Sony Xperia Z vs Apple iPhone 5

Објавено на 31.03.2013 во Рецензија



Sony Xperia Z vs Apple iPhone 5

Вовед
Во оваа рецензија направивме споредба на карактеристиките на двата модерни и врвни уреди во мобилната технологија, Sony Xperia Z и Apple iPhone 5.
Xperia Z е најдобриот смартфон на Sony кој беше претставен на големиот саем за електроника во Лас Вегас во јануари оваа година, па погледнете дали овој уред може да му конкурира на екстремно популарниот iPhone 5.
Исто така, целиот преглед на спецификациите на телефоните посебно можете да ги видите овде, Sony Xperia Z и Apple iPhone 5.

 
Дизајн
Xperia Z има поголем екран со димензии 71 х 139 mm, додека Apple iPhone 5 има 59 х 124 mm. И покрај големиот екран Xperia Z е скоро исто толку тенок како и iPhone 5, 7.9 mm споредено со 7.6 mm.
Воопшто не е за изненадување дека iPhone 5 е полесен со само 112 g, наспроти Xperia Z која тежи 146 g што и не е толку лошо за својата големина.

Двата смартфони изгледаат доста слично со квадратниот дизајн. Секој од нив е направен од високо квалитетни материјали вклучувајќи стаклен алуминиум и стаклени влакна. Убавината и елегантноста на овие два телефони може да ги видат корисниците, со таа разлика што Xperia Z е отпорен на вода и на прашина (потврдено со сертификатот IP57), додека iPhone 5 ја нема оваа предност.

 
Дисплеј
Apple ја зголеми големината на екранот на iPhone на 4 инчи со iPhone 5. Сепак, повеќето од смартфоните од високата класа на пазарот имаат поголеми екрани. Sony Xperia Z не е исклучок од нив, и има дисплеј од 5 инчи. Во светот на смартфоните, ова е голема разлика.

Sony Xperia Z има Full HD резолуција од 1080 х 1920 што е повисока од онаа на iPhone 5 со 640 х 1136. Иако екранот на Sony е поголем сепак има поголема густина на пиксел од 441 ppi во споредба со iPhone од 326 ppi.

 
Процесор
Apple го користи својот А6 чип базиран на градбата на ARM Cortex-A9, со дво-јадрен процесор со брзина од 1.3 GHz. Sony Xperia Z работи на 1.5 GHz Qualcomm Snapdargon S4 Pro процесор со 4 јадра и има 2 GB RAM – два пати повеќе од онаа на iPhone 5.

Sony Xperia Z има исти спецификации како оние на Google Nexus 4, така да воопшто не е за изненадување што на Geekbench 2 тестовите за репер освои 2009 поени за разлика од iPhone 5 кој имаше 1650.

 
Меморија
Sony го изработи Xperia Z единствено со 16 GB внатрешна меморија, додека iPhone 5 има опции од 16 GB, 32 GB и 64 GB. 
Иако iPhone 5 има поголема внатрешна меморија, сепак Xperia Z има microSD слот за картичка што е поевтин начин за зголемување на меморијата. Слотот прифаќа само картички до 32 GB што значи дека Xperia Z може да има најмногу 48 GB.

 
Камера
iPhone 5 ја има вообичаената високо-квалитетна резолуција на камерата од 8 MP. Како и да е, Xperia Z воведе нов стандард во тој поглед доаѓајќи со камера од 13 MP. И двете камери може да снимаат видеа со Full HD 1080р квалитет, но според Sony, сензорот Exmor RS на Xperia Z ветува подобри резултати во квалитетот на сликата во добри и лоши временски услови.

Sony Xperia Z нуди повисока резолуција кај предната камера од 2.2 МР во споредба со 1.2 МР кај iPhone 5. Xperia Z со оваа камера може да прави видео во Full HD 1080, додека iPhone 5 е ограничен до 720p.

Конекција
И двата паметни телефони имаат вообичаени опции за конекција вклучувајќи Wi-Fi, GPS, Bluetooth 4.0 и дигитални сертификати за мрежа (DLNA). Двата поддржуваат 4G LTE мрежи.
Една од разликите е што Xperia Z има NFC, додека iPhone 5 нема. Друга разлика е што iPhone 5 го користи светлечкиот конектор на Apple, додека Xperia Z има microUSB. 


Софтвер
Софтверот има огромна разлика меѓу овие два смартфона. iPhone 5 работи на својот сопствен софтвер iOS 6, додека Xperia Z го користи оперативниот систем на Google - Android 4.1 Jelly Bean.

И двата оперативни системи се одличен избор. Тие до сега се едни од најпопуларните на пазарот. И двата имаат многу заеднички работи но iOS е едноставен, лесен за употреба и дава сигурност, додека Android е поприлагоден и има повеќе опции како стандардниот. Двата оперативни системи имаат свои електронски продавници преку кои може да се симнат и купат апликации, игри, музика, филмови и списанија.

 
Батерија
Phone 5 има батерија со капацитет од 5.45Wh (1440 mAh), а Xperia Z има поголема батерија со 8.6 Wh (2330 mAh). Батеријата кај двата модели не се отстранува. iPhone 5 држи батерија околу еден-два дена со вообичаена употреба, додека Xperia Z држи повеќе со својот поголем капацитет и Stamina Mode коj што може да го подобри време-траењето на батеријата при мирување дури за четири часа.

 
Заклучок
Xperia Z е навистина импресивен телефон. Тоа е еден од оние неколку уреди на Android кој успева да биде фасцинантен и внатре и надвор. Xperia Z има неколку несоборливи предности пред iPhone 5 како поголемиот екран и флексибилниот оперативен систем.
Но, исто така, треба да се напомене дека Apple се посветил до најситни детали на iPhone 5 и тоа едноставно вреди премногу. Сите аспекти на уредот се направени со многу внимание, што резултира со одличен заоблен смартфон.
Доколку барате постојан и способен уред, тогаш iPhone 5 е она што ви треба. Од друга пак страна, ако посакувате вистински мултимедијален центар со повеќе опции за персонализација, тогаш Xperia Z e подобар избор за вас.  
И двата смартфони можете да ги најдете кај македонските оператори.




Прочитајте повеќе: