Sony Xperia E dual - Мало, евтино и врши работа

Објавено на 10.03.2013 во Рецензија



Sony Xperia E dual - Мало, евтино и врши работа

Веќе на пазарот имаме можност да најдеме повеќе квалитетни смартфони кои припаѓаат на пониските класи со достапни цени, а како нивни заштитен знак стана можноста за користење на две СИМ картички. Најнов во таа низа е Sony Xperia E dual кој ќе се обиде да се наметне кај купувачите кои имаат ограничен буџет и своето место ќе го најде во евтините пост-пејд и при-пејд понуди. Овој смартфон има една предност во однос на мноштвото Dual SIM мобилни телефони, а тоа е добро познатиот бренд на Sony Xperia.


 
Генерални карактеристики

Секако не е доволно за успешноста на смартфонот да стои само веќе докажан бренд туку и висока функционалност, новитети во софтверот и хардверот. Sony Xperia E dual во таа смисла има неколку позитивни страни, а тоа се прифатливите хардверски компоненти за оваа категорија кои нема да ве воодушеват, но затоа си ја вршат својата функција, едноставниот кориснички интерфејс на Sony, како и добрата батерија. Негови пак слаби страни се екранот со ниска резолуција и камерата која е под нивото на очекуван квалитет. 


Дизајн
 
Sony во изминатиот период постави сопствени стандарди кога е во прашање естетиката на дизајнот, па така и Xperia E dual не отстапува од тој концепт, но самиот смартфон има нови карактеристики кои најмногу се забележуваат на задната страна. Иако е изработен од пластика, задната прекривка има мрежеста конструкција која овозможува удобно држење во раката и доволен степен на цврстина.

The Sony Xperia E dual is visually appealing - Sony Xperia E dual Review Back - The sides of the Sony Xperia E dual - Sony Xperia E dual Review
 
На предната страна е стандардниот рамен црн панел околу екранот, под кој се наоѓаат трите Android вградени копчиња, што за денешни услови е застарено решение. Трите Android копчиња, Back, Home и Recent подобро би било да се вградени во системот, отколку да зафаќаат простор под екранот. До нив се наоѓа и LED RGB светло за известувања, кое свети во различни бои во однос на соодветното известување.

Capacitive Android buttons - Sony Xperia E dual Review Volume, power and camera keys (right) - The sides of the Sony Xperia E dual - Sony Xperia E dual Review
 
Екран
 
Xperia E dual има навистина мал екран за денешни стандарди од само 3.5 инчи и многу ниска резолуција од 320 на 480 пиксели. Иако за работи за евтин смартфон изборот на ваков екран кој припаѓа на една застарена генерација навистина не е оправдување. Проблеми има со видливоста на отворено, а самиот смартфон нема сензор за автоматско прилагодување на светлината, па тоа ќе мора да го правите од опциите за екранот.


 
Кориснички интерфејс
 
Овој смартфон работи на последната верзија на оперативниот систем Android Ice Cream Sandwich, 4.0.4, a oд Sony најавија дека наскоро ќе следи и надградба до новата верзија 4.1 Jelly Bean.
Врз софтверот на Android е применет корисничкиот интерфејс на Sony Timescape кој обезбедува доволен број на корисни виџети и интеграција со социјалните мрежи и сервиси за комуникација. Изгледот на корисничкиот интерфејс нема да ве воодушеви со визуелниот изглед, но затоа има висок степен на функционалност и повеќе можности за персонализација.

The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review
 
Бидејќи се работи за смартфон со две СИМ картички достапни се повеќе опции за искористување на таа можност, како што е избор на омилените контакти од двете картички. Понатаму смартфонот може да се пофали со висок степен на функционалност на двете картичка, па може наизменично од едната да воспоставувате повици и да праќате пораки, а од втората картичка да користите мобилна 3G мрежа за интернет.

The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review  The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review SIM cards can be set to handle different tasks - Sony Xperia E dual Review
 
Хардвер
 
Хардверските компоненти ни од далеку не се импресивни, но обезбедуваат минимални услови за завршување на сите задачи. Секако не треба да очекувате смартфонот да подржува комплексни операции, како играње на новите 3D игри, но некои поедноставни како Angry Birds: Star Wars ќе работат без никаков проблем. Sony Xperia E dual работи на едно-јадрен Qualcomm процесор со брзина од 1 GHZ, 512 MB RAM и Adreno 200 графика. Овие компоненти не се врвот на технологијата, но со оглед на соодветната класа се сосема прифатливи. На располагање имате 4 GB меморија, како и можност за надополнување преку microSD картичка.

The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review On-screen keyboard - Sony Xperia E dual Review The Sony Xperia E dual runs Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich - Sony Xperia E dual Review

Камера и Мултимедиа
 
Смартфонот има посебно копче за директна активација на камерата, но и тоа не е од голема полза бидејќи квалитетот со назначените 3.2 мегапиксели е далеку под нивото. Добиените слики нема да ве задоволат ниту при услови со добра осветленост бидејќи се јавуваат проблеми со изразувањето на боите и и деталите. Камерата снима и видеа со резолуција од 640 х 480 пиксели.



Во однос на мултимедијалните потреби достапен е познатиот музички плеер Sony Walkman кој нуди голем број на корисни опции како што се контроли на заклучениот екран, виџет за почетниот екран и благодарение на xLOUD добивате квалитетен и гласен звук. Голем недостаток е ограниченоста на видео плеерот преку кој може да гледате само видеа со ниска резолуција до 480 пиксели, а за HD воопшто и не се обидувајте.


 
Батерија и функционалност
 
Овој смартфон е опремен со батерија со капацитет од 1,500mAh и е повеќе од доволна за малиот екран и ниските хардверски побарувања, што значи дека ќе имате доволно време за сите операции во текот на денот без потреба да барате приклучок за струја. Батеријата е наменета за 6 часа непрекинато зборување, 33 часа слушање на музика и 8 часа наменети за гледање на видеа што е сосема доволно. За да го подобрите користењето на батеријата достапна е алатката Extended Standby која ги исклучува сите непотребни опции додека смартфонот е во мирување. Со Sony Xperia E dual е забележан и одличен квалитет на аудио приемот при телефонирање, кој произведува гласен тон и на двете страни.


Заклучок
 
Sony Xperia E dual е замислен и создаден пред се за основната функција на мобилните телефони, а тоа е телефонирање, која благодарение на квалитетниот звучник е одлична. Како надополнување на тоа е и двојната SIM функционалност која ви дава поголема слобода во изборот на мобилните оператори и тарифи.

Sony Xperia E dual Review

Токму затоа слабиот екран и камерата која е под нивото на квалитет може да бидат простени, а да не забораваме дека овој смартфон е наменет пред се за ниската класа и ќе има многу достапна цена. Предности кои може да се издвојат се и добрата батерија и пристојниот хардвер кои ќе овоможат добро сурфање на интернет, користење на апликациите без проблем, како и играње на некоја поедноставна игра.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: