Samsung Focus Flash

Објавено на 07.11.2011 во Рецензија



Samsung Focus Flash

Focus Flash е малку необичен телефон. Се разбира, го има Mango и Snapdragon процесор од 1.4GHz, но неговиот 3,7 инчен Super AMOLED дисплеј и ниската цена баш и не велат „купи ме“.

Всушност, уште од кога беше најавен Flash долго време живешее во сенката на неговиот поголем брат (буквално и фигуративно) Focus S.

Но, земајќи ги предвид многу сличности помеѓу двата телефони, дали е правилно да се каже дека Flash ќе се покаже како борец? Дознајте сами.

Карактеристики

  • Мрежа: GSM Quad-band:850/900/1800/1900MHz; UMTS Tri-band:850/1900/2100MHz
  • ОS: Windows Phone 7
  • Процесор: Qualcomm на 1GHz
  • Димензии: 116.1 x 58.7 x 11 и тежи 116 грама
  • Меморија: Внатрешна меморија од 8GB, RAM меморија: 512MB
  • Дисплеј: 3,7 Super AMOLED дисплеј со резолуција од 800 x 480 пиксели
  • Камера: Главна: камера од 5 мегапиксели и блиц,
  • Предна: камера од 1,3 мегапиксели  за видео повици
  • Аудио поддршка: Музички плеер. Поддржани формати: ACC, AMRNB,MP3
  • Видео поддршка: Видео плеер. Поддржани формати: 3GP, AVI, MP4, WMV
  • Office пакет: Microsoft® Office
  • Поврзување: Bluetooth, WiFi, GPS
  • Батерија: До 300 часа во мирување, до 7 часа на разговор

Дизајн

Focus Flash убаво „лежи“ на рака. Иако во поголем дел е пластичен, има пријатен дизајн и голема темнно-сива метална облога од задната страна која ви дава чувство дека колку-толку се работи за квалитетен уред, значи се доближува кон Focus S.

Иако не е најтенкиот телефон на пазарот, сепак дебелеината од 10 мм се солидна мерка за да го стави во категорија на компакти телефони кој добро лежи на рака. За тоа ќе се погрижи и споменатата метална површина од задната страна на телефонот, а веднаш над неа се наоѓа камерата од 5 мегапиксели со блиц.

Копчињата или приклучоци има на сите четири страни од телефонот. На врвот има 3,5 мм аудио приклучок, додека на дното се наоаѓа „домот“ на microUSB  приклучокот – кој во исто време служи и за полнење и за пренос на податоци.

На левата страна се наоѓаат копчињата за звукот кои, изненадувачки, но се навистина меки и лесни за притискање. Истото може да се каже и за копчето за вклучување од десната страна, а тука некаде ќе го сретнете и копчето за камерата.



На предната страна од телефонот се наоѓа и триото копчиња. Физичкото копче Windows е лесно за притискање и е опкружено со копчињата пребарувај и назад, но тие се копчиња на допир кои се доста чувствителни на допир – (доста е само да притиснете некаде во близина на копчето за пребарување и веднаш се уклучува пребарувачот Bing).

Сепак, веројатно најмногу ќе имате контакт со дисплејот. Тој изнесува 3,7 инча и нуди резолуција од само 800 x 480 пиксели, што и не е баш за пофалба. Но, благодарение на убавата графика и јасни имиџи на Windows Phone 7 тоа и нема да дојде толку до израз.

Но, она што на многумина можеби ќе им го „расипе филмот“ е внатрешната меморија од само 8GB, која за жал нема можност за проширување преку мемориска картичка.

Перформанси и батерија

За брзината кај овој телефон со Mango се грижи едно-јадрениот процесор Snapdragon со брзина од 1.4GHz. Графичката картичка Adreno 205  се грижи интефејсот Metro да биде личен пред очите на корисникот.

Релативно малата батерија од 1,500mAh не е нешто посебно, но за смартфон од овој калибар и не е баш лоша. На тестовите издржа цел ден „малтретирање“, значи испитување на сите опции, постојана работа на телефонот која опфаќаше и пребарување на интернет, фотографирање, инсталирање на апликации, гледање видео клипови и сл.

Камера

Камерата од 5 мегапиксели си ја врши основната работа. Добро се покажува при фотографирање на дневна светлина, правејќи фотографии со добар контраст и со живи детали.



Но, вистинските ентузијасти за сликање може да се разочараат кога ќе треба да се прават фотографии при не толку осветелна средина. За жал, тука не ви помога ниту блицот кој само ги преосветлува најблиските предмети, што само може да ви ја упропасти фотографијата. Исто така, камерата немаше баш некој успех со фокусот врз лицата и проблемите.

Предната камера од 1,3 мегапиксели е добра за некој неформален видео повик, но и тука, ако се обидете да направите некоја фотографија од вас, би ви препорачале да не ја ставате за насловна фотографија на некој од профилите по социјалните мрежи.

Видео

Каква камера – такво видео. Иако камерата, на проспект, прави видео клипови со резолуција од 720p, резултатите се разочарувачки (и во однос на квалитет на фотографиите и во аудио делот).

Чудно, но како Samsung да сакале целосно да ве одвикнат од користењето на камерата па дури не се потрудиле ниту специјалното копче за камерата да го направат како што треба. Сите други копчиња на телефонот се меки и лесни за притискање, само ова е тврдо, го нема оној интересен звук „клик“ и дава многу отпор при фотографирање.

Плус, за разлика од ваквите копчиња кај конкуренцијата, е многу бавен и при активирање на камерата и при фотографирање.

Софтвер

На софтверски план нема некои поголеми промени. Ако сте го користеле Mango или сте читале за него – тоа е тоа.

Тука е една од работите која ни се доапаѓа кај втората верзија на системот од гигантот Microsoft, полето за известувања.



Но, другите работи се исти. Нема некои промени кај апликациите. Samsung си носи свои апликации како познатата Samsung Now. Оваа апликација претставува агрегатор на вести и временски информации и ги прикажува момнеталната температура и услови на домашниот екран.

Исто така, интересна апликација е Samsung Photo Studio и Ma Bell. Првата апликациоја ви овозможува да додавате малку ретро ефекти на фотографиите и да правите панорамски фотографии.

AT&T Navigator е GPS апликација, додека U-verse апликацијата е одличен ќе ви послужи за гледање на ТВ канали.

Заклучок

Focus Flash нема да се разграба веднаш кога ќе стаса во понудите  кај некој од нашите оператори. Едноставно, неговите перформанси нема да го привлечат вниманието на хардкор технолошката популација.

Дисплејот, иако не е нешто да паднете во несвес од неговата резолуција, е  јасен и убав кој прикажува убави бои, и што е уште поинтересно, некако е многу убаво искомбиниран со Mango и процесорот од 1.4GHz – од една страна процесорот е солиден, од друга страна Mango и не бара кој знае какви перформанси – значи одлична комбинација.



Фактички, Focus Flash  е смартфон за оние корисници кои не очекуваат од својот телефон кој знае што, едноставно си проверуваат емаил, си сурфаат, си ги проверуваат социјалните мрежи, „ало-ало“ и толку.

Иако ќе треба да прогледате низ прсти поради слабата внатрешна меморија и лошата камера, сепак ниската цена и удобноста во рака може и ќе ве убедат тоа да биде следниот ваш телефон.

Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: