LG G Stylo - „евтиното перо“

Објавено на 22.08.2015 во Рецензија



LG G Stylo - „евтиното перо“

Перото е стара алатка, но луѓето што сакаат да ја прогласат за мртва нема да им успее, затоа што продолжува да живее во линијата на Galaxy Note серијата на уреди и кај некои од моделите на LG. Последниот таков модел со перо во портфолиото на компанијата е мобилниот уред LG G Stylo, чија цел е да ја популаризира древната алатка за пишување, која сега се користи на софистициран начин. Некои ја викаат алатката и пенкалце, но нам повеќе ни се допаѓа „перо“. LG G Stylo е евтин телефон со голем дисплеј и слаби перформанси, но затоа има ниска цена и може да си го дозволи речиси секој. Моделов е некако повеќе стилизиран и сака да се продаде со големиот дисплеј и убавиот дизајн, затоа што под хауба нема да ве импресионира. Да се обидеме да прогнозираме дали ќе се зголеми интересот за перото? 


 
Дизајн

Дизајнерската филозофија на LG G Stylo е да не отстапува од естетиката карактеристична за моделите на компанијата. Некои велат дека изгледа како flagship моделот G4 - делумно поради големината и заоблената пластична обвивка. Различно е тоа што ја истакнува задната пластична обвивка, со што ви овозможува лесно да го зграпчите во рака. Иако има сличен стил како G4, не може да го постигне истото ниво на премиум изработка како flagship моделот. Искрено кажано, тоа се неколку линии одоздола, но се е во рамките на лесно пристапна цена во средна класа, така што неговиот квалитетен дизајн е точен и добар за овој телефон.

Контролите за глас и копчето за вклучување се на задната страна на смартфонот, што е еден од препознатливите дизајнерски потписи на мобилните уреди на LG. Пред се, веројатно најзначајниот дел на телефонот е „перото“ сместено во горниот десен агол на уредот. Не очекувајте нешто посебно со G Stylo, бидејќи ова е само обично и едноставно перо - еден вид на замена за вашиот прст и алтернатива за интеракција со вашиот смартфон, ништо повеќе.

Дисплеј

Телефоните со огромни екрани се потешки за ракување, а тоа е веројатно причината зошто LG G Stylo има дополнителна опција за ракување со перо. Смартфонот има 5,7-инчен 720 x 1280 IPS дисплеј, што е несомнено дарежливо, потоа 258 ppi густина на пиксели, што го отежнува читањето на ситните букви. Гледајќи во другите параметри на екранот, откриваме дека се работи за потпросечен модел на телефон. Со неговата температура на боја од 7200K, со неточните податоци за неговата репродукција на бои, деталите изгледаат лошо. 

Софтвер и апликации

Од аспект на спецификациите, постои голема разлика помеѓу LG G4 и G Stylo, но навистина е добро што LG G Stylo има ист софтвер како својот високо оценет брат. Фантастично е што го има истиот стил на интерфејс со сеопфатен сет на корисни софтверски алатки, што го прават исклучително добар. Алатките во арсеналот на G Stylo се: Knock On, Glance View, Knock Code, Dual Window и EasyHome. Најдобро од сè е што функционира со новиот Android 5.1.1 Lollipop. Тука се и QSlide апликациите во вид на мини мулти-таскинг. Смартфонот доаѓа со LG QuickMemo + App, што е заедничка работа кај телефоните на LG. Суштински, овој уред е одличен како алатка за користење на брзо запишување белешки, или може да се користи и како платно за да нацртате нешто, без разлика дали сте професионални уметници или не, затоа што перото на Samsung нема којзнае колкава прецизност и чувствителност на екранот. 

Процесор и меморија

Класификацијата на LG G Stylo како борец во средната класа е поради неговиот 4-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор, со брзина од 1.2GHz, кој добро ги извршува своите задачи во позадина. Придружен е со 1GB RAM и Adreno 306 графички процесор. Цел пакет е пристоен кога ракувате со обични и лесни задачи, но тешко е кога играте игри и му задавате тешки операции. На пример, потешко му доаѓа кога го користите Двојниот Прозорец (Dual Windows) и неколку гејмерски фрејмови. G Stylo има на располагање 8GB простор за складирање на податоци, но утеха е тоа што LG може да прими microSD картичка во сите свои уреди за сите што сакаат да снимаат повееќе датотеки.

Камера

Едно скалило подолу од артилеријата на G4, LG G Stylo се одликува со 8-мегапикселна задна камера со LED блиц. Не е моќна како камерата на G4, но го поседува истиот ласер за автоматско фокусирање. Предната камера за селфи фоткање има 5 мегапиксели. Кога ја вклучувате апликацијата за камерата, ќе видите идентичен интерфејс како оној на G4, но многу различен во смисла на тоа што го нуди. Во суштина, има само мал дел од карактеристиките како што е режимот за снимање, сликање на панорама, HDR и Gestures Shot. За жал, LG G Stylo испорачува добри слики само кога има доволно осветлување, а деталите немаат голема острина.

Интернет, конекција и батерија

Искуството на сурфање на интернет е нормално како и кај сите други смартфони, без разлика дали работите со Chrome или обичниот прелистувач на LG. Добро е што страниците се отвораат релативно брзо, како и навигацијата и се оди како подмачкано, само што ниската резолуција на екранот е проблематична за чисти слики. Што се однесува до перото, најкорисно е кога треба прецизно да селектирате некоја опција, на пример некој линк или нешто поситно кога сурфате. 

Моделот има LTE поддршка за 4G интернет, придружен со вообичаените функции за поврзување - S-GPS за подобрена точност на локацијата, Bluetooth 4.1 и 802.11 a/b/g/n Wi-Fi. Извинете, но нема NFC. Батеријата со капацитет од 3000 mAh му дава живот на овој телефон, што е несомнено мал капацитет за голем телефон, но добро е што ни овозможува да ја смениме. Телефонот има долговечност, а резултатите од тестирањето на батеријата откриват дека трае 7 часа и 43 минути, но голема утеха е што за само 137 минути повторно го враќате во живот до 100% капацитет.

Заклучок

После живеењето со LG G Stylo на одредено време, тој открива само дека перото не додава ништо ново или го освежува целокупното искуство. Смартфонот има убав дизајн и обично перо - ништо повеќе. Со овој модел LG само ја потврдува позицијата на Samsung како иноватор во областа на телефоните со S-пенкало технологијата и затоа не може да се споредува. LG G Stylo ќе го најдете дефинитивно за пристапна цена, доволна за да ги привлече оние што се тесни во буџетот и во потрага по голем телефон, но неговото пенкало не е нешто уникатно што може да направи бум на пазарот. Телефонот ви заштедува многу средства, затоа, ако сакате евтин телефон по секоја цена, LG G Stylo е дефинитивно за вас.

Автор: Александар Младеновски