HTC One M8 vs Samsung Galaxy S5 - Прва битка

Објавено на 27.03.2014 во Рецензија



HTC One M8 vs Samsung Galaxy S5 - Прва битка

HTC One M8 е официјално претставен пред јавноста што значи дека може да започнат споредбите со останатите премиум смартфони од кои најинтересна е директната споредба со Samsung Galaxy S5 кој исто така со себе донесе голем број на подобрување и освежување на функциите.
 
 
HTC One M8 во речиси сите категории е изедначен со Samsung Galaxy S5, има 5 инчен Full HD дисплеј од LCD технологијата кој според првите тестови најголемата предност ќе ја има во точната репродукција на бои која за нијанса е подобра од спектарот на Super AMOLED дисплејот. Тој од друга страна пак има многу добра острина на сликата, така што ниту еден од двата смартфони не се издвојува премногу во однос на другиот.
 
 
Во делот на дизајнот најверојатно сите пофалби повторно ќе ги освои HTC One M8 заради примената на Unibody концептот на маска изработена целосно од метал, додека Samsung Galaxy S5 ја задржува пластиката со мали промени на задната страна и секако унапредување на стилот. Тука ќе превладее личниот вкус на купувачот, но мора да се истакне дека Samsung Galaxy S5 е отпорен на вода и прашина, додека HTC One M8 се очекува да биде поиздржлив при удари.
 
 
Хардверските компоненти се речиси идентични со тоа што верзијата на HTC One M8 која ќе работи на супер брзиот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор од 2.5 GHz ќе биде наменета само за азискиот пазар, додека пак Samsung Galaxy S5 овој процесор ќе го искористи за интернационалната верзија на смартфонот и тука има мала предност. 
 
 
Додатоците на смартфонот играат важна улога и тука дефинитивно битката ја добива Samsung Galaxy S5 кој има скенер за отпечатоци и сензор за следење на работата на срцето, додека пак HTC One M8 може да се пофали само со стерео звучниците BoomSound. Што мислите вие за оваа почетна споредба и кој е вашиот фаворит во пресрет на пласманот на HTC One M8 и Samsung Galaxy S5 во почетокот на април.