Blackberry Curve 8520

Објавено на 14.02.2012 во Рецензија



Blackberry Curve 8520

Вовед 

Традиционално RIM дизајнира телефони кои имаат повисока цена но за да допрат до сите потрошувачи тие мораа да направат телефон кој ке може да задоволи и такви потреби. Запознајте го Blackberry Curve 8520 кој носи солидни но просечни специфики, кој носи Wi-Fi и 3G подршка. Една уникатност е оптичкиот тракпад кој го замени типичниот тракбол. 

Што добивате со кутијата

Blackberry Curve 8520

Полнач

USB кабел

Слушалки

Документација

Дизајн

Дизајнот го следи карактеристичниот Блекбери стил. 2.64 инчниот екран лежи врз Qwerty тастатура, по две копчиња од двете страни на тракпадот како и 2 мегапикселна камера одпозади. Целиот телефон е направен од пластика а додека пак краевите се направени со малку поразлична боја за да му дадат посебен шарм на телефонот. Страничните копчиња изгледаат како да се пробиваат од телефонот и тоа е многу добро бидејки не бараат толку пазење да не ги скршите. Тастатурата е карактеристичната како и секој телефон а додека пак имаме карактеристичен оптички тракпад кој што по неко време можете многу лесно да се навикнете и да сватите дека е сосема добар. На левата страна ке видите отвор за слушалки од 3.5 мм како и microUSB кабел. На задната страна има 2 мегапикселна камера до која нема блиц исто така има и батерија под која се става мемориската картичка. Задната страна е магнет за отисоци од прсти но изгледа неверојатно убаво кога е чиста. Дизајнот можеби не е оној високиот кој го нуди Blackberry но сепак тежината како и големината одлично одговараат во рака. 

Интерфејс

Ова е уред кој што работи на 4.6 но има многу убави и интересни икони. Функционалноста во принцип е иста како и кај претходните Blackberry OS. На новите корисници може да им биде малку сложено бидејки секоја програма си има своја икона а дури има и фолдери кои пак носат кон повеке икони но со тек на времето лесно ке се навикнете. Доброто е што корисниците ке се концентрираат на бизнис а не на тоа дали ке има расипување на софтверот.

   

Организатор и Календар

Повторно ништо ново. Си го планирате времето и сето тоа го пишувате во календарот или пак на компјутерот кога ке ги поврзете тие автоматски се синхронизираат. Креирањето на апиоитмент е лесно а исто така може да закежете и приватно од безбедносни причини. Исто така има и други функции како задачи итн. кои што се многу базични и можат да се групираат.

Пишување пораки 

Како и секој уред од неговата бранша Blackberry Curve 8520 нуди многу различни опции за пишување пораки. Стандардните СМС и ММС пораки се тука како и повеке мејл акаунти. Тука се и најразличните месенџери кои ви помагаат да комуницирате со вашите пријатели. Подесувањето на мејлот е многу едноставно, само го пишувате мејлот и лозинката и тоа е тоа. Интересното е пуш мејлот кој навистина многу брзо ви ги донесува мејловите кои ги добивате.

Поврзување

Вреди да се спомне дека подржува Wi-Fi како и Hotspot. Blackberry Curve 8520 нема GPS но можеби некоја негова подобрена верзија ке има. Пребарувачот е многу едноставен и многу лесно ке се снајдете а и има некои подобрувања кои водат до подобро искуство. Тука е и Blackebеrry Desktop Manager кој ви ги синхронизира сите податоци помеѓу компјутерот и телефонот. Исто така телефонот доаѓа и со USB кабел на кој што можете да ставате се што ви е потребно.

Мултимедиа 

Blackberry Curve 8520 има камера од 2 mp без блиц. Доколку не барате премногу од камерата ке ја најдете сосема задоволувачки. Медиа плеерот е лесен за користење и е многу едноставен. Подржува најразлични функции и ке ги подреди вашите песни по жанр, артисти и албуми. Гледањето видео е одлично а додека пак слушалките имаат малку слаб звук. Бидејки овој уред има 3.5 мм отвор за слушалки можете да користите било какви па и таа потреба може да биде задоволена.

Софтвер

Blackberry Curve 8520 има процесор од 512 MHz, со 128 MB RAM и 256 ROM кои носат до одлично искуство при користење на телефонот сепак нема нешто посебно кое би се спомнало кога се работи за софтверот на овој телефон. Најзабележливите апликации се DataViz Documents, To Go package и нормално Brick Breaker.

Перформанси и заклучок

Јавувањето е сосема добро и квалитетот на звукот е одличен. Батеријата според претходните уреди би требало да биде сосема задоволувачка со долго време на траење. Во суштина Blackberry Curve 8520 е одлична направа, можеби не поради многу јакиот дизајн но поради донесување на сите интересни апликации на послаб уред. Големината и тежината се добри а додека пак оптичкиот тракпад носи мало чувство на иновација. Можеби RIM треба малку да поработи на перформасите на телефонот но доколку не сте ,, тежок '' корисник а ви е потребен телефон за бизнис и организација тогаш Blackberry Curve 8520 е за вас.

 

Се што сакате можете да коментирате тука

Пишува: Мартин Јовчевски





Прочитајте повеќе: