iPad Air 2 - Златен таблет

Објавено на 31.10.2014 во Рецензија



iPad Air 2 - Златен таблет

Apple неодамна ја обнови понудата на таблети со новите iPad Air 2 и iPad mini 3 во чиј фокус беше додавањето на скенерот за отпечатоци Touch ID за компатибилност со Apple Pay системот за електронски плаќања. Додека iPad mini 3 не може да се пофали со многу подобрувања, iPad Air 2 е одличен таблет со многу иновации и срушени рекорди кои детално ќе ги разгледаме и ќе ги пренесеме нашите први импресии. iPad Air 2 е најдобриот таблет на Apple во последно време кој ќе цели кон повторување на мега успехот од пред две години, со понуда на моќни компоненти, ефикасен софтвер и квалитетна градба. Apple всушност и при самата промоција малку време посвети на помалиот модел iPad Mini 3 со што целото внимание го насочи кон големиот 9.7 инчен дисплеј.

Идиоти продолжуваат со виткање на iPad и iPhone

Дизајн

iPad Air 2 на прво место го става ефикасниот дизајн со неверојатно тенко тело од само 6.1 милиметар, со што ја освои титулата најтенкиот таблет на светот. Покрај тоа таблетот има навистина подбрена естетика од претходниот модел, со квалитетно алуминиумско тело и острането е копчето Mute кое беше непотребно. iPad Air 2 е и полесен со 437 грама и дава нова дефиниција за компатибилен таблет, кој може секаде да го понесете со вас, а тоа не треба да се занемари со оглед на големиот 9.7 инчен дисплеј.

Дисплеј

Резолуцијата на iPad Air 2 е задржана на високо ниво со 2048 х 1536 пиксели. Промена има и во самиот панел кој претходно беше составен од три различни компоненти. Сега LCD дисплејот, фолијата со сензори и заштитната прекривка се споени во еден дел што придонесува за подобра осветленост, минимална рефлексија на сончева светлина и секако многу потенко тело за разлика од iPad Air кој имаше дебелина од 13.1 милиметар. Подобрена е и сензитивноста на дисплејот кој сега ги „следи“ допирите на вашите прсти и има многу побрз одговор на сите гестови.

Хардвер

Ако iPad mini 3 заглави со А7 процесорот, iPad Air 2 добива многу поголемо вложување и труд од Apple со сосема новиот А8Х процесор со 64 битна архитектура, кој треба да се признае дека е подобар и од чипсетот на iPhone 6. Затоа од iPad Air 2 се очекуваат досега најдобри перформанси при извршување на сите задачи, бидејќи А8Х процесорот е супер брз, со 3 милијарди транзистори, значително ја заштедува батеријата, која повторно ќе може да издржи активна работа од 10 часа.

iPad Air 2е надополнет со моќна графичка карта за супериорни визуелни ефекти.Тука е применета нова технологија наречна Metal кој најпрво ќе им овозможи на сите студија да изработуваат екстра квалитетни игри кои ќе имаат графика на ниво на новите гејмерски конзоли, а како второ овозможува единствена и побрза работа на CPU и GPU компонентите на чипсетот.

iPad Air 2 работи на најновиот оперативен систем iOs 8 кој има поголема оптимизација, а носи и голем број на новитети, од кои за таблетот најважни се можностите за поврзување со iPhone и превземање на сите известувања, повици, пораки, а исто така работата од смартфонот може да ја продолжите и на iPad Air 2 преку Continuity.

На тестовите за мерење на перформанси iPad Air 2 забележа речиси идентични резултати како големиот конкурент Nexus 9 опремен со моќниот чипсет Nvidia Tegra K1. iPad Air 2 е надополнет и со 2 GB RAM кои се сосема доволни за справување со потешките операции, додека пак меморискиот капацитет има почетни 32 GB. Повторно недостасува мемориска картичка, па за поголем капацитет од 64 и 128 GB ќе треба да доплатите значителна сума.

Таблетот поседува LTE конекција со една унифицирана SIM картичка која може да се поврзе со мрежата на било кој оператор. Оваа функција за почеток е ограничена само за корисниците во САД и Велика Британија. iPad Air 2 има и вграден М8 копроцесор кој ја следи и анализира работата на петте сензори, во кои сега е вклучен и барометар. На овој начин ја проценува моменталната активност на корисникот и веднаш ги активира соодветните сенозри, со што се штеди на енергија.

Камера

Таблетите ретко може да се пофалат со квалитетна камера, но Apple вложи многу труд во iSight камерата која сега има подобар сензор за светлина, побрза пресметка на пикселите, и напредна оптика, со што се добиваат одлични слики со резолуција од 3264 х 2448 пиксели, видеа со HD 1080p резолуција, додека пак со предната 1.2 мегапикселна HD камера ќе може да воспоставувате видео повици со екстра квалитет, дури и во ситуации кога има слаба осветленост.

iSight камерата доаѓа со сензор од 8 мегапиксели, има подобра детекција на лица и насмевки, постојан фокус и помал степен на дисторизии. Во интерфејсoт на камерата имате повеќе контроли за поставување на сцената, може да снимате Time Lapse видеа, потоа видеа во екстра забавена снимка од 120 кадри во секунда, да правите слики во низа со Burst режимот и HD Panoramа.

Заклучок

iPad Air 2 е најдобар можен одговор на кризата која настана во продажбата на таблети бидејќи пазарот веќе е заситен со постарите квалитетни модели, додека пак новата понуда е преплавена со евтини таблети кои не секогаш ги исполнуваат очекувањата. iPad Air 2 повторно ќе биде главен кандидат за освојување на тронот во премиум класата и Apple стори доволно за да се справи со острата конкуренција составена од Sony Xperia Tablet Z3, Samsung Galaxy Tab S 10.5, Microsoft Surface 3 Pro и LG G Pad 8.4 кој пак е стотина долари поевтин.

Почетната цена од 499 долари за основниот модел на iPad Air 2 со 16 GB нема да биде голема пречка за традиционалните купувачи на Apple кои сега ќе може да го заменат својот постар таблет со квалитетен производ, додека пак тие што досега не поседувале iOs таблет добро ќе размислат дали да вложат пари во уред кој е екстра тенок, има совршена оптимизација на хардверот и софтверот и е многу ефикасен во сите категории.

 

Автор

Христијан Станоевиќ

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: