ZTE Blade III

Објавено на 25.02.2013 во Рецензија



ZTE Blade III

 
Предности
+вреди за парите
+прекрасен екран
+брзо работи
 
Негативности
-скромна тастатура
-камерата нема блиц
-слаба внатрешна меморија
 
Вовед
Последниот претставник на успешната серија Blade, ZTE Blade III има добар екран, со капацитет на меморија од 2.5 GB која може дополнително да се зголеми со мемориска картичка од 32 GB. Blade III е телефон кој е лесен за користење со Wi-Fi, со 5 МР камера со автофокус, и поддршка за видео и аудио стандарди. Оперативниот систем Android 4.0 го прави уредот доста вреден и со конкурентна цена на пазарот на смартфони од својата категорија.

Една од причините зошто ZTE успева да направи уред со толку ниска цена на пазарот е фактот дека Blade III (или Blade 3) е дизајниран и произведен во Кина со евтина работна сила. Иако кинеските производители ZTE и Huawei во последно време претставуваат моќни уреди на пазарот, сепак реалноста е дека тие се уште главно се фокусирани на ниско-буџетните уреди. Blade III се наоѓа во средната класа на линијата на смартфони, ставајќи го помеѓу моќните серии на Grand и евтиниот ZTE Kis. Тоа значи дека овој телефон е рамо до рамо со перформанси и цена со HTC Desire C и Sony Xperia Miro.
 
Дизајн
Ова е уред кој лесно се вклопува во рака со димензии од 120.5 х 63.5 х 10.85 mm со тежина од 130g. ZTE Blade III има забележителна пластична покривка чија што конструкција е балансирана за лесно држење во раце.

На горната страна се наоѓа копчето за вклучување, односно заклучување на телефонот, додека на долната лева страна е копчето за јачина заедно со влезот за microUSB на Blade III.
 
Екран
ZTE Blade III има екран со дијагонала од 4 инчи со резолуција на екран од 800 х 480. Дисплејот е прекрасен со TFT 65K бои. Под екранот се наоѓаат четири копчиња на допир за движење низ оперативниот систем на Android 4.0.4. Вообичаените копчиња на Android се: мени, дома, назад и пребарувај, кои се доста осетливи на допир.

 
Оперативен систем
За среќа ZTE Blade III работи на Ice Cream Sandwich Android 4.0.4 што е повеќе од добро за овој евтин телефон. Android е доста брз на Blade III и со оглед на процесорот со едно јадро, перформнсот е задоволителен. Она што ZTE го има додадено кон интерфејсот на Ice Cream Sandwich е брзиот бар кој се прави во подесувањата, со што Wi-Fi, Bluetooth и GPS не мора да се пребаруваат во менито.
 
Перформанс и звук
ZTE Blade III работи на процесор со едно јадро MSM 7227A, кој што не изгледа дека е доста брз но всушност основите прелистувања низ екранот како и разни апликации ги отвара доста лесно и без чекање. Некои едноставни игри, исто така може да се играат, но оние помоќните не очекувајте дека ќе ги исполни барањата.

Звукот е добар со вклучен Dolby Mobile со чисто аудио и доволно силен звук преку звучниците.
Што се однесува до пишувањето, ова и не е баш голема предност но е сепак е добро во однос на не толку големиот и широк екран. Тастатурата на ZTE е Qwerty која и не е многу згодна за пишување со голема можност да се промаши саканата буква.
 

Меморија
Blade 3 има меморија од  4 GB, но само 2.5 GB се достапни за користење од сопствениците. На многу луѓе тоа им е доволно, но доколку симнувате игри тој простор може да биде премал. Добрата вест е дека може да се додаде SD картичка од 32 GB за дополнително проширување на меморијата.

 
Камера
Главната камера на ZTE Blade III има 5 МР со дигитален зум од 4х со автоматски баланс на светлината, контраст, фото ефекти, но нема блиц. Тоа значи дека може да очекувате добри слики на дневна и јака светлина, додека навечер сликата би била со доста лош квалитет. Овој уред исто така може да прави и видео снимање.

 
Батерија
Батерија на Blade III е 1600mAh која не држи многу, но се оглед на малиот екран и послаб процесор и нема да се троши многу. За вообичаено работење со разговор и пребарување, телефонот може да трае еден ден со едно полнење.
 
Заклучок
Генерално, ZTE со овој уред нуди доста евтин телефон со добри спецификации. Тој е скрoмен смартфон со прилично добар екран и камера, како и со доволно добри перформанси за повеќето задачи на Android. Телефонот е малку послаб за моќни игри. ZTE Blade III можете да го најдете кај нашите оператори по ниска цена и поволни тарифи во постпејд.
Како и да е Blade III e вреден и квалитетен уред за парите. 





Прочитајте повеќе: