BlackBerry Curve 9380: Не е она што го очекувате

Објавено на 03.01.2012 во Рецензија



BlackBerry Curve 9380: Не е она што го очекувате

Вовед
 
BlackBerry Curve 9380 е првиот Curve смартфон наRIM со екран на допир. Телефоните од Curve серијата обично се евтини телефони. Истото важи и за 9380, кој има улога корисниците кои сакаат евтин смартфон со екран на допир, но и BB OS 7.
 
Новиот Curve 9380 е всушност „намален“ Torch 9860 – има послаб процесор и помал дисплеј. И двата телефони се слични, но Curve 9380 е доста поевтин. Ајде да видиме што ни носи тој:
 
Предности
 
·         Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
·         3.2 LCD екран со HVGA резолуција од 360 x 480пиксели
·         Едно-јадрен процесор на 800MHz и 512MB RAM меморија
·         BlackBerry OS v7
·         Камера од 5 мегапиксели со фиксен фокус и блиц
·         microUSB port(плус полнење) и Bluetooth 
·         вградена меморија до150 МB
·         MicroSD мемориска картичка од 2GB 
·         Wi-Fi 802.11 b/g/n
·         GPS применик со BlackBerry maps
·         Оптички trackpad
·         Вграден accelerometer и сензор за близина
·         Стандарден 3,5 мм аудио
·         Поддршка за многу видео формати
·         Паметно и гласовно бирање
·         Брзо подигнување на системот


 
Недостатоци
 
·         Нема физичка QWERTY тастатура
·         Нема видео повици и предна камера
·         Нема Flash поддршка во пребарувачот
·         Нема FM радио
·         Слаб аудио квалитет
 

Што добивате од кутијата
 
BlackBerry Curve 9380 доаѓа со стандардна опрема - USB кабел, полнач, слушалки и MicroSD мемориска картичка од 2GB.
 
Дизајн и дисплеј
 

BlackBerry Curve 9380 навистина личи на Torch 9860. Благодарение на неговиот 3.2 дисплеј, новиот Curve е доста компактен – со димензии од 109 x 60 x 11.2 mm, а тежи само 98 грама. Ниската тежина се должи на целосната изработка од пластика, без какви било метални површини.
Поголемиот дел од напред е заземен од 3,2 HVGA инчниот екран на допир. Тој не е меѓу најдобрите екрано, но дава доста пристојна слика – живи бои и одличен контраст, одлични агли на гледање и контра-сончева рефлексија.
 
Под дисплејот, се наоѓаат типичните копчиња на BlackBerry за навигација – копчињата за повик, копчињата Мени и Назад. Од левата страна е единствениот MicroUSB приклучок за полнење и пренос на податоци.
 
Копчињата за контрола на звукот ќе ги најдете на десната страна и копче „mute“ меѓу нив. Веднаш до нив е копче за пристап до камерата, но може да му се промени функцијата по желба.На врвот од телефонот се наоѓа копчето за заклучување на телефонот како и аудио приклучокот.


 
Интерфејс
 
Иако се работи за големина од само 3,2 инчна, BB OS 7 е добро прилагоден на него и не покажува знаци на растегнување или губење пиксели.
 
7-цата е последната верзија на овој OS, пред компанијата да се префрли на QNX. Оваа верзија не носи некои драстични промени, освен NFC и HD video поддршката која вреди да се спомене. Но, видете сами за што станува збор.



BlackBerry OS 7 личи како да е инспириран од системот на таблетот Playbook. Тоа најмногу доаѓа до израз кај новиот изглед на иконите, но другото е горе-долу исто.
 
На лентата на врвот од основниот екран се наоѓаат вирутелните копчиња кои ви дозволуваат брз пристап до Wi-Fi, NFC и Bluetooth опциите, а исто така имате и пристап до алармот и менито со опции.
 
До пропуштените настани, - SMS, email или пропуштени повици, - може да се дојде со притискање на полето помеѓу иконите за пребарување и профил.

 
Обична галерија
 
Галеријата се нема променето од 6-тата верзија на системот наваму, што значи доста едноставна. 
 
Пребарувањето низ фотографиите е брзо, исто како и зголемувањето со прсти. Задржувањето на допирот врз некоја слика ќе ви овозможи пристап до кратенките како праќање, копирање и реименување. А, исто така, имате можност секоја слика да ја направите слика за контакт или позадина.

 
Музички плеер
 
RIM тука ја променил иконата за музичкиот плеер, но тоа е единствената работа што ја направил. Другото сè е исто уште од BlackBerry OS 5. Но, можеби тоа е успешна формула бидејќи на располагање имате брзо пребарување и сортирање по изведувач, албум и жанр.

 
Видео плеер
 
3,2 инчниот дисплеј можеби не најсоодветен за гледање видео клипови или филмови, но програмата тоа „не ја интересира“ и нуди поддршка за многу видео формати како  DivX, XviD, H.264/MPEG-4 и WMV видеа до 720p резолуција. 
 
Кај камерата нема некои изненадувања
 
BlackBerry Curve 9380 comes доаѓа со камера од 5 мегапиксели, фиксен фокус и блиц. Интерфејсот за апликацијата е застарен, неатрактивен и не нуди многу опции. Сепак, квалитетот на сликата е задоволитен – има јасни детали, контрастот е добар, а истото важи и за боите.
 
BlackBerry Curve 9380 не може да снима HD видеа, веројатно поради слабиот процесор. Најдобро што може се VGA видеа при 30 fps.

 
Веб-пребарувачот не поддржува Flash видеа
 
Веб-пребарувачот кај BlackBerry Curve 9380 е подобрување за цела BB платформа. Тој е доста брз и реактивен, поддржува multi-touch зумирање, селектирање на текст, прочистување при зумирање, покажувач на маус и слично. Единственото нешто кое недостасува е поддршката за Flash анимации.
 
Интересно е тоа што ако одлучите да сурфате со trackpad-от за навигација, наместо екранот на допир, добивате виртуел покажувач од маус и автоматско „скролање“.

 
BlackBerry Maps
 
Како што се очекува од денешните телефони и BlackBerry Curve 9380 е опремен со вграден GPS применик и A-GPS. За навигација ги имате BlackBerry Maps.
 
Освен за навигација, BlackBerry Maps ви овозможува да ја испратите вашата локација преку email или SMS порака.
 
Исто така, доколку преку email или SMS порака добиете одредена локација, со само неколку клика, BlackBerry Maps автоматски ќе ја пронајдат и прикажат споменатата локација.

 
Заклучок
 
Не би било логично и фер, да го споредуваме 9380 со другите телефони од Curve серијата, бидејќи се работи за сосема различен смартфон. Но, ако сакате да го споредувате со друг BlackBerry смартфон – тука е Torch 9860.
 
Тој има поголем 3.7 WVGA дисплеј и побрз процесор на 1.2GHz. Но, во оваа битка, Curve 9380 се бори со многу пониската цена – но, не се возбодувајте премногу, RIM од секогаш имале различна претстава за зборот „поевтин“.
 
Значи, Curve 9380 е веќе видено во секој поглед – но, токму тоа очекуваат од RIM да „запали“ кај љубителите на Blackberry. Torch 9860 е погломазен и не баш во стил на RIM, додека новиот Curve е помал и полесен, а истовремено способен за OS 7.
 
Неколку пати го спомеавме Torch 9860, така што тоа е најлогичен избор за конкурент, алтернатива, на Curve 9380. Единствената разлика меѓу нив е цената – се работи за помалку од 80 евра пониска цена. Но, од друга страна Torch е погломазен, а тоа нема да го ценат тие што сакаат компактност.
 
Затоа оставаме на вас да одлучите и да и кажете што мислите ТУКА.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: