Најдобрите 5 смартфони во 2014

Објавено на 29.12.2014 во Рецензија



Најдобрите 5 смартфони во 2014

2014-та беше одбележана во метеорскиот раст на кинеските брендови кои доминираа пред се на Азискиот пазар со евтини смартфони, но токму тој успех ги потикна да разамислуваат и за премиум конкуренцијата, најавувајќи жестока борба се веќе добро познатите брендови како Apple, Samsung, Sony, LG и HTC. Затоа оваа година тешко е да се издвои вистинскиот победник бидејќи Apple и Samsung повторно доминираа во премиум класата, но затоа пак Xiaomi, Oppo, Meizu и Huawei продадоа стотина милиони евтини уреди. Сите овие фактори ги земаме во предвид и при одредувањето на најдобрата петорка за 2014 година и листата нема да биде направена само според моќта на компонентите, туку и според приемот на купувачите и фановите.
 
Претставен Xiaomi Mi4 - Кина го доби својот iPhone
 
5. Xiaomi Mi4 ја започнува оваа листа на најдобрите како вистински аутсајдер и еден од ретките кинески смартфони кој се замеша во премум класата со голем успех кај купувачите. Xiaomi Mi4 најмногу се продаваше во Кина, но благодарение на посмеслиот настап на кинескиот Apple се најде и на европско тло, па многумина успеаа да го нарачаат и купат преку интернет. Xiaomi Mi4 нуди 5 инчен Full HD дисплеј, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 801 процесор, Adreno 330 графичка, со 3 GB RAM, 16 или 64 GB меморија, 13 мегапикселна камера со двоен LED блиц, супер селфи камера од 8 мегапиксели, како и батерија со капацитет од 3080 mAh.
 
 
Овие компоненти го прават еден од најмоќните, а купувачите беа многу задоволни и од корисничкиот интерфејс MiUI кој нуди голем број на оптимизации. Xiaomi Mi4 заслужи висока оценка и со добро склопениот дизајн со алуминиумска рамка, па затоа ќе биде интересно да се види неговиот наследник во 2015 година кој ќе биде многу помоќен, а ќе ја задржи прифатливата цена од околу 400 евра.
 
 
4. Sony Xperia Z3 исто така е супер моќен смартфон но, не се најде на самиот врв бидејќи дојде со мали подобрување во однос на претходниот модел Sony Xperia Z2, што на некој начин фрли сомнеж кај корисниците. Но, воопшто не треба да се фрла со дрва и камења кон Sony Mobile бидејќи според нас направија правилна стратегија на пласман на два премиум смартфони годишно и Sony Xperia Z3 ги исполнува сите стандарди на квалитет.
 
 
Најголеми адути на Sony Xperia Z3 се кристално чистиот дисплеј кој иако располага со Full HD, а не Quad HD резолуција има напредна технологија благодарение на Triluminos новитетот и BRAVIA енџинот кои се користат и кај плазма телевизорите. Одличниот сетап е дополнет со совршена 20.7 мегапикселна камера, тело отпорно на вода и прашина со IP68 сертификат, 3 GB RAM, потентен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор, 32 GB меморија, како и батерија со капацитет од 3100 mAh која е доволна за активна работа од два дена.
 
 
3. LG G3 е всушност трета среќа на LG Mobile за успех во премиум сегментот и се чини дека конечно создадоа идеален смартфон со одлично избалансиран сетап на компоненти и флуиден интерфејс кој за цела скала го надмина пренатрупаниот Touch Wiz кај Samsung Galaxy S5. Предноста на LG G3 која му донесе значаен успех кај купувачите е врвната оптичка стабилизација на сликата за правање на стабилни видеа со мал степен на тресење и бучава со висока HD резолуција.
 
 
Смартфонот инаку располага со 13 мегапикселна камера која има ласерски фокус кој баш и не се покажа како револуционерно откриетие но, многу помогна во чисти слики кои се прават за секунда. LG G3 располага и со 5.5 инчен Quad HD дисплеј кој да потсетиме беше еден од првите меѓу главните ѕвезди, потоа четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, како и батерија со капацитет 3000 mAh.
 
 
2. Samsung Galaxy Note 4 повторно успеа да ја одржи можноста за мултитаскинг на врвно ниво што ја демонстрираа претходните фаблети од оваа серија и не само тоа, туку донесе и значајни подобрувања, како на пример S стилус пенкало кое сега е попрецизно за внес на текст, цртање и мултифункционалност, потоа значително подобрен интерфејс кој веднаш ги спојува различните операции од апликациите, нотесот и интернет прелистувачот и секако примена на водоотпорен дизајн со IP67 сертфикат.
 
 
Samsung Galaxy Note 4 е премногу моќна машина со 5.7 инчен Quad HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор и посебна верзија која работи на Exynos 5433 чипсет, со 3 GB RAM, 32 GB меморија, слот за мемориска microSD картичка до 128 GB, 16 MP камера и батерија од 3220 mAh.
 
 
1. iPhone 6 сосема оправдано се наоѓа на самиот врв и тие што редовно не читаат нема да бидат изненадени од нашата одлука иако во минатите години смартфоните на Apple најчесто ги сместувавме на вицешампионската позиција. iPhone 6 поради повеќе причини е апсолутен шампион во 2014-та, а тоа е пред се е рекордната продажба која наскоро ќе достигне над 80 милиони примероци, а со таа бројка во премиум класата не може да се пофалат сите смартфони на оваа листа заедно.
 
 
iPhone 6 не е најмоќниот смартфон на пазарот, но има совршена оптимизација на софтверот кој е супер флуиден и функционира без никакви пречки. Apple исто така го збогати интерфејсот со новата верзија на iOs 8 која ги донесе долго очекуваните оптимизациии на менито, приказ на активни нотификации, примена на икони за брза активација, кратенки и виџети и поврзување на работата меѓу различни сервиси и продолжување на работата со iPad и iMac. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ