ZTE Grand X

Објавено на 17.02.2013 во Рецензија



ZTE Grand X

 

Доколку ви се допаѓаат телефони од средната класа со оперативен систем Android, тогаш дознајте нешто повеќе за Grand X на ZTE. Кинеската компанија се повеќе е препознатлива на светскиот пазар по своите добри уреди и со големи амбиции да стигне до врвот со останатите компании со Android како Samsung, LG и HTC. Како и да е, ZTE е еден од најголемите производители и продавачи на телефони во Кина.

ZTE Grand X можете да го најдете и кај македонските оператори со поволна цена, и добра понуда во постпејд.

Предности
+ Евтин
+ Android 4.0
+ Дво-јадрен Tegra 2 процесор
+ Брз пребарувач
+ Слот за MicroSD картичка
 
Негативности
-Слабо-осетлив екран на допир
-Батерија која не трае долго
-Пластична шасија

Вовед

И покрај името Grand на смартфонот што би требало да значи голем уред, сепак ова е телефон со вообичаена големина и доста приспособлив за работа со една рака.
Овој смартфон има дво-јадрен процесор, камера од 5МР и Android Ice Cream Sandwich. Пластичната шасија му дава изглед на евтин телефон, но процесорот Tegra 2 со две јадра го прави доста брз телефон и со добар перформанс.

Дизајн

Grand X го има само во црна боја, која што е и најчеста боја на пазарот на мобили уреди. Естетски изгледа одлично со своите заоблени краеви.
Предната страна скоро цела е со екран, и нема ниту едно физичко копче. Всушност, освен копчето за волумен од страна и она за вклучување на врвот, телефонот и нема други копчиња.

Grand X со дијагонала на екран од 4.3 инчи е во истата група на екрани со вообичаена големина како и повеќето телефони на пазарот. Исто така, тој тежи 110g а тенок е 9.9mm, што значи дека не е ниту најтежок ни пак најтенок од телефоните, едноставно просечен. Тоа се добри димензии за лесно да се вклопи во рака, така што без проблем можете да се движите од една до друга страна на екранот додека го држите во една рака. Градбата на телефонот изгледа прилично цврста и отпорна, а е направен од гумирана пластика за да не се лизга во рацете.

Екран

Смартфонот има екран од 4.3 инчи, со qHD резолуција од 540 х 960 пиксели што е еднакво на 256 пиксели за инч. Екранот изгледа чист и разнобоен, но сепак спореден со врвните смартфони кои имаат AMOLED екрани, овој дисплеј се разликува во квалитетот.
Послаба страна на телефонот е прилично слабиот екран на допир, бидејќи е потребно посилен допир со врвот на прстите за да се реализира саканата опција. 

Оперативен систем и апликации

Grand X работи на Android 4.0 (Ice Cream Sandwich) со интерфејс кој работи одлично. Има апликации кое доаѓаат со телефонот, но се разбира може да симнат уште апликации за смартфонот од Google Play store. Достапни се повеќе од 700.000 апликации, кои нудат доста широк опсег, вклучувајќи некои апликации само за Android. Но, имајте на ум доколку симнувате многу апликации, дефинитивно ќе треба да купите мемориска картичка.

Поради фактот дека овој телефон работи на оперативен систем на Google, интегрирани се апликациите на Gmail, YouTune, Maps и Google+.

Хардвер

Grand X има дво-јадрен процесор со чип на Tegra 2 со брзина од 1GHz. Телефонот има вградена меморија од 4GB која може да се зголеми со MicroSD картичка до 32GB, како и 512MB RAM меморија.
Исто така, телефонот е добар за игри, иако можеби е потребно некое време за да се отвори играта.

За слушање музика е доста моќен, со чист звук и Dolby Mobile апликација.
Квалитетот на повикот е прилично добар и без шумови во позадина.

Батерија

Времетраењето на батеријата е сепак субјективно во зависност од тоа како го користите телефонот. Со просечна работа, музика, сурфање и повици, телефонот може да издржи 1 ден.  

Камера

Задната камера на Grand X е со 5МР, што е вообичаено за овие телефони од средната класа. Предната камера има 0.3МР за видео повик, чиј што квалитет сепак е многу слаб.
Главната камера вклучува LED блиц, дигитален зум, HDR и ефекти, како и HD поддршка за видео снимање. На екранот нема физичко копче преку кое ќе ја вклучите камерата, туку мора да одите преку менито на екранот.
Квалитетот на сликите е задоволителен во нормални денски услови, но во услови со намалена светлина сликите имаат полош квалитет.

Заклучок

ZTE Grand X е еден од подобрите смартфони од средната класа со добар софтвер и брзи перформанси. За оваа категорија на телефони, верзијата на Android 4.0 е доста нова верзија. Екранот има квалитетна надворешна изработка, дава добар приказ на бои, брзо листање на менијата, и пријатно лежи во рака.
Како негативни работи би ги навеле, лошиот квалитет на сликата при услови на слаба светлина, не толку осетливиот екран и издржливоста на батеријата, но генерално, овој телефон нуди доста и тоа за евтини пари. 





Прочитајте повеќе: