ZTE Blade S6 Plus - тенок дизајн и убава камера

Објавено на 11.07.2015 во Рецензија



ZTE Blade S6 Plus - тенок дизајн и убава камера

Импресионирани сме од фаблетот ZTE Blade S6 Plus, кој изгледа слично како iPhone 6 Plus. Тој е пластичен смартфон, со бела боја од предната страна, со кружно Home копче, заоблени агли и заоблени рабови на екранот, а со сето тоа е како клон на моделите од Apple. Неговиот дизајн е добар за цената од 279 евра. Поголемиот дисплеј HD IPS панел од 5.5 инчи овозможува Family mode, што значи поголем фонт на букви, но послаба густина на пикселите - 267ppi, наспроти 294ppi кај стандардниот ZTE Blade S6. Сепак има доволна светлина и јасност - соодветни за гледање на филмови и играње игри.



Дизајн и дисплеј

Со својот 5.5 инчен и 156.6x77мм куќиште, Blade S6 Plus е телефон што би можел да се користи удобно со една рака, без да се исплашите да не ви падне. Левата и десната страна на рамката на екранот се разумно тенки. Восхитувачки е тоа што Blade S6 Plus е само 7.5mm тенок - потенок од Samsung Galaxy Note 4, на пример. Тоа е прилично добро како за фаблет од 150 грами што значи дека е лесен за управување.

Дисплејот е одличен IPS LCD со 5,5 инчи, 720p со HD резолуција и добар и квалитетен панел со убави бои и добри агли за гледање. Густината на пикселите 267ppi е многу помала од онаа на iPhone 6 Plus (401ppi) и Galaxy Note 4 (515ppi), но со оглед на огромната разлика во цената, тогаш е разбирливо.



Фаблетот има прилично големи предности карактеристични за својот вид, звукот од задниот звучник не се задушува во вашата дланка и поголемиот екран е корисен за играње игри и гледање на видеа. Тие што имаат проблеми со мали букви, ќе уживаат во неговиот поголем фонт, иконките и копчињата, особено кога се користи Family Mode.

Како за средна класа на Android телефон, ZTE Blade S6 Plus е убаво дизајниран. Дисплејот е доволно лизгав и свилено мазен, за да го почувствувате убаво кога го допирате и заоблените рабови на дисплејот се одлично изработени. Средната бела површина е многу чиста и копчињата одоздола блескаат во полн сјај на сина боја, а задната сребрена пластика е стандардна и обична.



Хардвер и перформанси

Неговите перформанси за цената од 279 евра се пристојни, но малку послаби за разлика од поевтиниот Blade S6. Се одликува со 1.5GHz Qualcomm Snapdragon 615 64-битен octa-core процесор, Adreno 405 графичка картичка и 2GB RAM меморија. Со овој модел добивате 16GB простор за складирање на податоци, плус microSD картичка за 32GB најмногу.



Батерија

Со тестирањето на батеријата, забележан е слаб резултат со нејзиното времетраење. Blade S6 Plus има батерија со капацитет од 3000mAh (додека S6 има 2400mAh), но не е задоволителна. За време на тестирањето од 3 часа и 58 минути, батеријата покажала 1587 поени, што е многу слабо. Нема режим на заштеда на енергија на смартфонот за продолжување на времетраењето, ниту пак поддршка за брзо полнење.

Интернет

За поврзување со интернет имате 4G LTE за една од двете СИМ картички, бидејќи има поддршка за две СИМ картички, понатаму dual-band 802.11n Wi-Fi, Bluetooth 4.0, GPS, USB OTG поддршка и IR Blaster. Исто како што има стандардната S6, така и S6 Plus има AliveShare, кој ви овозможува да споделувате игри, содржини, итн. Нема поддршка за NFC и може да прима само една мала и една голема СИМ картичка.



Камера

Камерата има Simple mode за да правите доволно квалитетни слики, дури и да не знаете многу да ракувате со опциите на камерата. Имате за избор повеќе начини за снимање: HDR, Panorama, Smile, Beauty и опција за додавање филтри во реално време. Кога ќе завлечете на десната страна на дисплејот се отвора галеријата, и така може да изберете да уредувате слики во стандардната апликација на Google или со пред-инсталираниот PhotoEditor, кој нуди опции со додавање ефекти, рамки, декорации, прибелешки, и да ги сечете, исправите или на било кој начин да ги прилагодувате сликите. Селфи камерата од 5Mp има Beauty и Smile модули, но нема опција за прилагодување на ефекти.



Софтвер и апликации

Blade S6 Plus доаѓа со Android 5.0 Lollipop и ZTE кориснички интерфејс MiFavor 3,0 и најголемата разлика меѓу стандардниот Android и MiFavor е дека второто го нема Apps менито, прикажувајќи ја секоја апликација на почетниот екран, на истиот начин како Apple што го прави тоа со iOS. Тој пристап не е практичен, затоа што е неуреден и половина од апликациите никогаш нема да се користат, затоа нема потреба да се гледаат. Сепак лесно може да ја турнете несаканата апликација во други фолдери со влечење.

Некои апликации кај ZTE се корисни, како на пример Mi-Pop, со која полесно го ракувате смартфонот со една рака. Со допир може да завлечете за да ги видите копчињата за Home, мултитаскинг менито и останатите опции, или пак долго задржете го допирот за да ви излезат опциите за да го вклучите или исклучите звукот, за рестартирање на телефонот, заклучување на екранот или скриншот на одредено место од дисплејот.



Заклучок

ZTE Blade S6 Plus е убав фаблет за 279 евра, но не нуди доволно затоа што е поскап за 69 евра од својот претходник S-шеската и не сме сигурни дека екранот поголем за половина инч ќе биде задоволителен. Камерата би можела да ги задоволи сопствениците на ZTE Blade S6 Plus, заедно со Android софтверот, поради својата карактеристична дозволива цена, со што се категоризира во средна класа.

Автор: Александар Младеновски





Прочитајте повеќе: