Кинезите го враќаат ударот, iPhone го заменуваат со Huawei

Објавено на 26.05.2019 во Рецензија


Кинезите го враќаат ударот, iPhone го заменуваат со Huawei

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Потенцијален пораст на продажбата на Huawei на домашен пазар;

 

Negatives:

- Зголемување на царините за iPhone;
- Намалување на продажбата на iPhone на кинески пазар;



Целата рецензија

На кинеските социјални мрежи почнаа да се шират иницијативи и објави во стилот на "Префрлете се на Huawei" и се повеќе од луѓето сметаат дека нивна патриотска должност е да купат кинески телефон, наместо iPhone. Трговската војна што ја започна Доналд Трамп го разбуди патриотизмот во Кинезите и покрај тоа што во последните неколку месеци читаме дека се повеќе корисници на смартфони во најмногубројната земја купуваат смартфони од кинеските компании, каде најпопуларен е Huawei

Освен "Префрлете се на Huawei", кинеските компании нудат и субвенции за купување на Huawei телефоните. Таа објава најмногу кружи на интернет во последните неколку денови, откако Google им го ограничи пристапот на Android и аналитичарите веруваат дека може да очекуваме дека се поголем е бројот на Кинезите што купуваат Huawei. наместо iPhone

Една од колатералните жртви на забраната од Трамп е токму Apple, кој во Кина заработува милијарди долари, иако неговиот удел по продажба на смартфони е помал од 10%, кој реализира дури 20% од својот приход и профит на овој пазар. Масовниот кинески палец надолу, би можел да му зададе нови главоболки на Apple и на Тим Кук.

Поддршка за кинеските брендови

Се повеќе Кинези чувствуваат дека поради притисок врз нивната земја, мора да покажат почит и поддршка врз кинеските брендови, а каква е моменталната ситуација најдобро се кажува по примерот на работниците во кинескиот државен телеком, кој за South China Morning Post изјави дека денес на луѓето им е непријатно да извадат Apple телефон од џебот, затоа што сите директори имаат Huawei телефони.

Моментално е рано да се каже како ситуацијата ќе се движи во текот на следните месеци. Apple би можел да изгуби поголем дел од пазарот и заработката, но интересно е што дел од луѓето не повикуваат на бојкот за Apple, туку кон долгогодишните корисници на iPhone да продолжат да го користат омилениот телефон како секундарен уред, додека новиот Huawei смартфон сега им е примарен телефон. Дури и генералниот директор Ren Zhengfei во интервју за една кинеска телевизија го пофали Apple и екосистемот што го развија и истканува дека користи iPhone кога излегува надвор од земјата, а им изразува и благодарност на американските компании и консултантите што им помогнале при успонот на компанијата.

Сепак, повеќето аналитичари се согласуваат дека со овој политички натпревар еден од губитниците ќе биде Apple. Уште од порано се зборуваше дека поради новите царини цените за производство на iPhone ќе пораснат. Тој трошок Apple би го префрлил на себе, затоа што нивните телефони и така се скапи и прашање е колку би паднала побарувачката. Изгледа дека се помалку Кинези во иднина ќе купуваат мобилни уреди со логото на јаболкото.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm