Asus PadFone – комбинација на смартфон и таблет

Објавено на 20.08.2012 во Рецензија



Asus PadFone – комбинација на смартфон и таблет

Вовед

Asus PadFone e еден од најуникатните уреди – тој е комбинација на телефон и „шасија“ на таблет, каде машинеријата ја покренува телефонот.

Идејата е во тоа што веќе имате голема процесирачка во вашиот телефон, па така, зошто тогаш би ви требало да имате уште еден уред со слични перформанси кога можете да го користите хардверот на телефонот... и нешто поголем дисплеј?!

Да не зборуваме дека ова значи и помалку пари, отколку што би морале да плаќате за телефон и таблет посебно. Колку и добро да звучи ова, PadFone е првиот гаџет од овој вид, па затоа некои факти сепак треба да се проверат.



Дизајн и дисплеј

Телефонот го краси 4,3 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, што е сосема солидно за денешни стандарди. Дисплејот има добри бои и агли на гледање, а особено изненадува со видливоста во надворешни услови.

На изглед, телефонот изненадува со интересни и благи линии, а иако е направен од пластика, сепак се работи за цврст оклоп во црна боја кој е пријатен за држење.

Од по страните, се наоѓаат копчињата за контрола на звукот, исто како и копчето за заклучување, кои се обложени со алуминиум и се лесни за притискање.

Тука некаде ќе ги најдете и micro-HDMI и micro-USB излезите - micro-HDMI излезот значи дека ќе можете да го споите уредот со HD TV.



PadFone станица и приклучување:

Кога PadFone ќе го приклучите за PadFone станицата се добива 10, 1 инчен таблет, па тука работите малку се комплицираат. Како прво, таблетот не може да работи самостојно  без телефонот.

Како второ, додека телефонот има интересен и модерен дизајн, во таблет верзија не е ниту оддалеку атрактивен како телефонот – тој е дебел, тежок и гломазен – или како Apple iPad или Asus Transformer Pad. Дури и да сакате да гледате филмови или да читате книги на него, ќе имате проблеми.

PadFone Station доаѓа со 10,1 инчен LCD IPS дисплеј и резолуција од 1280 x 800 пиксели, кој исто како и екранот на телефонот, покажува одлична видливост на отворено, а и не е лош за неговата класа.

Во поглед на дизајн, од по страните се видливи два звучници и една камера од 1,3 МП врз самиот дисплеј за видео повици, односно задна камера од 8 мегапиксели. Поголемиот брат го напојува батерија од 6,600mAh.



Процесор и меморија

Asus PadFone доаѓа со дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 MSM8260A процесор на 1,5GHz, 1GB RAM меморија и Adreno 225 графичка – комбинација која може да се носи и со некои уреди со четири-јадрени процесори.

Што се однесува до внатрешната меморија, PadFone доаѓа во верзии од 16GB и 32GB – и двете верзии може да се прошират со microSD мемориска картичка.

Интернет

PadFone работи на Ice Cream Sandwich – во превод тоа значи Google Chrome пребарување и сите придобивки што ги носи тој.

Камера

Од задната страна се наоѓа камера од 8 МП со автофокус и блиц. Камерата нуди прецизна и добра репродукција на боите, навистина солидна за нејзиниот вид, единствена мана е тоа што сликите ги прави многу бавно.

Интерфејсот на камерата е дело на Asus, со одлични визуелни ефекти.



Мултимедија

Asus PadFone не поддржува DivX филмови, па затоа ќе треба да побарате апликација на интернет.

Што се однесува до галеријата и музичкиот плеер, тие се целосно непроменети од она што го носи Android 4.0.



Заклучок

Asus PadFone е првиот обид да се оствари една ваква интересна идеја – еден уред да ви задоволи повеќе процесирачки потреби. Но, ова е првиот реален обид кој достигнал конечна и вистина верзија, а не само концепт.

Што се однесува до цената, фактот дека ќе заштедите пари со комбинација на овие два уреда во еден не знаеме колку ќе држи вода, бидејќи уредот се продава за околу 850 евра во моментов низ Европа.

На крај крајот, идејата се цени. Инаку, телефонот е брилијантно дизајниран, но хардверски гледано ниту процесорот, ниту дисплејот, не ја оправдуваат цената. Да не заборавиме дека iPad 3 е ем поевтин ем има многу подобар дизајн, да не говориме и за дисплеј.

Сепак, за оние со малку подлабок џеб и желба за експерименти, но и ослободување од тоа да не мислите на два уреда постојано (дали се наполнети и сл), тогаш Asus PadFone е вистински избор за вас.

Дали би го купиле Asus PadFone? Пишете ни овде.

Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: