BlackBerry Bold 9790 : Bold (храбар) и евтин

Објавено на 30.01.2012 во Рецензија



BlackBerry Bold 9790 : Bold (храбар) и евтин

Вовед
 
Еве уште еден BlackBerry Bold! Но, за што се работи, односно, каде е разликата помеѓу сите овие BlackBerry смартфони што си личат еден со друг?! Добро, малку е помал од 9900, но се работи за истата QWERTY / тачскрин комбнинација.
 
Ајде да ги видиме разликите сега. Bold 9790 има различен процесор и може ја има најдобрата камера од сите BlackBerry телефони. Во однос на дизајнот тој е исто толку добар како и Bold 9900, а чини помалку.
 
Но, дали сè ова е доволно за да го изберете од толпата BlackBerry телефони кои си личат еден на друг.
 
Предности
 
BlackBerry OS v7
2.45 инчен LCD дисплеј со резолуција од 480 x 360 пиксели
QWERTY тастатура
Процесор на 1 GHz и 768MB RAM меморија
8GB ROM меморија
Камера од 5 мегапиксели со автофокус
GPS приемник и BlackBerry мапи
Wi-Fi b/g/n
Поддршка за NFC 
Bluetooth v2.1
Слот за microSD каритчка (до 32 GB)
Оптички trackpad
Поддршка за DivX and XviD форматите
3.5mm аудио приклучок
Паметно бирање
Компактен и цврст дизајн

 
Недостатоци
 
Нема снимање на HD видеја 
Нема втора камера
Нема радио
Нема поддршка за Flash 
Слаб аудио квалитет
Копчето за заклучување е тврдо

 
Што добивате со кутијата
 
Во кутијата освен што го добивате самиот телефон BlackBerry Bold 9790 тука е и полнач, слушалки и microUSB кабел. За жал, не доаѓа microSD мемориска картичка ниту пак каква било футрола.
 
Дизајн и дисплеј
 
BlackBerry Bold 9790 ги има истите контроли и дизајн на тастатурата како и неговиот поголем брат 9900. Телефонот е удобен за држење, иако ги нема металните површини кои се користат кај другите негови „побрастими“.
 
2.45 инчен екран на допир со HVGA резолуција. Густина на екранот е под 250ppi што значи дека сликата е пристојна, боите живи, а исто така, не е лоша ниту отпорноста на сончева светлина.

 
QWERTY тастатурата на 9790 го има традиционалниот стил за тастатури на Bold, што значи доста реактивни копчиња, одвоени со метални линии, кои се пријатни за допир и одлични за типикање, и покрај тоа што се малку збиени.
 
Помеѓу екранот и тастатурата се наоѓаат вообичаените контроли, поставени околу тракпадот – копчиња за Повик, Мени и Назад. 
 
Над овој дисплеј се наоѓа звучникот и разните сензори. На левата страна се наоѓа 3,5 мм аудио приклучок, додека на десната страна се наоѓаат копчињата за контрола на звукот и едно копче за камерата. На врвот од телефонот се наоѓа само копчето за заклучување.
 
На дното од телефонот ќе го сретнете microUSB портот, додека камерата се наоѓа од задната страна. Задната страна е опкружена со пластика што го прави телефонот имун на допири од прсти.
 
Под заднаиот поклопец се наоѓа Li-Po батерија од 1230 mAh за која RIM ветува 408 часа на време на мирување или 5 часа и 20 минути зборување.

 
Интерфејс
 
Новиот OS 7 не е баш толку и така нов. Имено, интерфејсоѕ кај BlackBerry Bold 9790 e ист како кај Bold Touch 9900 – значи освен минимални промени, и поддршката за NFC, нема значителни разлики од претходните верзии. За потсетување, еве како изгледа тоа:
 


BlackBerry OS 7 се обидува да изгледа како Tablet OS (кај PlayBook) кој се базира на QNX. Иконите се речиси исти како кајк PlayBook, но другото е горе-долу исто, едноставно и не толку функционионално.
 
Лентата со индикатори на основниот екран ја сочинуваат стандардите показатели за операторот, Wi-Fi, NFC и Bluetooth , како и брз пристап до алармот и менито со опции.
 
Ако има пропуштени повици, SMS или email пораки, до нив се доаѓа со притискање на линијата за пребарување и иконите за менување на профил.

 
Галеријата е „тапа“
 
Галеријата, исто така, се нема сменето од OS 6, што треба да им е позната на сите корисници на BlackBerry (види слика).
 
Сликите може да се гледаат како мрежа или листа. Постои пребарување по име, но освен ако не се мачите да ја прекрстите секоја слика направена со камерата, ќе немате некоја корист од ова.
 
Сликите може да се гледаат само на еден начин, така што ќе треба сами да ги ротирате за подобар агол. Овој недостаток се должи на фактот што Bold 9790 нема вграден акцелерометар за да овозможи автоматска ротација.

 
Ист музички плеер
 
Во OS 7 RIM сè што направил е тоа што ја променил иконата за музичкиот плеер. Инаку, во основа, тоа е истата апликација уште од времето на BlackBerry OS 5.
 
Има брзо пребарување на песни и автоматско сортирање по изведувач, албум и жанр, а можете да креиреате и сопствени плејлисти.
 
За среќа има и слика за албумот, заедно со присети за еквилајзерот – тоа е сè.

 
Најдобра камера на BlackBerry досега
 
BlackBerry Bold 9790 доаѓа со камера од 5 мегапиксели, што е највисока резолуција која може да ја добиете од телефоните на RIM. 
 
Сепак, интерфејсот на апликацијата и понатаму е неатрактивен и нуди многи малку опции.
 
До гео-тагирањето, flash-от и сцените може да се пристапи од иконата за прегледување на слики, - а, освен резолуцијата, тоа се сите опции кои можете да ги менувате. 
 
Сепак, она од што отскокнува камерата е нејзиниот квалитет. Сликите изобилуваат со одлични детали, живи и прецизни бои, добар контраст и без никакви дефекти.

 
Добар пребарувач 
 
Веб-пребарувчот кај BlackBerry Bold 9790 е одлично подобрување за BB платформата. Тој е доста брз и реактивен, поддржува multi-touch зумирање, селекција на текст, mouse покажувач и сл. Единственото нешто кое недостасува е поддршката за Flash.
 
Mouse покажувачот се јавува кога ќе одлучите да го користите тракпадот за навигација, наместо екранот на допир, и со тоа добивате глувче и автоматско „скролање“.

 
Организатор 
 
Телефонот доаѓа со целосна верзија на Quick Office што ви овозможува да прегледувате цела низа на документи (вклучително и PDF) и да уредувате Word, Excel или PowerPoint фајлови.

 
Исто така, BlackBerry Bold 9790 доаѓа со инсталирани апликации за Facebook и Twitter, но имате и апликација наречена Social Feeds која ви ги комбинира сите статуси и новини од Facebook и Twitter заедно.
 
BlackBerry Maps
 
Како што се очекува кај еден модерен смартфон на денешницава,BlackBerry Bold 9790 е опремен со вграден GPS уреди и има A-GPS поддршка. 

 
За навигација ги иамте BlackBerry Maps, но за голема жал е фактот што оваа навигација работи само доколку имате активирано BlackBerry интернет план. 
 
Заклучок
 
Bold 9790 е речиси ист во многу работи со Bold 9900, со исклучок на подобрата камера и цената, така што верувам дека многумина би се одлучиле за поевтината варијанта.

 
Но, војната повеќе не е само помеѓу овие два телефони, туку и против сите други производители. А, за да се рамниш со многуте конкуренти на пазарот, телефон не може да си дозволи телефонот да доаѓа со застарени апликации, без многу опции и разни ограничувања – на пример, кај навигацијата дека треба да се инсталира посебен BlackBerry интернет план.
 
Тоа се тие работи кои ќе придонесат многумина многу лесно да го заборават малиот екран и многу недостатоци и да се одлучат за друга бизнис варијанта – ако тоа им е примарната насока.
 
Да се надеваме дека новата управа на RIM ќе го промени сето ова.
 
Кажете ни што мислите за телефонот, ОВДЕ.
 
Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: