Google Maps: Вистинско време за да го проучите пред да одите на одмор

Објавено на 01.06.2019 во Рецензија


Google Maps: Вистинско време за да го проучите пред да одите на одмор

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Можност за користење на апликацијата и без пристап на интернет во странство;

 

Negatives:

- Кога ќе се стемни, апликацијата не функционира соодветно;



Целата рецензија

Признајте, кога последен пат посегнавте по географска карта? Денес го имаме цел свет на дланка благодарение на дигиталните мапи и апликации за навигација. Ако користите Google Maps веројатно веќе сте запознати со можностите што ги нуди таа апликација. Притоа не мислиме само на деталните упатства и информации за гужвите на патиштата.

Сигурни ли сте дека ги знаете сите „тајни“ на Google Maps? Пред да го почнете вашето следно патување или годишен одмор, прочитајте ги нашите совети и олеснете го вашето снаоѓање во непознат град.

Предвидете го метежот на патиштата

Google веќе со години ја има опцијата за прикажување на моменталната состојба на сообраќајниците во сите поголеми градови. Така ќе ви сигнализира ако некој на некој пат имате застој во сообраќајот или работа на патот. Но, знаете ли дека можете да „погледнете“ и во иднината? Конкретно, може да видите каква ќе биде состојбата (ова не е 100% точно) за 1 или 2 часа, или дури и неколку дена однапред. Google постојано ја следи состојбата на патиштата и креира одредени заклучоци. Така може да предвиди и кога на некоја улица веројатно ќе има поголем број на автмобили и поголема шанса за застој.

Доволно е во апликацијата, за време на барањето на упатства, да го одберете паѓачкото мени со клик на трите точки до „Your location“ и потоа да го поставите времето на заминување или враќање. Google Maps ќе го коригира времето и предложената рута, во зависност од оптеретувањето на поединечни улици и така ќе ви помогне да ја избегнете гужвата.

Создадете сопствен водич

Сигурно ви се случило да одите на некое место каде што се напивте многу убаво кафе и се најадовте добро. Но, кога зборувавте подоцна на пријателите за него, не можете да се сетите ниту како се вика, ниту каде точно се наоѓа? Google Maps може да ви помогне да избегнете такви ситуации и да создадете сопствен водич во некој град.

Доволно е, кога сте на таа локација, во Google Maps да го одберете името на локалот или локацијата што сакате да ја одбележите, и да кликнете на знаменцето. Ќе ви излезат опции во кое местото може да го означите со ѕвездичка, срценце или знаме. Кога следниот пат ќе посакате да го посетите тоа место, само во апликацијата одберете Your places и ќе ви се појави списокот со означени апликации.

Дознајте повеќе за рутата по која постојано патувате

Ако ја откриете својата деловна и домашна локација на Google Maps, тој ќе ви открие повеќе за патот низ којшто постојано минувате. Во Your Places внесете ги своите локации и потоа кликнете на копчето Commute за да дознаете повеќе за состојбата на патиштата, но и евентуалните работни зафати, застои или интересни места во близина.

Заштедете мегабајти на непотребни карти

Кога патувате, немате секаде стабилна интернет врска преку која би можеле да пристапите на Google Maps. Но, тој проблем може да го решите со планирање однапред. Google Maps ви овозможува на својот смартфон да преземете мапа од одредена област и да ја користите и без поврзување на интернет. Имајте на ум само дека во "offline" режимот не функционира пребарувањето, а нема ниту актуелни податоци за состојбата во сообраќајот.

За преземете мапа на својот уред во Google Maps внесете ја посакуваната локација, отворете го менито и одберете Offline maps, па одберете Select your own map. На екранот ќе ви излезе областа што ќе биде преземена и колку мегабајти простор ви се потребни за неа. На истото место може да ги погледнете и останатите карти што порано сте ги преземале и до кога важат. 

Проверете кога нема гужва во ресторан

За повеќето ресторани што може да ги пронајдете на Google и Google Maps може да го дознаете и времето во кое имаат најголема гужва. Тоа е многу корисно ако не сте резервирале однапред место. Откако ќе го пронајдете ресторанот што ви одговара, отворете повеќе информации за таа локација. Не само што ќе добиете информации за работното време, понудата, па дури и за можностите за повикување и резервација. Google Maps ќе ви понуди и графа што ќе покажува кога е најголемата гужва на таа локација. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm