Huawei Ascend D quad XL
Huawei е компанија која сака да го отргне имиџот од себе дека е спосoбна само за производство на ефтини и нискоквалитетни уреди, но мора де се признае дека ваквиот исчекор е започнат неодамна. Затоа потребно е време за купувачите да ги поврзат поимите Huawei и квалитет. Huawei Ascend D quad XL е смартфон кој може да го постигне тоа бидејќи се работи за одличен уред кој поседува врвни карактеристики каде најмногу се истакнува четиријадрениот процесор со брзина од 1.5 GHz.
Дизајн
Huawei Ascend D quad XL е изработен целосно од пластика, што на некој начин го одзема премиум изгледот, за разлика од другите водечки смартфоникои користат поквалитетни материјали за шасијата. Исто така неговите димензии се со просечна големина, па и во овој дел не може да се пофали со многуголема компактност.
Смартфонот е дебел 11.5 мм, што е за 3 мм повеќе од директните конкуренти. LED сијаличката за известувања емитува различни бои за пропуштени повици, пораки или други промени во статусот. Се на се смартфонот изгледот навистина гломазно за денешни критериуми, особено во премиум сегментот, но тоа не значи дека не е функционален.
Екран
Екранот на Huawei Ascend D quad XL може да се пофали со висока резолуција и голема густина на сликата од 326 пиксели на еден инч. Големиот екран од 4.5 инчи поседува IPS LCD технологија и нуди одлична жива слика, со изразени бои и јасна видливост. Со сигурност може да се каже дека ова е еден од подобрите екрани понудени во последно време.
Интерфејс
Во делот на корисничкиот интерфејс нема никакви поголеми интервенции од страна на кинезите, што значи дека добивате стандарден софтвер од Android Ice Cream Sandwich. Тоа што најмногу се забележува и може да ве излаже е неговиот изглед кој многу потсетува на Nexus уредите и на последната верзија Jelly Bean. Меѓутоа не е само изгледот , бидејќи оперативниот систем поседува и неколку новитети како што се новиот виџет за временска прогноза, виџетот за мултимедиа и промените на конекцијата.
Хардвер
Одличниот четиријадрен ARM Cortex A9 процесор со брзина од 1.5 GHz покажува врвни перформасни, рамо до рамо со најдобрите компоненти како што се Tegra 3, Qualcomm Snapdragon S4, Exynox 4 и А6. Huawei Ascend D quad XL прикажува одлични резулати на брзинските и тестовите за графика, сместувајќи се при врвот на овие листи. Смартфонот е опремен и со 1 GB RAM и 8 GB вградена мемрија со можност за надополнување преку мемориска картичка. Одличниот хардвер овозможува непречено користење на софтверот, како и одлична брзина при сурфањето на интернет. За конектирање достапни се можностите преку 3G HSPA+ мрежата, Wi-FI, Bluetooth, GPS, USB, но недостасува NFC.
Камера
Камерата од 8 мегапиксели со dual LED блиц обезбедува солиден квалитет на направените слики. Пристапот до интерфејсот на камерата е многу брз, а исто така камерата брзо го добива својот фокус, во зависност од нивото на светлина. Достапни се опциите HDR, Panorama и други. Видео можностите достигнуваат HD резолуција од 1080 пиксели со 30 слики во секунда, но во слабо осветлени простории се јавува проблем со автофокусот, а квалитетот паѓа на 24 фрејма.
Мултимедиа
Слушањето музика на овој смартфон е одлично благодарение на квалитетниот и гласен звучник. За софтверот е задолжен музичкиот плеер Music + кој има едноставен и функционален интерфејс. Смартфонот ги подржува сите популарни видео формати, па гледањето на видеа престатвува вистинско задоволство, надополнето со опцијата за Dolby Digital Mobile Plus.
Заклучок
Huawei Ascend D quad XL e смартфон кој може да се носи со најдобрите претставници на Android во овој момент како Sony Xperia T, LG Optimus 4X HD или HTC One X. Овој смартфон има свои предности како што е одличната батерија со капацитет од 2600 mAh, квалитетниот екран, но и неколку недостатоци пред се во камерата и неговиот дизајн кој не одговара на премиум сегментот, но тој компромис е направен за внатрешноста на Huawei Ascend D quad XL да биде многу подобра, што за некого ќе биде сосема прифатлив факт. Во однос на цената Huawei овој пат не изненади, бидејќи Huawei Ascend D quad XL е речиси исто скап како и останатите конкуренти.
Автор
Христијан Станоевиќ