iPad 3 - лично и персонално

Објавено на 22.03.2012 во Рецензија



iPad 3 - лично и персонално

Вовед

Новиот iPad, iPad 3, новиот iPad 3...викајте го како сакате, тоа е уред кој однадвор изгледа доста слично на iPad 2, но интересното доаѓа однатре.

Прашањето кое многумина си го поставуваат тука е: што е ново кај новиот iPad во однос на стариот ?

Toa e лесно да се одговори: од новиот и доста зборуван Retina дисплеј, надградениот A5X процесор кој носи четири јадра до камерата од 5 мегапиксели и VGA моделот од задната страна.

Но, ова е само површината од она што следува. Ајде да видиме навистина што ново ни носи овој таблет.



Дисплеј

Овде Apple успеале да вметнат многу пиксели во 9,7 инчниот екран – поточно, 1536 x 2048. Но, иако екранот е одличен, екранот кај iPhone 4 носи поголема густина – 330, наспроти 264PPI кај iPad 3.

Сепак, репродукцијата на бои си го направила своето, па затоа екранот овозможува неверојатно реална слика – но, нешто поразлична од кај Super AMOLED HD екраните, кои може да се најдат кај некои таблети и смартфони на Samsung, на пример Galaxy Note. Но, тоа веќе е прашање на вкус, особено кога се работи за оние корисници на кои екранот им е еден од најважните делови кај телефоните.

На крај, најважно е што интернет пребарувањето, гледањето на сликите и филмовите и сè поврзано, е доста подобрено во однос на iPad 2 – особини кои ги карактеризираат најголемиот број корисници на уредите од Apple.



Дизајн

Новиот iPad е само минимално подебел и потежок од претходниот iPad, додека во распоредот на копчиња нема некои позначителни промени.

Познатото копче „дома“ повторно е во функција, и покрај гласините дека ќе го нема. Од другите копчиња ќе наидете на копчињата за контрола на звукот, копчето за премин во „безгласен“ режим/ориентација и копчето за вклучување/заклучување – кои сите се наоѓаат во непосредна близина.

Ова покажува дека Apple постапиле ефикасно кога се работи за поставување на копчињата, при што секое од нив има повеќе од една функција.



Интерфејс

iPad 3 продолжува со iOS приказната онаму каде што застана iPad 2 – со надградбата на iOS 5.1.
Основниот екран е поставен слично како кај iPhone, со нешто поголеми икони. На располагање имате колку што сакате расположливи екрани за апликациите.

На дното од екранот се наоѓа лента која обично собира до 6 најчесто користени апликации, кои се присутни на сите екрани.



iOS 5.1 не нуди премногу во однос на новите особини за интерфејсот, но трикот кој Apple го научил од Android е лентата со известувања, до која може да се дојде со едноставно минување со прстите кон долниот дел од екранот.

Тука има информации за сè, од непрочитани пораки до известувања за нови потези во игрите кои ги играте преку multiplayer со вашите пријатели.



Интернет

Конечно дојдовме до една од клучните работи, зошто да се купи iPad 3: убавината на интернет пребарувањето.

Можете само да замислите како ќе биде сурфањето на новиот HD Retina дисплеј. Екранот реагира одлично на допир, а сликите и анимациите изгледаат доста поразлично во споредба со другите два таблети на Apple.

Пребарувачот, нормално, ги нуди сите тие фунции преку допир, од зумирање до пребарување низ сајтот, „скролинг“, итн.

Исто така, зголемена е брзината при сурфање преку Wi-Fi и 3G мрежи, додека за оние кои имаат среќа да живеат во места каде операторот поддржува LTE технологија (САД и Канада моментално), ќе уживаат во брзината.

Но, тука мора да се спомене еден минус – таблетот нема Flash поддршка, така што останува да видиме како компанијата од Купертино ќе го реши овој проблем.

Камера

Една од главните новини кај iPad 3 е камерата – сега таа брои дури 5 мегапиксели. Сепак, и покрај ова, се гледа дека таа не им била клучен предизвик на Apple.

На пример, нема специјално копче за камерата, тоа треба да го правите со копчињата за контрола на звукот. Исто така нема ниту блиц – работи што не можеме да ги разбереме ако ги земеме предвид перформансите и дисплејот како новини.



Брзината на сликање е нешто побавна од кај iPhone 4S (иако тој има послаб процесор) – иако не е до толку бавно сликањето.

Во однос на квалитет, сликите се достојни за една камера од 5 мегапиксели.

Видео

Видео камерата тука снима видеа од 1080p со брзина од 30 fps, додека предната камера снима со VGA квалитет при 30fps.

Нема многу што да се каже за камерата, освен дека како голем плус се издвојуваат ефектите од технологијата за „анти-тресење“ што дава поголема стабилност при снимање – што е одличен плус.

Мултимедија

Тука доаѓа интересното. Повеќето луѓе го користат iPad за две работи: пребарување на интернет и мултимедија.



Музика

Музиката порано беше една од поглавните работи во фокусот на Apple, но изгледа дека повеќе не е. Но, тоа не значи дека таблетот нуди послаб квалитет на звук.

Напротив, квалитетот на звукот дури е зголемен – без воопшто да треба да „чачкате“ низ опциите на еквалајзерот. Но, интерфејсот на апликацијата не е воопшто променет, при што повеќето контроли се наоѓаат во горниот лев агол.

Во однос на музички формати, уредот без проблем ги пушта MP3, повеќето видови на AAC, AIFF, Apple Lossless и WAV  форматите.



Мапи

Google Maps кај iPad 3 е надградена. Иако апликацијата не ја искористува баш целосно вградената GPS технологија, сепак подновениот интерфејс и некои интересни опции нема да ве остават рамнодушни.

На пример, можете да го активирате активниот режим за собраќај за да видите во кои области има некои проблеми (во поголемите градови засега) и ефикасно да си ја планирате рутата на движење.

Но, Google Maps не се баш ефикасни како кај Android, каде имате бесплатна сателитска навигација и собраќајни информации во секој момент, плус 3D графиката кога се движите низ некои поголеми градови.



Заклучок

Тешко е да се даде објективна оцена кога се работи за ваков уред.

iPad 3 доаѓа со нов дисплеј (кој веќе го опишавме), нов процесор и камера. Во однос на екранот, нема замерки. Но, околу моќта што ја нуди – перформансите би можеле минимално да бидат посилни, бидејќи неколку корисници веќе се пожалија дека по среднорочно користење на уредот, се забележува загревање – нешто што може да влијае врз издржливоста на батеријата.

Исто така, едно од поголемите (се надеваме не и клучни) недостатоци е познатиот Siri гласовен сервис, кој се наоѓа кај iPhone 4S. Потоа доаѓа недостатокот со проширувањето на меморијата: значи на располагање ги имате, моделите од 16, 32 и 16GB – кои не доаѓаат баш со ниски цени.

Но, и покрај споменатите недостатоци, нема сомнеж дека се работи за одличен таблет за кој имаше турканици пред продавниците на денот на неговото претставување.



Накратко, ако сте горд сопственик на iPad 2, а визуелната страна не ви е најважното нешто, тогаш држете се до таа верзија, која сега е уште поевтина со излегувањето на новиот iPad 3.

Но, ако немате таблет, а размислувате да купите, тогаш iPad 3 e вистинскиот избор за вас. Кога ќе го погледнете Retina дисплејот и ќе поиграте некоја од новите игри со HD квалитет или ќе изгледате некој Full HD филм на него, тешко дека ќе сакате да разгледате некој друг таблет.

Кажете ни што мислите за него, ОВДЕ.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: