Asus Zenfone 2 - моќен софтвер и добра камера

Објавено на 21.06.2015 во Рецензија



Asus Zenfone 2 - моќен софтвер и добра камера

Навистина е тешко денес да се влезе во категоријата на скапи мобилни телефони, бидејќи најчесто компаниите имаат проблем со будење на интересот на корисниците. Еден од нив, Asus, се обиде во неколку наврати да се смести во светот на смартфон брендовите, но не постигна голем напредок. Со доаѓањето на новиот Zenfone 2, фаблетот со димензии на смартфон, Asus очигледно агресивно и ниско пука на пазарот, со ниска цена од 199 долари.



Дизајн

Со самото гледање ќе се вљубите во Zenfone 2 поради неговата полирана метална маска. Откако ќе го фатите со раце, дури тогаш сфаќате дека се работи за маска од обична пластика. Ова не треба премногу да ве изненади, со оглед на тоа што Zenfone 2 е наменет да биде ниско рангиран смартфон. Естетски дизајнот потсетува на стилот на моделите од G серијата смартфони од LG, при што има многу голема сличност со LG G2. Изгледот на моделот е супер, но не отскокнува многу од досегашните модели на смартфони. Можеби не е толку важно да се спомне, но големината на Zenfone 2 е многу практична со оглед на неговата тежина. Дизајнот на Zenfone 2 е типичен за досегашните мобилни телефони на Asus, затоа не се возбудувајте многу за него.



Многу голема сличност со дизајнот на LG има со тоа што контролите за звук се наоѓаат на задната страна на телефонот. За разлика од смартфоните на LG, копчето е долго и рамно, поради што е тешко да се разликуваат двете копчиња притискајќи ги едно по едно. Со притискањето на овие копчиња може да се лизне прстот и да ви оди на леќата на камерата. Копчето за вклучување/исклучување е далеку од показалецот, се наоѓа на горниот раб на телефонот, што воопшто не е практично, бидејќи ретко кој може директно да го притиска, т.е. мора да си помага со едната рака да го придржи телефонот, за со другата да заврши работа. И покрај се, луѓето ќе го ценат тоа што задниот капак се вади за ставање на двете СИМ картички и местото за microSD картичка, а батеријата е фиксирана и не може да се вади.

Софтвер и апликации

Последниот Asus ZenUI е импресивен поради широкиот опус на функции и безбедноста. Тоа дефинитивно го издигнува над другите телефони од сличен калибар, но не е сепак на ниво на великаните. Во таа смисла телефонот е малку заморен за одредени луѓе затоа што има голема понуда на различни теми и многу опции за памтење. Од друга страна, Asus сепак демонстрира дека посветил време за подобрување на сите аспекти на ZenUI искуството. Истата опција со двојно допирање на екранот за заклучување на телефонот ја има и кај LG. И покрај најновиот Android 5.0 Lollipop, изненадени сме што Asus ја задржал multi-tasking функцијата, која е веќе исфрлена кај многу мобилни телефони.



Процесор и меморија

Процесорот на Asus Zenfone 2 може да се смета за малата светла точка од останатите стандардни можности. Процесорот е 64-битен quad-core 2.3GHz Intel Atom Z3580, заедно со PowerVR 6430 графички процесор. Најмаркантно кај овој модел е што тој е прв смартфон што нуди неверојатни 4GB со DDR3 RAM меморија. Телефонот со овие перформанси ги извршува сите мали операции без проблем, колку и да го мачите. Но, дефинитивно не може да се снајде со интензивни операции како што се играње игри, бидејќи ја нема моќта на перформансите, која може да се најде само кај скапите телефони.



The Zenfone 2 е достапен во две верзии: 199 долари со послаб чипсет, 2GB RAM меморија, 16GB внатрешна меморија, и премиум моделот за 299 долари, кој има 64GB внатрешна меморија. Најдобро од сè е што и на двете места може да се стави microSD картичка.

Интернет и батерија

Zenfone 2 содржи LTE 4G мрежа, која овозможува брзина до 250 Mbit/s. Освен тоа, вооружен е и со 5-сателитски GPS систем за поголема прецизност на локациите, 802.11ac супер брз Wi-Fi, Bluetooth 4.0 и NFC. Батеријата има капацитет од 3000 mAh, која со тестирањето издржала 7 часа и 34 минути, што е импресивно за евтин телефон.



Камера

Љубителите на фотографии без сомнение ќе бидат импресионирани од можностите што ги нуди овој смартфон. Asus се потрудил никој да не разочара со камерата на Zenfone 2. Телефонот има 13-мегапикселна PixelMaster задна камера, опремена со Toshiba сензор, f/2.0 отвор и двоен LED блиц што светка во реално време. Предната камера изнесува 5MP со објектив ОД f/2.0. Asus нуди повеќе опции со камерата на Zenfone 2, и фасцинирани сме што има повеќе опции при сликањето.

Телефонот слика со голема брзина и без многу проблеми со недоволна осветленост. Камерата има функции за разубавување на сликите, слични како оние од Фотошоп - може да се ставаат ефекти на лице, длабочина на одредени места, фокус на одредена точка и многу повеќе. Добро е тоа што има и HDR режим, што значи дека светлата и сенките ќе бидат правилно избалансирани, со што ќе и овозможат пријатен контраст на сликата. Општо, камерата е повеќе од супер.



Заклучок

Asus е директен напад на пазарот на смартфони од понизок ранг. Како и да е, убедени сме дека со текот на времето Zenfone 2 ќе ви прирасне при срце. Дизајнот не е силната карта на уредот, но колку повеќе го користите, толку полесно ќе ги научите неговите бројни карактеристики, а тогаш вистински ќе го сфатите неговиот потенцијал.



Двете цени од 199 и 299 долари удираат директно во срцето на своите конкуренти. Овој внимателен потег на Asus е со цел да го придобијат интересот на потрошувачите. Најголемите предности што може да се уживаат кај овој модел се двете варијанти со меморија од 16GB, и 64GB. Ова е навистина примамливо, а особено подобрениот процесор со двојно повеќе RAM меморија. Споредувајќи го со Alcatel OneTouch Idol 3 како достоен конкурент од својот ранг, Zenfone 2 не може да се натпреварува во областа на дизајнот и дисплејот, туку со помоќниот софтвер.

Автор: Александар Младеновски