BlackBerry Z30 – првиот, се надеваме не и последниот фаблет на Blackberry

Објавено на 26.09.2013 во Рецензија



BlackBerry Z30 – првиот, се надеваме не и последниот фаблет на Blackberry

Откако на 18 Септември беше претставен новиот модел на BlackBerry познат како Z30, беше најавено и превземањето на лидерската позиција на паметните телефони направени од страна на BlackBerry. Тој со своите одлични перформансиго надмина неговиот претходник Z10. За разлика од Z10 има поголем екран, без да биде зголемена резолуцијата на екранот, што придонесува за поголема брзина. Во овој текст ќе стане збор за овој нов модел и ќе бидат отркиени повеќе негови детали.

 

Дизајн

BlackBerry Z30 e 5-инчен уред, кој се очекуваше да биде прилично голем, но сепак не е така. BlackBerry и понатаму продолжи да го прави лицето на панелот мал, се со цел уредот да биде многу полесен за ракување, што не беше случајот и со Xperia Z1. Но сепак, со неговите 170 грама претставува еден од потешките паметни телефони во овој период.

Дизајнот на новиот модел Z30 е како некоја мешавина помеѓу двата претходни модела на BlackBerry, моделите Z10 и Q10. Некои луѓе го споредуваат со HTC One, но имајте на ум дека BlackBerry Z10 излезе неколку месеци пред HTC-то. Екранот е опкружен со црна рамка, додека пак таа црна рамка е опкружена со друга метално обоена рамка, која е како дел од долниот панел. Овој дизајн со две нијанси му дава поуб изглед на Z30.

Доколку завртите на задната страна ќе приметите дека има сличен дизајн како BlackBerry Q10. На некои тоа ќе им се допадне, на некои не, но задниот дел се вади целосно и можете да го замените. Исто како на Z10 и Q10 на левата страна се наоѓаат копче за вклучување/исклучување на уредот и HDMI приклучок, додека копчето за заклучување/отклучување и 3.5 милиметарскиот приклучок се наоѓаат на горниот дел. Десната страна е исполнета со копчето за подесување на звук.

 

Спецификации и перформанси

Иако Z30 изгледа како надоградување на постариот уред базиран на BB10, сепак BlackBerry ги надогради своите перформанси користејќи двојадрен Snapdragon S4 процесор, кој работи на фрекфенција од 1.7 гигахерци. Речиси се друго останува исто, рам меморијата е сеуште 2 гигабајти, додека има вградена меморија од 16 гигабајти.

 

Екран

Веројатно додека го читавте почетниот дел во кој беше споменато дека овој нов модел ќе има поголем екран без да биде променета неговата резолуција, бевте малку разочарани. Сепак, овој екран и без разлика на тоа што не изгледа така освежително како 1080p панелите на Xperia Z1 и HTC Oneгенерално изгледа добро. 5-инчниот екран е Super AMOLED и работи многу подобро на дневна светлина за разлика од неговиот претходен модел BlackBerry Q10.

Но сепак големиот екран има предност помага од аспект на прикажувањето на тастатурата. Моделот Z10, кој имаше најдобра мека тастатура, сега е усовршена со поголемиот екран на Z30.

Друга работа која придонесува многу за BlackBerry Z30 се звучниците. Со нивна поставеност на горниот и долниот дел од уредот, го прават фантастичен за гледање на видео или играње на некоја добра игра. Не е само што се доста гласни, туку даваат и одличен квалитет на звукот.

 

Батерија

Телефонот користи нова интегрирана технологија на антената, наречена Paratek, која што му помага на уредот да ја задржи својата конекција и кога сигналот е слаб. Но и покрај тоа BlackBerry генерално користи добри батерии за да можат да ги издржат сите тие перформанси. BlackBerry Z30 има поголема батерија, за разлика од предходните мобилни уреди. Прв пат се случува батеријата да не се вади. Z30 поседува батерија од 2880 мега ампер часови.

 

Заклучок

Гледајќи од цената на уредот, BlackBerry Z30 испадна дека е многу подобар телефон отколку што мислеа другите. Може да заклучиме дека Z30 е фантастичен и безбеден уред кога се во прашање СМС пораките, бидејќи поседува одлична тастатура. Од друга страна битно е да се наведе дека голем дел од популарните апликации не се достапни за овие модели.

 

 

Ѓорѓи Грговски





Прочитајте повеќе: