BlackBerry Z10 - Вистинскиот iPhone убиец

Објавено на 19.02.2013 во Рецензија



BlackBerry Z10 - Вистинскиот iPhone убиец

Не помина ниту еден месец од официјалното промовирање на новото лице на BlackBerry преку новиот оперативен систем и двата нови смартфони, а веќе компанијата се врати во живот и ја подобри својата финансиска состојба. BlackBerry подолго време не бил во центарот на вниманието за убави вести кои постојано се пласираат во последниот период за разлика од минатата година кога речиси сите ја погребаа компанијата.



По долгата хибернација BlackBerry конечно има спој на нов и иновативен софтвер, кој во овој момент најдобро може да се анализира преку функционалноста на првиот BlackBerry со екран на допир, а тоа е BlackBerry Z10. Интересно е и што во наредниот период ќе гледаме директна борба меѓу BlackBerry Z10 и iPhone 5, со оглед на тоа што и двата смартфони доаѓаат од компании со слична философија, имаат речиси идентична таргет група, а тука се и големите сличности во поглед на софтверските карактериски, што значи дека Android барем во наредниот период ќе гледа од страна кој ќе излезе како победник во овој дуел.

 
 
Генерални карактеристики

На прв поглед BlackBerry успеал да создаде одличен уред, нешто малку поразлично од останатите, но без преголеми алузии дека се работи за најреволуционерниот уред во последниот период. Според експертите ваков смартфон и оперативен систем на BlackBerry му беа потребни уште пред две или три години кога цел свет се насочи кон екраните на допир и напредните софтвери на Google и Apple, па затоа и компанијата заглави во финансиска спирала на тонење. Но, тие времиња се веќе минато, а пред BlackBerry стои нова перспектива. BlackBerry Z10 е првиот нивни смартфон со целосен екран на допир, кој изгледа навистина класично и бизнис ориентирано, па некои веќе прогнозираат дека следната голема тужба на Apple ќе биде токму против BlackBerry.

 

BlackBerry Z10 се вклопува во старата философија на компанијата, која никогаш не била во трка за најновите хардверски компоненти, ниту се трудела премногу за најмногу гигагбајти, мегахерци и мегапиксели. Слично како и Apple целта е да се понуди функционален уред, кој својата предност ќе ја бара во одлично оптимизираниот софтвер. BlackBerry Z10 хардверски гледано не поседува процесор, меморија и камера која е во ист ранг со врвната конкуренција, но затоа се обидува да компезира со брзиот софтвер, со одличните алатки и иновативните начини на пристап до апликациите, менито и опциите за прилагодување. На истите им треба понатамошно развивање, но за волја на вистината треба да се земе во предвид дека овој оперативен систем е сеуште на почеток, па има голем простор за надоградување во иднина.

 

Дизајн

BlackBerry Z10 потсетува според изгледот на добро познатата естетика на BlackBerry, без премногу експерименти и додатоци на предната и задната површина. Телото на овој смартфон е изработено од цврста пластика, што некој ќе го смета за мал недостаток, но воопшто не издава никаков впечаток на евтиност и кршливост, напротив BlackBerry Z10 може да се пофали со солидeн квалитет. Најголем недостаток е големата неискористена површина околу екранот со дијагонала од 4.2 инчи. Ако граничниот простор околу екранот е доволно истакнат, неразбирливо е зошто има додатни два панели од горната и долната страна со што дополнително се додава на неговата големина и висина. Сепак смартфонот е неверојатно тенок со само 6.9 милиметри.

The BlackBerry Z10 is donning an all-plastic minimalistic construction - BlackBerry Z10 Review  The BlackBerry Z10 is donning an all-plastic minimalistic construction - BlackBerry Z10 Review 

Во однос на функционалноста на дизајнот може да се каже дека се применети различни решенија. Така на левиот раб се наоѓаат micro USB влезот за полначот и поврзувањето и влезот за мултимедиа HDMI, додека на десниот раб е регулаторот за звук, а меѓу него има и дополнително трето копче кое е задолжено за мултимедиа. На BlackBerry Z10 нема поставено ниту едно физичко копче, бидејќи тие се применети во корисничкиот интерфејс.

Left edge - BlackBerry Z10 Review  Volume and multi-function buttons (right) - BlackBerry Z10 Review

Задниот панел има фин завршеток со речиси гумена подлога што овозможува комотно држење на смартфонот во рака, кој исто така е и многу лесен, но како што претходно заклучивме е непотребно многу висок. На предната страна се наоаѓаат и потребните сензори, LED сијаличка за известувања и камерата од 2 мегапиксели, додека под екранот незабележливо е вметнат микрофонот. На горниот раб се наоѓа копчето за вклучување заклучување и 3.5 мм влез за слушалките.

BlackBerry buttons - BlackBerry Z10 Review     Power button and 3.5 mm jack (top) - BlackBerry Z10 Review 

Екран

Голем напредок има во делот на екранот, бидјќи сите ќе очекуваат солиден перформанс во овој дел со оглед на тоа што се работи за првиот тач екран на BlackBerry. Тој има големина на дијагоналата од 4.2 инчи, а во однос на резолуцијата може да се пофали со HD епитетот, односно 1280 х 768 пиксели и густина на сликата од 356 пиксели на еден инч со што лесно ги надминува дел од конкурентите на пазарот. Сепак мора да се истакне дека BlackBerry заостанува зад неодамна лансираните смартфони со 5 инчен екран и Full HD резолуција и густина на сликата од 441 пиксел на еден инч.

 

Тоа за BlackBerry Z10 можеби и не менува премногу, бидејќи нуди детална слика со одлично изразени природни бои и добра видливост од различен агол благодарение на LCD технологијата. Мал сомнеж има во изборот на заштитата на стаклото кое за изненадување не е Corning Gorilla Glass и има мали забелешки дека тешко се чистат отпечатоците од прсти иако заедно со смартфонот доаѓа и специјално микрофибер крпче за таа намена.

 

Хардвер

Хардверските компоненти на BlackBerry Z10 не се на листата на врвна мобилна технологија во овој момент, но може да се каже и дека не заостануваат премногу во однос на најдобрите смартфони моментално. Смартфонот поседува dual-core 1.5GHz Qualcomm Snapdragon S4 Plus процесор, комбиниран со 2 GB RAM, а меморискиот капацитет изнесува 16 GB од кои 10 се достапни за корисникот, но за среќа тука е можноста за дополнување до 32 GB преку мемориска картичка microSD.



Иако BlackBerry Z10 не поседува четири-јадрен процесор како што сите би очекувале, балгодарение на неговиот стабилен и минимален софтвер кој не бара голема хардверска маса, сепак работи непречено во сите области, интернет, мултимедиа, гејминг, мултитаскинг без никакво кочење и забавување. BlackBerry повторно докажува дека многу поважна е оптималноста на софтверот, а не најновите хардверски компоненти. Исто така треба да се напомене дека сите хардверски делови се произведени од врвни производители, како што се Samsung, Sony и Qualcomm.

Кориснички интерфејс

Овој смартфон е првиот кој работи на новиот оперативен систем BlackBerry 10 за кого веќе напишавме детална анализа за сите негови карактеристики, гестови и опции. Во таа смисла може да ги одвоиме најважните сегменти во однос на функционалноста на BlackBerry Z10. Најпрво ќе го издвоиме новиот начин на добивање на известувањата уште на заклучениот екран на кој се наоѓаат неколку основни информации.

The new UI of BlackBerry OS 10 - BlackBerry Z10 Review The new UI of BlackBerry OS 10 - BlackBerry Z10 Review The new UI of BlackBerry OS 10 - BlackBerry Z10 Review

Понатаму продолжуваме со почетниот екран и менито со апликации кое за жал нема можности за прилагодување со виџети како кај Android, туку многу наликува со својата едноставност и прегледност како и iOs на Apple. Меѓутоа разликата ја прави алатката BlackBerry Hub која на сосема нов начин ги прикажува сите тековни известувања. Пристапот до неа е многу едноставен со гестот од лево кон десно со што се прикажуваат сите известувања од различните категории, како што се социјалните мрежи, email, аларми, состаноци и други податоци.

Gestures on the BlackBerry Z10 - BlackBerry Z10 Review Gestures on the BlackBerry Z10 - BlackBerry Z10 Review Gestures on the BlackBerry Z10 - BlackBerry Z10 Review

Функционалност

Ова е и првиот BlackBerry смартфон кој им можност за 4G LTE поврзување со што се добива одлична брзина на пренос на податоци. Покрај тоа обезбедени се и сите други стандардни видови на поврзување, како што е Wi-Fi, Mobile Hot Spot, NFC, GPS. За голема пофалба е и BlackBerry интернет прелистувачот кој нуди одлично кроисничко искуство со доволен број на опции при сурфањето.

Email - BlackBerry Z10 Review Email - BlackBerry Z10 Review BlackBerry Z10 Review

Батеријата на BlackBerry Z10 има капацитет од само 1800 mAh, но тоа не значи дека смартфонот брзо ќе ја потроши енергијата. Како што наведоа од компанијата оптимизацијата на уредот овозможува ефикасно користење на батеријата без никаков проблем, но потребно е дасе направат сите тестови за да се провери ваквото тврдење. Добра страна е што до неа се пристапува и таа е заменлива откако ќе ја отстраните задната покривка. Тука имате и пристап до лежиштето за microSIM и microSD мемориската картичка.

BlackBerry Z10 Review Battery compartment - BlackBerry Z10 Review 

BlackBerry Z10 може да се пофали и со одличен звучник бидејќи при воспоставување на повик и двете страни се слушаат доволно гласно, без никакви дисторзии. Заедно со телефонот доаѓа и пар слушалки, микрофибер крпче за бришење на екранот, а најинтересно е и што доаѓа специјална футрола која автоматски го исклучува екранот штом го вметнете телефонот внатре.



Заклучок

Со лансирањето на BlackBerry 10 очигледно е дека целта на компанијата е да си ги врати старите фанови за кои поседување на ваков смартфон беше статусен симбол, односно уред кој е повеќе од мобилен телефон. Сега BlackBerry навистина има што да понуди, квалитетен смартфон комбиниран со нов оперативен систем кој е многу пофункционален од старите BlackBerry уреди, но со задржување на аурата за бизнис ориентирана платформа на која местото и е во врвното друштво.

BlackBerry Z10 Review

BlackBerry навистина успеал да му се доближи на iPhone кога е во прашање оперативниот систем и софтверот, како што е поголемото ниво на персонализација, новите гестови и зголеменото ниво на мултитаскинг кои му недостигаат на iOS во овој момент. Хардверски гледано се речиси изедначени, што значи дека борбата ќе биде добиена во сегментот апликации, а таму сеуште доминира Apple, но со тек на време платформата на BlackBerry World ќе расте. Ако намерата е да се превземе целната група составена од купувачите со поголем џеб кои секогаш сакаат да ја поседуваат најновата мобилна играчка, тогаш BlackBerry е на добар пат, но дали ќе успее во тоа зависи и од одговорот на Apple кој има доволно време да лансира нов смартфон во наредните месеци кој само ќе ја потврди нивната доминација.

Автор

Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: