Nokia Lumia 620

Објавено на 10.12.2012 во Рецензија



Nokia Lumia 620

Вовед
 
Nokia Lumia 620 е најновиот и најмалиот член на финската компанија од серијата Windows Phone 8, сo спортска шасија во различни бои и релативно атрактивна цена.
Се очекува да биде пуштен во продажба на почетокот на следната година, а цената за Lumia 620 ќе биде 190 евра во Европа.
Следејќи ги Nokia Lumia 820 и Lumia 920, Lumia 620 доаѓа во седум различни бои и тоа: тиркизна, жолта, црна, бела, пурпурна, како и двете нови опции зелена и портокалова.



Дизајн

Шасијата на Nokia Lumia 920 е навистина цврста и различна од останатите, изработена од квалитетни материјали и отпорна на удари. Иако, овој смартфон тежи 127g, сепак е доста мал и компактен за во рака за разлика од супер-големиот Lumia 920.
Трите копчиња долу од десната страна на Lumia 620 се единствените физички копчиња на телефонот, и одговара на изгледот на Lumia 820 и Lumia 920.
На врвот се наоѓа копчето за волумен, а потоа доаѓа портот за полнење во средината и копчето за камера на дното – така што сите тие можат лесно да бидат ракводени со палецот или прстите во зависност од тоа во која рака се држи смартфонот. 



Камера

Камерата од 5МР може да се активира или преку копчето кое се наоѓа десно на надворешниот дел на телефонот, или пак преку селектирање на иконата за камера во листата на апликации.
Има еден LED блиц, а камерата е исто така способна за снимање на 720p видео (што и не е лошо за уред од оваа цена), плус има предна VGA камера за Skype разговори и може да се користи како огледало.
Nokia е подготвена да истакне дека Lumia 620 доаѓа со сите фенси додатоци на камерата кои ќе ги најдете на помоќните мобилни телефони, вклучувајќи Smart Shoot, Cinemagraph and Nokia City Lens.



Хардвер и меморија
 
Lumia 620 има 1GHz dual-core процесор и 512 RAM меморија која работи на Windows Phone 8 без проблем.
Слотот за мемориска картичка е корисен додаток бидејќи може да поддржува microSD картички до 64GB, дополнувајќи ја внатрешната меморија од 8GB Lumia 620 - иако меморијата која е достапна за користење е скоро 6GB.




Заклучок
 
Првите знаци за Nokia Lumia 620 се позитивни и овој смартфон би можел да биде атрактивна опција за купувачите.
Во кратки црти, Lumia 620 е помалиот Lumia 820, без безжично полнење, малку помоќен и со поголем дисплеј - што е добар знак како 620 успеа да добие 4 од 5 во нашата целосна ревизија.





Прочитајте повеќе: