.

На тој начин на ниту еден модел на смартфон не му недостасува искуството што го нудат поскапите модели. На пример, J серијата има IPS екрани, па така Samsung не става Always-On Display кај нив, кој неодамна премина во стандард кај моделите од високата класа, а од неодамна и кај A серијата.

Батерија

Samsung секогаш брилира кога станува збор за сегментот на батеријата.Батеријата е зголемена на 3300mAh (со околу 3000mAh или дури и помали, колку што главно изнесуваше капацитетот во раните J модели), додека сјајните резултати не изостануваат. J4+ може да функционира интензивно со над 15-16 часа работа на YouTube репродукција и тоа е дефинтиивно одличен резултат.

Камера

Камерата е многу важна ставка во сите категории на телефони и без оглед на тоа што купувачите во пониски категории не сакаат да издвојуваат премногу, тие повторно сакаат солидна и употреблива камера, која ќе им овозможи да креираат пристојни снимки, со цел секогаш да имаат драги спомени со себе. 

Имате многу различни режими за снимање за ноќно и денско време, HDR режимот е достапен во менито. Главната задна камера изнесува 13 мегапиксели, која ја има и кај J6+ моделот. J4+ има отвор на бленда од f/1.9, што навистина не е лошо. Тука е и LED блицот, а треба да се каже и дека е имплементиран стандарден автофокус, така што телефонот не користи PDAF, ласерски или било каков механизам. Камерата дефинитивно има солиден квалитет со слики со детали и секогаш кога ќе ме праша некој клиент за евтин Samsung смартфон, веднаш му го препорачувам овој модел.

Заклучок

Интересно е да се забележи дека понекогаш слабиот телефон може да остави и голем впечаток, кој врши одлична работа, само што е скратен од различните сензори и други напредни перформанси. J6+ чини повеќе затоа што има 8 јадрен процесор. Samsung Galaxy J4+ е дефинитивно солидна понуда на смартфон, дизајниран за просечни корисници, што не сакаат скап и брз, напреден уред. Идеален е за помладите и постарите генерации. Неговата пластика е стандардна, но остава елегантен впечаток. Размислете добро за овој модел. Ние дигаме два прста.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm