Microsoft Lumia 735 - колоритен и прав како војник

Објавено на 27.08.2015 11:00 во Рецензија


Microsoft Lumia 735 - колоритен и прав како војник

Оцени

usability
5.0


Перформанси
1.0


Цена
2.0


Камера
2.0


резултат
2.5


Наши забелешки

Positives:

Голема меморија, добар интерфејс, технологија за брзо полнење.

 

Negatives:

Лоша камера, слаба батерија, слаби перформанси. 



Целата рецензија

Ова лето е плодно за популарните Android смартфони од средна класа. Уредите како што се: Alcatel OneTouch Idol 3, ASUS Zenfone 2 и Huawei P8 Lite, ни покажаа дека можете да земете добар телефон за добра цена, со доволно добри перформанси. Како што може да се забележи, повеќето од овие средни уреди се Android-и и многу мал процент со Windows. Lumia го пушти на пасење името на брендот Nokia, но стилот е дефинитивно ист. 

Време е да му обрнеме малку внимание на Windows Phone и моделот Lumia 735 од Microsoft. Цената не е гигантска, изнесува околу 192 долари и ви овозможува добро корисничко искуство, без гајле. Lumia 735 го има она што е потребно за да ги привлече луѓето кон себе и да ги оттргне од популарниот Android-ец, со своето колоритно мени и брзината на интерфејсот и покрај слабите перформанси.

Дизајн

После Lumia 640 сфативме дека нема драстични разлики има кај Lumia-брендираните смартфони што се веќе излезени. Microsoft Lumia 735 го практикува оригиналниот стил на типичната Lumia - на располагање има голема асортиман на светли бои и има многу сличности со претходните модели на Lumia. Првенствено изработен е од пластика, има мат боја одозгора, која нуди пријатно ракување со раката, а тоа значи дека нема проблеми со нечистотии. Левата и десната страна на телефонот се добро обликувани и комфортни, но горната и долната страна се рамни, поради што може телефонот да се застане вертикално како војник. Убава е пластичната обвивка, која може да се извади многу лесно за да се смени маската со друга боја по желба на корисникот.

Дизајнот е забавен и освежувачки, како што сакаме. Одлично изработено е телото, совршено за употреба со една рака. Сите вообичаени копчиња се наоѓаат од страните на Lumia 640, недостасува само копчето за камера за брзо активирање на камерата. Телефоните од овој ценовен ранг ретко нудат опција со вградено безжично полнење, што е искрено, пријатно изненадување кај овој телефон. Згора на тоа, батеријата може да се вади и можете да ја проширувате меморијата преку слот за microSD картичка.

Дисплеј

Microsoft Lumia 735 се одликува со разумен 4,7-инчен 720 x 1280 OLED дисплеј и ClearBlack технологија. Исто како и кај другите OLED дисплеи на Lumia телефоните, имате пренатрупани бои и боите се менуваат кога го менувате аголот на гледање. Сепак пренатрупаните бои на екранот служат за да му дадат сјај на дисплејот и да ни остави добар впечаток. Ги содржи сите карактеристики типични за OLED технологијата - репродукција на жива црна боја, широк агол за гледање и форсирачки тонови на боите. Во однос на светлината, има максимална јачина на светлоста од 341 нити. Дисплејот има малку студен тон со својата температура на бојата од 7000K, но сума сумарум изгледа добро и дефинитивно е поатрактивен отколку дисплејот на Lumia 640.

Софтвер и апликации

Lumia 735 функционира со стандардниот Windows Phone 8.1 со добриот и забавен Lumia Denim UI, што значи дека е интегриран со Cortana и целиот пакет на брендирани апликации од Lumia.

Пуристите веднаш ќе се израдуваат и ќе забележат дека платформата е идентична со секој друг мобилен телефон од оваа верзија на Windows Phone. Спецификите на овој софтвер го прават дефинитивно функционален и може да се натпреварува со оние од својата класа. Без оглед на се, Windows има голем број на корисници и сето ова оди во пакет со Microsoft Office, со што може да се смириме во делот за креирање документи и табеларни пресметки, додека сме надвор од нашиот дом. Најдоброто од сè е што можете да го добиете новиот Windows 10 со ажурирање кога ќе излезе најновата верзија на Windows Mobile, слободно кликнете за надградба за да биде во тек со значително подобрениот софтвер.

Процесор и меморија

Исто како Lumia 640, така и кај Lumia 735 има 4-јадрен 1.2GHz Qualcomm Snapdragon 400 процесор, 1GB RAM меморија и Adreno 305 графички процесор. Овој хардвер сет ги извршува повеќето функции со леснотија кога скролате низ корисничкиот интерфејс и лансирањето на апликациите, но има мал недостаток со брзината на одговарањето на задачите кога се справува со сложени операции - сецка и прескокнува одредени фрејмови кога играте 3D игри. Благословен е со дарежлива внатрешна меморија од 16GB и искрено не можеме да поверуваме за тоа поради цената на телефонот. Уште подобро е што меморијата може да ја проширувате уште повеќе со microSD картичка.

Интернет, конекција и батерија

Internet Explorer овде достојно и служи на својата цел со Lumia 735. Со својата XLTE конекција, доволна големина на екранот и навигациските контроли, смартфонот ги има сите неопходни елементи за обезбедување на пријатно искуство при сурфањето на интернет. CDMA овозможува добро искуство со сите GSM мрежи низ светот. Другите поврзувања може да ги извршувате со aGPS со Glonass, Bluetooth 4.0, 802.11 b/g/n Wi-Fi и NFC.

Опремен со батерија од 2200 mAh, не е екстравагантен модел, но со нормално користење може да ви трае еден-два дена. На бенчмарк тестот батеријата покажува резултати од 7 часа и 24 минути, што е повеќе од прифатливо за смартфон од ваков калибар. Потребни се 149 минути за да го наполните целосно, а ние сме запрепастени затоа што има и вградено безжично полнење како алтернатива.

Камера

Линијата на Lumia никогаш не се плаши кога се во прашање своите камери, како на пример лидерите оваа област: Lumia 930, 1020, и 1520. Lumia 735 има 6,7-мегапикселна камера со Carl Zeiss оптика. Цифрата на моделов е многу помала во споредба со другите, но никогаш не донесувајте заклучок за ефикасноста на фотоапаратот само врз основа на тоа. Вклучувајќи ја апликацијата за камерата на Lumia, сфаќаме дека се работи за истиот стил и изглед со којшто бевме запознаени од претходните уреди. Камерата се чини многу едноставна и природна, а со лизгање на копчето на дисплејот за бленда кон лево се открива рачниот режим - каде секој параметар може да биде модифициран, вклучувајќи го фокусот и брзината на блендата. Шокантно е тоа што не нуди HDR режим, кој речиси сите корисници го обожаваат.

Lumia 735 не е лош телефон за да се сликате кога имате силно осветлување на сцената. Се разбира, нема да ви даде многу остри детали, што значи дека треба да заборавите на сечење фотографии, но сепак општо има задоволнителни фотографии. Боите се малку претерани кога сликате со вештачко осветлување, а чудно побелуваат сликите кога е изложен на директна сончева светлина. За жал, ќе мора да се воздржите од користење на камерата при слаба осветленост, бидејќи деталите се речиси невидливи. Со предната широко-аголна камера од 5-мегапиксели, ќе бидете задоволни од резултатите.

Заклучок

Сите мислевме дека Microsoft Lumia 640 ќе добие награда на Mobile World Congress 2015 во својот сегмент од кампот на Windows Phone, но после настанот, мислиме дека Microsoft Lumia 735 е вистинскиот кандидат за тоа. Естетски го обожаваме класичниот стил на Lumia, затоа што задната маска е лесно-отстранлива и достапна во многу бои, со суперски дизајн. Цената од 192 долари е достојна, а замислете, со договор ќе биде уште помала и погодна за оние со ограничен буџет и не им е важна целосната интеграција со Microsoft. Lumia 735 е разумен избор за вас ако немате амбициозни желби за телефон со високи перформанси. Исуството со штракањето на одличниот интерфејс ќе ве задоволи со гаранција. Ви се допаѓа ли исправениот војник?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.