Sony Xperia go - отпорен на вода и мода

Објавено на 03.08.2012 во Рецензија



Sony Xperia go - отпорен на вода и мода

Вовед

Sony Xperia go е интересно телефонче од средната класа која покрај тоа што нуди вистинско Android уживање, сè тоа го прави и во најекстремни услови.

Ако ве зачудија последниве два збора, тогаш со нив сакаме да кажеме дека Sony Xperia go доаѓа со најнов сертификат за издржливост под вода и во прашина – најголемите непријатели од кои се плаши секој корисник.

Со оглед на споменатото, Sony најверојатно сметале дека Xperia go колку би се нашол кај обичните корисници, толку ќе го сакаат и авантуристите.

Но, дали тоа  е доволна причина да ги намали перформансите или да нуди постара верзија на софтвер? Ајде да откриеме.

Предности

• Oтпорен на вода и прашина
• 3,5 инчен LCD дисплеј со резолуција од 320 x 480 пиксели
• Bravia Mobile видео технологија
• Android OS v2.3 Gingerbread
• Дво-јадрен процесор на ARM Cortex-A9 на 1GHz
• 512MB RAM
• Камера од 5 МП со автофокус, детекција на лица
• 720p @30fps видеа
• Wi-Fi b/g/n со DLNA
• GPS со A-GPS
• Стерео FM радио RDS
• Слот за microSD картичка до 32GB
• Accelerometer, proximity сензор и сензор за автоматско регулирање на светлина
• 3,5 мм аудио приклучок
• microUSB приклучок (полнење) и Bluetooth v3.0, MHL TV-out
• Паметно и гласовно бирање
• DivX/XviD поддршка
• TrackID препознавање на музика
• Поддршка за Adobe Flash

Недостатоци

• Работи на Gingerbread, а не барем на ICS
• Резолуција на екранот е ниска за денешни стандарди
• Нема копче за камерата
• Нема втора камера за видео повици
• Нема поддршка за DivX/XviD
• Звучникот е слаб



Во кутијата

Во кутијата на Sony Xperia go, освен телефонот, добивате адаптер, слушалки,  USB кабел кој служи за пренос на податоци и како полнач, заедно со неколку прирачници.

Дизајн и дисплеј

Во поглед на дизајнот, телефонот не отстапува од стандардната Sony Xperia шема и го носи својот препознатлив облик. Сè убаво, но ќе било добро изработката на телефонот да била од подобра пластика, а не од оваа која што остава впечаток на нешто евтино и неквалитетно.

Дисплејот е доста просечен и во однос на денешните стандарди резолуција од 320 x 480 пиксели е навистина малку, но барем сликата не е толку лоша. Благодарение на BRAVIA технологијата, барем контрастот и боите не се толку лоши. За жал, не можеме да го кажеме истото за аглите на гледање.

Под екранот се наоѓаат трите копчиња (Назад, Дома и Мени). На левата страна се наоѓа само 3,5 мм аудио приклучок, некаде кон врвот, кој е прикриен со пластично капаче, кое го дава отпорот на вода и прашина. На десната страна се наоѓа USB влезот, исто заштитен, и копчињата за контрола на звукот – ако очекувате тука некаде копче за камерата, не се мачите бидејќи го нема.

Од задната страна на уредот се наоѓаат слабиот звучник и камерата од 5 МП, а некаде под нив се наоѓа батеријата од 1305 mAh која нуди 460 часови мирување разговор или 6 часа и 30 минути време на разговор. Тука некаде се наоѓаат и слотовите за microSD и SIM картички.



Интерфејс

Sony Xperia go доаѓа со свој и доста изменет интерфејс, но под тоа се наоѓа веќе доста стариот Gingerbread 2.3.7. За среќа, Xperia go е меѓу оние телефони кои имаат среќа да го добијат Ice Cream Sandwich во текот на годинава.



Стандардна галерија

Ја користи стандардната 3D галерија која е иста уште од Android 2.2. Навистина е функционална и ги задржала сите тие 3D анимации.

Меѓу другото, за кое сме пишувале 1000 пати досега, сликите може да се манипулираат или ротираат директно во галеријата. Потоа можете да ги споделите на Picasa, преку емаил, Facebook, Bluetooth, MMS и сл.



Тука стапува на сцена и BRAVIA технологијата на Sony која го подобрува контрастот и боите со изострување на сликите. Иако таа е автоматски активна, можете слободно и да ја деактивирате, но не се препорачува ако сакате убави слики.

Камера работи и под вода

Xperia go доаѓа со камера од 5 мегапиксели која е заслужна за слики со максимална резолуција од 2592 х 1944 пиксели. Тука доаѓа интересното. Камерата, независно дали сликате или снимате видеа, одлично работи и потопена до 1 метар во вода.



Камерата е солидна и во однос на понудени сцени, опции, начини на сликање и сл. Меѓу нив е и macro режимот кој ви овозможува да ги сликнете и најмалите предмети.

Во однос на квалитетот, сликите се доста солидни со остри детали и добра репродукција на бои.



Пребарувачот поддржува Flash

Телефонот доаѓа со стандардниот Android Gingerbread пребарувач, кој иако е одличен, сепак нема работи како JavaScript поддршка кај ICS и не е толку брз како Chrome за Android.

Пребарувачот поддржува и Flash 11 анимации и видеа, поддршка која е погодна за сите видеа од YouTube, но и за Flash игри.

Заклучок

Sony Xperia go е еден од ретките телефони во средната класа кој нуди заштита од вода и прашина, обично тоа се телефони од ниската класа, наменети за оние кои работат во надворешни услови.

Овој пат се работи телефон кој цели што кон професионалци, толку и кон просечно население. Тоа го покажува и со фактот што иако доаѓа со застарениот Gingerbread, сепак има најава за надградба во ICS што покажува дека има сериозни намери.



Не толку за пофалба се послабата RAM меморија и недостатокот на втора камера за видео повици – нешто што почнаа сè повеќе корисници да го користат. Но, затоа пак тука е да надомести главната камера која за нејзината класа нуди навистина солидни резултати.

Сума сумарум, Sony Xperia go вреди да го испробаат сите досегашни, па и нови, корисници на Sony Xperia, особено оние кои се навикнати на оваа серија. На ова може да се надоврзе и ветување за надградба во ICS.

Што мислите вие за овој телефон? Пишете ни тука.

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: