BlackBerry Porsche Design P'9981

Објавено на 06.02.2012 во Рецензија



BlackBerry Porsche Design P'9981

Вовед
 
Research in Motion, независно од тоа колку падови имаа во последно време, сè уште се тврдина во корпоративниот свет. Тие се познати по издржливата батерија, удобната тастатура со креативните кратенки, ефикасниот емаил клиент, едно од повжните работи за бизнисот, и еден од најбезбедните телефони кога се работи за сигурноста. Се разбира, во однос на нивната конкуренција, тие не се најсофистицирани кога се работи за технологија.
 
RIM работеше напорно на сериите со најновиот OS, BlackBerry 7, при што BlackBerry Bold 9900 / 9930 беа претставени во најдобро светло. Сепак, и на ова најдоа замерка големите директори во САД. Едноставно им било нив замисливо да се појават на некоја забава, состанок или на голф терените во телефон од 300 евра, па затоа RIM во соработка со производителот на луксузни автомобили Porsche го создадоа BlackBerry Porsche Design P'9981 кое чини дури 2,300 долари.
 
Но, ајде да видиме дали луксузот ќе ја оправда функционалноста.
 
Предности:
 
•    Подобра заштита на емаил и податоци
•    2.8 инлен TFT дисплеј со VGA резолуција (640 x 480 пиксели)
•    QWERTY тастатура
•    Quad-band GSM поддршка и quad-band 3G со HSDPA
•    NFC технологија
•    GPS приемник и BlackBerry мапи, дигитален компас
•    Камера со 5 мегапиксели и автофокус
•    HD видо, 720p@30fps
•    Процесор QC8655 на 1.2GHz
•    768MB RAM меморија
•    8GB of inbuilt storage
•    BlackBerry OS v7
•    Trackpad
•    Слот за microSD мемориска картилка (до 16GB)
•    Поддршка за DivX и XviD
•    Уредник на Office документи
•    3.5 мм аудио приклучок
•    Паметно бирање
•    Компактен, цврст и квалитетен дизајн

Хардвер - дизајн
 
Телефоните кои чинат повеќе од 2000 долари, Nokia Oro, Tag Hauer Link Phone, Motorola Aura и кој било модел на Vertu, не се наменети за продолженија. Напротив, тие се наменети да бидат ограниечни серии кој впечатокот кај корисниците ќе го остават со квалитетот и скапите материјали од кои се избработени. Затоа, истиот тренд го следи и овој смартфон.
 


Во поглед на дизајн, освен пластиката на дното од телефонот, поставена за да не и пречи на антената, целиот телефон е прекриен во нерѓосувачки дизајн. Поклопецот за батеријата е прекриен во вистинска кожа, секое засебно копче од QWERTY тастатурата е направено од метал, додека копчињата за навигација кои се наоѓаат под екранот се обложени со стакло.
 
И покрај, сè ова, сличноста со 9900 е непогрешлива. Но, има причина за ова – бидејќи фактички тоа е истиот смартфон. Како и неговиот „брат“, P'9981 доаѓа со Qualcomm MSM8655 процесор од 1.2GHz и 768MB RAMмеморија, 2,8 инчен дисплеј со резолуција од 640 x 480 пиксели, BlackBerry OS 7.0 со Liquid Graphics интерфејс, GPS, NFC и камера од 5МП со блиц и можност за снимање на HD видеа од 720p.
 
Телефонот има димензии 115 x 67 x 11.3mm, тоа е еден милиметар поширок и неполн милиметар подебел, како и 25 грама од 9900, но сè ова е оправдано од неговите квалитетни материјали.
 
Истото се однесува и на копчињата, тие, исто така, личат познато: се наоѓаат на исто место како и кај 9900, со некои минимални приспособувања. Горниот дел од телефонот е резервиран за копчето за заклучување, додека дното има два приклучоци за поврзување кои му овозможуваат на телефонот да се поврзе за десктоп станица која доаѓа во пакетот со телеофнот. На левата страна имате micro-USB приклучок и 3,5 мм аудио приклучок, додека на спротивната страна се наоѓа копчето за функција по избор, веднаш под копчињата за звукот.

 
Ако го свртите телефонот од задната страна, ќе наидете на батерија обвиткана со кожа, каде P'9981 логото се наоѓа на средина, додека камерата и блицот се наоѓаат од по страните.
 
На крајот, одиме на предниот дел од телефонот каде ќе го најдеме екранот на допур, стандардните BlackBerry копчиња за навигација – повик, мени, тракпад, назад и копчето за вклучување – и уникатната тастатура.
 
На дело тој се покажа како и секој друг BlackBerry телефон: добар прием, одличен квалитет при повик и идржлива батерија.

 
Тастатура
 
Искрено, за многумина тастатурата е најинтересниот дел кај BlackBerry, па така ниту P'9981 не е исклучок. Неговите метално-стаклени копчиња се многу пријатни за допир. Секое копче има своја буква и симбол/број кои светкаат кога сте во недоволно осветлен простор, како и арапски симболи кои светат црвено во исто време.

 
Камера
 
Тука се надевавме дека некој денар плус ќе придонесе да се разликува камерата на P'9981 од оние на серијата Bold, но изгледа дека тоа не е баш така. Затоа, камерата од 5 мегапиксели, заедно со блицот и способноста за правење видеја од 720p, која даде многу слични резултати.
 
Во однос на квалитетот, сликите направени од блиску се минимално, но забележливо, матни, додека оние направени од подалеку се почисти, иако прво ќе треба малку да се позанимавате со опциите за white balance. Бидејќи камерите кај Blackberry, по автоматизам, се едноставни, опциите како манупулација со светлосносто изложување, сатурацијата, ISO и слични опции не се достапни.
 
Видео
 
Со видео од 720p, се постигнуваат повторно истите резултати како кај Bold. Бидејќи камерата е со фиксен фокус, сликата останува со истата геометрија во текот на целиот клип.

 
Софтвер
 
P'9981 работи на BlackBerry 7.0, а бидејќи системот убаво го покривме кај Bold 9900 нема да трошиме многу време на него. Но, една работа која мора да се спомене, е неговата уникатна Porsche Design BlackBerry тема. Темата освен што го менува основниот екран, нуди и нови икони и опции за позадината.
 
Заклучок
 
P'9981 нема да излечи некоја болест или да ги нахрани гладните во светот. Сепак, за нас обичните смртници, за 2350 долари (околу 2000 евра) и тоа како ќе ги направи горе-споеменативе работи.
 

 
Првиот Porsche Design смартфонот ќе биде одличен за сите кои сакаат да „се покажат“ и сакаат да имаат „фенси“ BlackBerry. За нас остнанатите ова е токму она што е: BlackBerry Bold 9900 во убаво и скапо оддело.

Што мислите вие за телефонов? - Кажете ни тука.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: