Sony Xperia Z - вистинскиот 007 смартфон

Објавено на 12.01.2013 во Рецензија



Sony Xperia Z - вистинскиот 007 смартфон

 

Предности
 
-       Квалитетен дизајн
 
-       Моќна камера
 
-       Врвен екран
 
-       Отпорен на вода
 
 
 
Негативности
 
-       Слаб квалитет на дисплејот гледано под страничен агол
 
-       Не е најнова верзија на Android

Вовед

Sony го нарече Xperia ТL како телефонот Џејмс Бонд, но таа титула всушност требаше да биде за монструозниот Xperia Z кој само што беше претставен на својата презентација на CES 2013. Ова е навистина одличен телефон со Full HD мобилен дисплеј кој вреди да го запознаете подобро со неговиот четири-јадрен процесор, голем екран од 5 инчи и камера од 13 МР.

 

Дизајн

Xperia Z со екран од 5 инчи има изненадувачки компактни димензии, поради делумната употреба на навигациските копчиња на екранот, како и со својата тенка конструкција од 7.8mm, но доста цврста шасија, со сертификација за отпорност на вода и прашина.

Исто така, Xperia Z е направена од трендовски премиум материјал за стакло, кое што беше воведено со iPhone 4, што значи дека изгледа и се чувствува убаво во рака, далеку од она што можеа да го понудат вообичаените пластични шасии  што скоро сите ги користат.

За задната страна, Sony го користи стаклото Asahi Dragontrail, кое е во ‘роднинска’ врска со брендот на Corning популарните Gorilla Glass, па можете да бидете сигурни дека шасијата на Xperia Z ќе биде тешка и отпорна на гребење. Sony направил и пурпурна боја како опција за Xperia Z додадена кон вообичаените бела и црна, покажувајќи дека може да се направи таква боја дури и со мобилен телефон направен од стакло.

Можеби најдобрата од сите новости околу дизајнот на Xperia Z е дека Sony успеа да обезбеди мобилен телефон со целосен пакет на приклучоци и слотови, вклучувајќи една microSD картичка.

 

Дисплеј

Дисплејот од 5 инчи со 1080x1920 пиксели со Mobile BRAVIA Engine 2 мобилна технологија ја прави Xperia Z еден од вистинските конкуренти на пазарот за 2013 година.

Последните HD екрани на Sony на неодамнешните претставници на Xperia беа добри во однос на густина на пикселот и бојата на дисплејот, но со недостаток во квалитетот на боите на екранот гледано под страничен агол. Тој проблем е забележан и кај Xperia Z, но бидејќи 99% од времето смартфонот се гледа право, тогаш и да го земеме овој недостаток како најголем сепак е одличен смартфон.



Предност е тоа што може да се гледа Full HD видео, чиј што екран воопшто не претставува закана дека брзо ќе ја испразни батеријата и е со одлична издржливост.

 

Процесор и меморија

Xperia Z работи на Android Jelly Bean 4.1 на четири-јадрен Snapdragon S4 Pro процесор со брзина од 1.5 GHz, кој сега е еден од најдобрите процесори со кој се напојуваат и најдобрите Android телефони во моментов, како Nexus 4, и се покажа дека досега немало проблеми да забави, а се зајакнува и со интегрирана LTE и HSPA +.

RAM меморијата од 2 GB е прва за Sony, но беше вообичаена за ѕверските смартфони на Samsung и LG минатата година.

Sony има интегриран 16 GB флеш чип за меморија во Xperia Z, и за среќа, има вклучено microSD слот, така што може да се додава и повеќе меморија.

 

Камера

Друг многу интересен аспект на телефонот е неговата камера од 13 MP со сензор на задната страна. Тоа е новата верзија на Exmor RS, што значи дека има "намален" дизајн кај камерата, заземајќи помалку простор, а истовремено дава подобра осветленост на фотографијата во темно.

Она што навистина го издвојува, сепак, е HDR за снимање видео, кое што може да работи дури и во недоволно осветлени ситуации а сепак не претставувајќи закана за добро Full HD видео снимено со Xperia Z.

 

Заклучок

Генерално, Sony излезе со прилично одличен Android смартфон кој во моментов може да се смета за најдобар во својата висока класа со оглед на слотот за проширување на меморијата, отпорноста на вода и прашина, и HDR способноста за видео.

Xperia Z всушност покажа зошто Sony е втор по големина Android производител по семоќниот Samsung, и таа позиција најверојатно само ќе ја потврди оваа година.

Автор: Aleksandar Stankov