Sony Tablet P - Во склоп со вашите потреби

Објавено на 30.05.2012 во Рецензија



Sony Tablet P - Во склоп со вашите потреби

Јапонската Sony секогаш оставала впечаток како компанија на иноватори со прагматични и естетски решенија. Нивниот Sony Tablet P е уште еден производ карактеристичен на ваквата визија. На прв поглед ќе ве воодушеви неговиот дизајн. Доста необичен и различен од сите други, Sony Tablet P има два екрани кои се преклопуваат. Да, веќе постојат вакви таблети, но дали Sony успеале во намерата да направат нешто подобро од останатите и да излезат во пресрет на корисниците, прочитајте во оваа рецензија.

Дизајн

Кога се во прашање уредите на Sony и нивниот дизајн, резултат е секогаш добивање на прекрасно дизајниран уред, кој изгледа футуристички и ултра модерен, но доста едноставен и практичен. Такви решенија се применети и во овој модел, кој ако ништо друго, ќе ве заинтересира само со неговиот надворешен изглед. Двата екрани не се проблем, таблетот лесно може да го носите со себе, бидејќи не зафаќа многу простор. Копчињата за поврзување се добро распоредени.

   

      

Дисплеј

Како што веќе спомнавме овој таблет на Sony доаѓа со два екрани од 5.5 инчи TruBlack LCD Panlel, со резолуција од 1024 х 480. Без разлика што се преклопуваат, линијата на спојување е прилично широка и може да ви го одвлече вниманието, односно да не ја видите целата слика. Мали проблеми има и со гледањето во двојниот екран од различни агли, па ќе бидете приморани да го држите таблетот исправен. Предност при постоењето на два екрани е големата видео површина. Негативност е за да допрете одреден дел од екранот ќе треба да посегате широко со прстите. 

   

        

Хардвер, Камера

Овој таблет е опремен со 1GHz dual-core NVIDIA Tegra 2 процесор, заедно со 1GB RAM и вклучена 2GB microSD card.
Камерата не е спектакуларна, што е незначително, бидејќи се работи за таблет. Има 5 мегапикселна auto-focus камера и располага со интересни опции во корисничкиот интерфејс.

        

Софтвер и Мултимедија

Sony Tablet P работи на Android Honeycomb, а прединсталирани се апликациите Evernote и Foursquare. Музичкиот плеер е вистинско освежување, со квалитетни опции. Исто така гледањето видеа е добро осмислено, па така на долниот екран се наоѓаат контролите, а на горниот се прикажува сликата. Додатна предност на овој таблет е и неговиот PlayStation сертификат, па на него можете да играте некои, сепак за жал, само постари игри од оваа конзола.

        

Заклучни коментари

Ако сте еден од тие што се воодушевуваат на нови гаџети кои изгледаат хај-тек и футуристички ова е дефинитивно таблет за вас. Sony Tablet P носи многу поволности, како издржливата батерија, големата видео површина и футуристички интерфејс.  Во овој таблет се поклопуваат различните потреби, како што се сурфање, гледање видеа и слушање музика, играње игри, праќање пораки. Двојниот екран, главниот белег на овој таблет, може да биде и позитивен и негативен. Доколку сте спремни да го занемарите малото двоење на видео површината, ќе бидете сосема задоволни.
 




Прочитајте повеќе: