Meizu MX 4 core - „репете“ со дупла моќ

Објавено на 20.07.2012 во Рецензија



Meizu MX 4 core - „репете“ со дупла моќ

Вовед

Дека Кинезите се мајстори за копирање утврдивме уште со првиот Meizu MX кој страшно многу личи на iPhone (фактички тоа е главната цел), а сега ни станува ист таков телефон, но со буквално двојно поголема моќ.

Да, Кинезите решиле да играат баш на таа карта дека со истиот телефон, но двојно помоќен, можат да освојат нови корисници.

Ајде да видиме што ново, ако воопшто има нешто, поседува овој телефон:

Предности

• 4  инчен ASV дисплеј со резолуција од 640 x 960 пиксели
• Android 4.0 (Flyme OS интерфејс)
• Четири-јадрен процесор на 1,4GHz, Mali-400MP графичка
• 1GB RAM и 32/64GB внатрешна меморија
• Главна камера од 8 мегапиксели со автофокус и детекција на лица и насмевки; снима со видеа од 1080p при 30fps
• Wi-Fi b/g/n со DLNA
• GPS со A-GPS
• Поддршка за Adobe Flash 11
• Accelerometer, proximity сензор и сензор за автоматско регулирање на светлина
• MHL microUSB излез со USB приклучок, TV-излез
• Поддршка за DivX/XviD/MKV видео формати
• Втора VGA камера
• 3,5 мм аудио приклучок
• microUSB приклучок (полнење) и Bluetooth v3.0, MHL TV-out
• Паметно и гласовно бирање
• Целосна Flash поддршка

Недостатоци

• Пробува да го победи iPhone во сопствената игра
• Многу личи на својот претходник
• Нема специјално копче за камерата
• Внатрешната меморија не се проширува



Во кутијата

Во пакетот, освен телефонот, добивате компактен полнач заедно со microUSB кабелче.

Дизајн и дисплеј

На изглед речиси е невозможно да го разликувате Meizu MX 4-core од Meizu MX, како два едно-јајчани близнаци кои ги разликуваат само родителите (иако и тие колку толку се разликуваат).

Навистина не им требало повторно да се одлучат за овој дизајн кој идентична копија на iPhone, макар колку и силни перформанси да има.

Под екранот е малку поинтересно. Тука имате едно хардверско копче (Дома) и две копчиња на допир кои во зависност од она што се случува на екранот ја менуваат бојата. Левото копче обично е копче за Назад кога не се случува нешто посебно, додека десното копче обично го повикува менито, но некогаш може да биде и менувач на задачи

На левата страна од телефонот се наоѓаат копчињата за контрола на звукот додека на десната страна е доста празно. На врвот, како по обичај, ќе ги најдете аудио приклучокот, копчето за вклучување/заклучување и секундарниот микрофон.

А, ако се прашувавте каде се конекторите, тогаш тие се на дното од телеофнот. Тука ќе ги најдете microUSB приклучокот и главниот микрофон. Интересно е за microUSB што истовремено служи и за пренесување на податоци со компјутерот, за полнење и HD TV-Out.

На задниот дел од телефонот се наоѓа камерата од 8 мегапиксели, како и ознака „32GB или 64GB “ дека се работи за верзија со меморија од 32 или 64GB. Под сè ова е батеријата од 1700mAh за која сè уште нема податоци за издржливоста.



Интерфејс – а ла iOS

Meuzi MX 4-core работи максимално модифициран ICS со Flyme 1.0 интерфејсот, со неговата најнова надградба 1.0.1 достапна за преземање.

Како и цел телефон, така и целта на Flyme интерфејсот е да го копира iOS системот на iPhone, иако под тоа се наоѓа Android.

Погледнете за што се работи:



Галерија и пребарувач во едно

Meizu MX 4-core доаѓа со истата галерија како кај претходникот MX 4, односно галерија како кај основниот Android OS. Ги става сликите во фолдери, но разликата од стандардната галерија е тоа што таа тука нуди посебни опции за осветлувањето и slideshow. Зголемувањето се прави, како по обичај, со двоен допир.



Галеријата, исто така, е во исто време и многу добар пребарувач на фајлови. Ви овозможува да ја пребарувате низ меморијата и на располагање ги имате функциите како copy, paste и delete, а пребарувачот во исто време поддржува преглед и операција со ZIP фајлови.

Видео плеерот ги пушта повеќето фајлови

Meizu MX 4-core доаѓа со посебна видео апликација, но освен што поддржува повеќе видови на фајлови од обичниот плеер, - односно галеријата преку која можете да пуштате видео клипови, - нема некои други значајни промени и обележја.

Но, затоа пак плеерот без проблем ги пушта форматите DivX, XviD и H.264 (односно AVI, .MKV и .MP4), а не прави проблем ниту кога се работи за резолуција – видејата од 1080p се пуштаат без проблем. Единствена мана е што не поддржува преводи.



Музички плеер

Исто како и видео плеер, и музичкиот плеер може да пушта фајлови само од одреден фолдер – не ја комбинира музиката од повеќе фолдери.

Meizu MX 4-core поддржува и сликичка од албуми, а ако ја нема албумот кој го слушате, сервисот автоматски ќе ви ја пронајде. Исто така, присутен и еквалајзер кој нуди многу присети, но и рачно приспособување на истите.

Добра камера

Meizu MX 4-core доаѓа со камера од 8 мегапиксели која нуди слики со максимална резолуција од 3264 x 2448 пиксели и блиц. На хартија, ова е истата камера како кај оригиналниот MX.

Менито е нешто побогато и нуди многу режими на сликање (нормален, панорама, насмевка или групно сликање), потоа имате на располагање разни сцени, white balance, опции за ISO и гео-тагирање.

Слично како и кај iPhone, за сликање можете да ги користите копчињата за контрола на звук, но не и како автофокус.

Meizu MX 4-core прави доста солидни слики, со остри детали и добра претставеност на боите.



Веб-пребарувач

Бидејќи се работи за истиот веб-пребарувач, како кај Meizu MX, тогаш знаеме што може да се очекува. Корисничкиот интерфејс е целосно редизајниран. Во однос на функционалност, тој е ист како пребарувачот кај сите верзии на Android, така што можете да ги очекувате истите нивоа на компатибилност и брзина.

Кога пребарувате, веб-страните ви се отвораат на целиот екран, а ги попречува само лентата со полето за пребарување на врвот од екранот и лентата со контроли на дното. Тука имате пристап до основните контроли како „refresh“, нов таб, затвори таб, одбележувачи и повеќе.

Заклучок

Една од најголемите работи што може да иритира е дизајнот, така што телефонот не само што личи на iPhone, туку надворешно не претрпел апсолутно никакви промени од првиот Meizu MX.

Единствената разлика е тоа што Meizu MX 4-core има четири јадра на располагање, за разлика од двете кај Meizu MX, како и поголемата достапна меморија.



Сличното се однесува и на интерфејсот – иако сега како основа го има Android 4.0, наместо Android 2.3, сепак Flyme интерфејсот е толку маскиран и претворен во iOS што речиси и нема да забележите разлика, освен можеби во брзината.

Сепак, и покрај овие негативни работи, фактот што телефонот е доста брз со новата графичка, RAM меморијата од 1GB и четири-јадрениот процесор, а истовремено и поевтин од многу негови ривали, навистина би можел да им го привлече вниманието на оние кои сакаат брз телефон, iOS „филм“ (а, немаат пари за iPhone) па дури и телефонот да им личи нa iPhone.

Што мислите вие за него? Кажете ни тука.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: