Huawei U8860 Honor – Кинезот не е секогаш мал

Објавено на 23.01.2012 во Рецензија



Huawei U8860 Honor – Кинезот не е секогаш мал

Вовед
 
За Huawei Honor важи паролата дека е „created and designed in China“, а не „Made in China“, што укажува на фактот дека во последниве неколку години се освестија и Кинезите за моќта дека и тие можат да создадат квалитет производ.
 
Huawei Honor е смартфон со солидни перформанси, иако можеби не до толку како Meizu MX.
 
Иако за Huawei се вели дека проработило „кинеското“ во нив во однос на копирањето на дизајн, сепак изгледа дека на компанијата не и смета, па така со гордост го претставија Huawei U8860 Honor. Да видиме што ни нуди тој:
 
Предности
 
Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
4 инчен LCD екран со FWVGA резолуција од 854 x 480 пиксели
Snapdragon процесор на 1.4GHz и 512MB RAM меморија
4GB вградена меморија
Android 2.3.5 Gingerbread
Камера од 8 мегапиксели со автофокус, блиц и геотагирање
Втора VGA  камера 
microSD мемориска картичка (до 32GB)
Huawei Cloud + 16GB калуд простор
Wi-Fi 802.11 b/g/n
Bluetooth v3.0
GPS применик со A-GPS – дигитален компас
Стерео FM радио со RDS
Вграден accelerometer и сензор за близина
Стандарден 3,5 мм аудио и microUSB приклучок
Поддршка за многу видео формати
Паметно и гласовно бирање
Поддршка за Adobe Flash 11
Паметно бирање
 
Недостатоци
 
Слаб квалитет на екран
Се познаваат прсти по маската
Нема директно копче за камерата
И покрај втората камера, нема инсталирана апликација за видео чет



 
Дизајн и дисплеј
 
Со тежина од 140 грама Huawei Honor не е баш најлесниот смартфон, но со димензии од 122 x 61 x 11 mm може да го заслужи епитетот „покомпактен“.
 
Huawei U8860 доаѓа со 4 инчен LCD дисплеј и FWVGA резолуција од (480 x 854 пиксели). Технички гледано, тоа се доволно пиксели, но сликата изгледа некако матно. Така што, тоа во комбинација со целосниот послаб квалитет на сликата и лошите агли на гледање, го прават екранот една од послабите точки кај Huawei U8860.
 
Под овој дисплеј ќе наидете на четири копчиња, Дома, Мени, Назад и Пребарувај. Над дисплејот се наоѓа звучникот како и втораѕа VGA камера и разните сензори.
  
На левата страна од Honor U8860 се наоѓаат копчињата за звукот, додека од десната нема никакви контроли. На дното се наоѓаат само микрофонот и MicroUSB приклучокот кој служи за полнење и пренос на податоци.
   
Копчето за вклучување/заклучување е сместено на врвот од уредот, веднаш до 3.5 mm аудио приклучок. На задната страна, како по обичај кај сите телефони, е сместена камерата од 8 мегапиксели со блиц и звучник.
  
По задниот поклопец ќе ја најдете батеријата од 1900 mAh, со засега непознати перформанси, додека под неа пак се кријат SIM и microSD картичките до кои се доаѓа само доколку ја отстраните батеријата.
 
Интерфејс
 
Во подглед на неговиот OS, Huawei U8860 Honor е само уште еден телефон облечен во „зелената наметка“. Верзијата на Android е 2.3.5 Gingerbread и Huawei се потрудиле да ја модифицираат. Иако, секако дека задржал дел од оригиналниот Android, сепак многу опции и дел од изгледот се променети. Еве како изгледа тоа:
 


Huawei launcher ви дава неколку опции – нова тема, икони на апликациите, да симнете повеќе теми, да одредите повеќе од еден основен екран, да ги приспособите ефектите при премин од еден во друг екран и сл.
 
Главниот основен екран е речиси ист како и кај секој основен Android – областа за известување ви е на врвот, кое морате да го повлечете надолу за да го отворите. Тука имате пристап до Wi-Fi, Bluetooth, GPS, Синхронизација и ротација на екранот. Тековните сервиси како USB, MyPhoneExplorer и други, се прикажани под кратенките, како и други известувања.

 
На дното од оснонвниот екран ќе најдете три апликации чие место може да го заземе било која друга апликација. Од нивната лева и десна страна, Huawei поставиле две помали икони – од лево е „орманот“ со апликации, а до десната страна се наоѓа преминот низ разни апликации.
 
Другото е горе-долу слично како и кај секој друг Android кој сме го разгледа многу пати.
 
Huawei music на сцена
 
Апликацијата за музика кај Honor U8860 е многу убава и лесна. Како и кај сите други апликации, ќе наидете на подредувањето по албум, песни, плејлисти, но ќе имате избор по фолдери, изведувачи, композитори и жанрови.

 
Исто така, достапна  е и слика на албумот, додека за оние песни кои го нема тоа, самиот плеер пушта негови слики во вид на дискови.
 
Ако сакате можете да додадете текст за секоја песна, така кога ќе свири некоја песна ќе можете да го гледате и текстот за неа.
 
Камерата е супер
 
Huawei Honor доаѓа со камера од 8 мегапиксели способна за правење слики со максимална резолуција од 3264 x 2448 пиксели, а има автоматски фокус, блиц и гео тагирање.

 
Нејзиниот интерфејс е стандарден за Gingerbread, што и не е нешти посебно. Повеќето производители си направија свој интерфејс за камерата, но изгледа дека Huawei и не се потресле многу на ова поле.
 
Од опциите можете да бирање помеѓу exposure, HDR, Flash опции и повеќе, но никаде ги нема ISO, white balance и слични опции.
 
Во однос на квалитет на сликите, Honor е солиден. Тој создава добри слики со доста јасни детали, добра репродукција на боите и релативно ниско ниво на noise – збрчканост.

 
Видео камера
 
Huawei Honor снима видеја од 720p при 30 fps, што е доста позитивна особина. И тука интерфејсот на апликацијата не е нешто посебно, но барем квалитет на видео клиповите е навистина солиден.
 
Huawei Cloud + Drive
 
Huawei Cloud + Drive им овозможува на корисниците 16 гига онлајн простор за фајловите. За тоа потребно е само регистрација, која се завршува за помалку од една минута.
 
Апликацијата ви овозможува да си го проверите вашиот диск, основни операции (преземање и прикачување), да ги гледате најновите фајлови и да ги споделувате.

 
Апликации 
 
Documents To Go е апликација која ќе ги задоволи вашите office потреби. Апликацијата овозможува разгледување на сите Office формати на фајлови, но за нивно уредување ќе треба да доплатите за надградба. Исто така, имате DLNA  апликација која ви овозможува да ги споделувате мултимедијалните фајлови преку Wi-Fi конекција.
 
Заклучок
 
Huawei Honor е навистина интересен уред кој сериозно може да го зацврсти споменатото мото „Создадено во Кина“.
 
Иако за почеток кинеските компании се обидуваат да се зацврстат како компании кои копираат други производителите, не дека тоа не е случај со Huawei, сепак компанијата се труди да внесе дел од својата креативност.

 
Оваа креативност ќе ја пронајдеме и кај интерфејсот – речиси и да го надоместува лошиот дисплеј. А за да му помогне во однос на позитивни поени, тука е добрата камера, која освен што прави одлични слики, снима и квалитетни видеа.
 
Значи ако ја земете предвид цената на Huawei Honor (270 евра) и фактот дека нуди добри перформанси, ќе се зачудите дали да тргнете по дел од попознатите имиња за поголема цена а пониски перофманси или да му дадете шанса на Кинезот.

Кажете ни вие што мислите за телефонот ОВДЕ.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: