Samsung Galaxy Note5 против Apple iPhone 6 Plus

Објавено на 17.09.2015 13:15 во Рецензија


Samsung Galaxy Note5 против Apple iPhone 6 Plus

Оцени

usability
3.0


Перформанси
3.0


Цена
2.0


Камера
2.0


резултат
2.5


Наши забелешки

Positives:

Моќни перформанси, моќна батерија, голема меморија, моќна камера. 

 

Negatives:

Оптеретен оперативен систем. 



Целата рецензија

Samsung со Galaxy Note 5 ветува дека ќе ја продолжи својата крстоносна војна во областа на врвниот дизајн, каде се искачи на врвот годинава со помош на Galaxy S6 и S6 Edge. Новиот телефон од Galaxy Note линијата го има новото одлично технолошко помагало - S-Pen. Note5 е навистина голем непријател на пазарот, но најголем противник е на iPhone 6 Plus од Apple. Како и да е, во областа на големи телефони има голем интерес за големата верзија на Apple, затоа што корисниците го сакаат. Ова значи дека Galaxy Note5 во овој случај ќе мора да се соочи со многу посериозен ривал за разлика од неговите претходници. Двајцата се тука некаде, со одредени разлики во камерата и перформансите. Интересно е што имаат ист капацитет на батериите, но испорачуваат различни резултати.

Дизајн

Целосно новиот дизајн на Samsung Galaxy Note5 е исклучителна изведба и победничка формула. Со метална рамка и стакло од предната и задната страна на Note5, се издвојува со својот потполно нов дизајн. Како и да е, овој премиум пакет го зема својот данок со трите недостатоци, кои порано беа главните адути на уредите на Samsung - слот за microSD картичка, можност за вадење на задниот капак и батерија што се вади. За жал, стаклото позади е обичен „магнет за отпечатоци од прсти“, што значи дека лесно се познава отпечаток ако го притиснете со прстите и лесно подложен е на гребење.

Од друга страна, iPhone 6 Plus на Apple е уред што се одликува со исклучителен дизајн. Неговото мат алуминиумско тело не е блескаво, но сепак телото изгледа добро и квалитетно и се ќе ви се допадне кај него. Напротив, слободно може да го сметате како модел за пример кога зборуваме за надворешниот изглед. Како дополнителен бонус, iPhone 6 Plus нема проблем со оставање на дамки од мрсни отпечатоци (освен логото на Apple од задната страна). Само имајте на ум дека на површината на iPhone е малку лизгава, исто како и кај фаблетот на Samsung.

Кај големината на Galaxy Note5 фали супериорниот сооднос на дисплејот според големината на телото - нешто што е занемарено во симетријата во овој случај. Samsung очигледно сакал да стави поголем екран од оној на iPhone, со што има малку покомпактен дисплеј од претставникот на Apple.

Двата телефона имаат многу сличности во нивниот распоред. Прво, имаме копчиња за вклучување/исклучување поставени на десната страна и копчиња за звук од левата страна - Note5 доаѓа со две посебни хардверски копчиња за подесување на јачината на звукот, слично како и кај iPhone. Двајцата имаат Home копчиња поставени на предната страна под екранот. Понатаму имаат звучници, 3.5 милиметарски аудио приклучок одоздола, задните камери на двајцата се малку испакнати надвор од телото. Патем, iPhone има кул хардверска функција, од која Note5 е лишен - Mute копче, но, фаблетот на Samsung има S-Pen пенкалце, кое ви овозможува рачно да запишувате податоци по дигитален пат. 

Дисплеј

Продолжува долгогодишната традиција на Samsung, Galaxy Note5 е опремен со Super AMOLED дисплеј - 5,67-инчен уред со резолуција од 1440 x 2560 пиксели и одлична густина на пиксели од 518ppi. Панелот на дисплејот е сличен со оној на Note4. Кај iPhone 6 Plus имаме 1080p 5,5-инчен дисплеј, со густина на пиксел од 401ppi. Формално има огромна разлика меѓу острината на двата дисплеја, но реално двајцата се речиси на исто ниво кога ќе ги искусите.

Двајцата имаат топ перформанси, но Note5 е доминантен. И покрај тоа што има пониска максимална осветленост отколку iPhone 6 Plus (574 наспроти 470 нити), Super AMOLED е супериорен од повеќе аспекти. Note5 поседува идеална шема со палета на бои, а iPhone е калибриран исто така, но неговиот дисплеј ги репродуцира белите бои со сини нијанси, додека жолтата се појавува како малку потемна од идеалната. Температурата на боите на Galaxy Note5 изнесува 6722 Келвини, што значи дека се наоѓа поблизу до идеалнаta бела точка на температура на бои од 6500 Келвини, додека iPhone 6 Plus е малку постуден со 7318K. Аглите за гледање кај двата уреда се многу добри, со тоа што iPhone малку губи од својата сива боја и точноста на боите кога гледате под агол од 45 степени, додека Note5 нема таков проблем и има висок квалитет на репродукција на осветленоста во истото сценарио.

Интерфејс и софтвер

Ова е точката каде Note5 и iPhone 6 Plus се разликуваат најмногу. Note5 се одликува со Android 5.1.1 и најновата верзија на TouchWiz, додека iPhone 6 Plus поседува iOS 8.4. Симплифициранонста и непосредноста на корисничкиот интерфејс (UI) на iPhone се сочинува од флексибилност и голем број на функционалности, за разлика од Android интерфејсот на Note5.

Samsung направил многу добра работа со TouchWiz на Note5 - доаѓа со рационализиран простор, едноставен за користење, кој содржи нови карактеристики и тоа го вади Note5 на маса подготвен за победа. Фаблетот Note5 доаѓа со автоматизирано вадење на S Pen од дното, кој овозможува да комуницирате со вашиот Note5 на начин што со iPhone 6 Plus не е таков случајот. Во суштина пенкалото ви овозможува да запишувате одредени белешки и да цртате скици на дисплејот, зачувувајќи ги како слики или PDF датотеки. Air Command менито е главната карактеристика што му дава вистински потенцијал на S Pen. Овде можете да преземате различни теми за Note5 - менување на иконки, нови менија и други модули на интерфејсот.

iPhone 6 Plus нема допирни точки со пенкала. Неговиот интерфејс е многу безличен и не може да се уредува индивидуално до тој степен како кај Note5. Она што iPhone 6 Plus го прави совршено, е што му презентира едноставен интерфејс на корисникот. Двата телефона имаат скенери за отпечатоци вградени во физичките Home копчиња и споредувајќи ги, Note5 и iPhone 6 Plus ги регистрираат отпечатоците за брзо време. Вреди да се каже и дека читачите на отпечатоци од двата уреда ќе ви овозможат да извршувате плаќања направени со нивните сопствени системи за наплата - Apple Pay и Samsung Pay.

Процесор и меморија

Исто како и неговите претходници, Galaxy Note5 е доминантен во поглед на перформансите. Ако сакате да најдете телефон на пазарот што нуди ударни перформанси под хауба, ова е тоа за вас - со octa-core, 64-битен Exynos 7 Octa 7420 процесор, произведен со 14nm технологија, 4GB LPDDR4 RAM меморија, ултра-брзо одговарање на зададените задачи и графички процесор Мали-T760 MP8.

Спецификациите на iPhone 6 Plus можеби не се толку импресивни како на Galaxy Note5, но телефонот дефинитивно не е за фрлање. Има 64-битен Apple А8 процесор под хауба, dual-core Cyclone процесор со 1.4GHz - произведен со 20nm производствен процес и графички процесор quad-core PowerVR GX6450. И покрај тоа што на хартија не се толку впечатливи перформансите, овој хардвер е совршен и доволен за софтверските потреби на уредот - благодарение на оптимизацијата на iOS, најголемиот телефон на Apple одговара брзо и моќно за разлика од мнозинството Android ривали.

iOS машината на Apple е малку понапред во графичките перформанси - тој вади неколку екстра слики во секунда за разлика од Note5 - утврдено е со бенчмарк тестовите на двата телефона. Во одделот за меморија, имаме милостив износ од 4GB RAM меморија кај Note5, додека iPhone 6 Plus е послаб од овој аспект. И покрај големата разлика, двата уреда ја вршат својата работа речиси беспрекорно. За складирање на податоци имате верзија од 16, 64, и 128GB внатрешна меморија кај iPhone 6 Plus, со оглед на тоа што Note5 е достапен со 32 или 64GB. Важно е да се каже дека фаблетот на Samsung е лишен од слот за microSD картичка, која порано беше главна карактеристика на премиум телефоните на Samsung. iPhone 6 Plus нема слот за мемориска картичка исто така. 

Интернет, конекција и батерија

Со толку големи и остри дисплеи, не е ни чудно што пребарувањето на веб за Note5 или 6 Plus е пријатно искуство. Навигацијата кај двајцата е топ, текстот се гледа јасно и лесно се чита. Предноста кај Note5 е што S Pen e совршен придружник за прелистување на веб, бидејќи функционира како курсор и ви овозможува прецизно избирање на опции.

Кога зборуваме за конекција, двајцата се добро обдарени - Note5 поддржува LTE и симнување со брзина до 620Mbps, доаѓа со MIMO (2x2) антена, Bluetooth 4.2, NFC и поддршка за позиционирање преку GPS, GLONASS и Beidou. iPhone има LTE Cat 4 модем внатре, Volte со поддршка од getgo, Bluetooth 4.0, GPS, и Glonass. NFC има, но не е отворен за програмери и се користи за плаќање преку Apple Pay.

Во поглед на енергетската ефикасност, Samsung успева да го позиционира Note5 како шампион во долго траење на батеријата. Note5 го надминува противникот со тестот за батерија која има капацитет од 3,000mAh - Note5 трае 9 часа и 11 минути, додека батеријата на iPhone 6 Plus од 2,915mAh е полоша со 6 часа и 32 минути. Кога станува збор за полнење, Note5 доминира - се полни за 81 минута, а iPhone за 171 минута до 100%. Уште една предност на фаблетот Galaxy е што е опремен со технологија за брзо и безжично полнење, од која iPhone е лишен.

Камера

Имаме 16MP главна камера OIS-от кај Note5, широчина на леќи F1.9 и 1/2,6 инчи Sony IMX 240 сензор со 1.12μm пиксели. Во суштина, камерата е слична како онаа на Galaxy S6, што е прилично добра телефонска камера. Камерата располага со многу модули и алатки, со можноста за емитирање на видео во живо и способноста за рачно прилагодување на параметрите во режим на "Pro" - брзина на бленда, фокусирање, баланс на белата боја, и многу други.

iPhone 6 Plus има 8MP iSight камера од задната страна, со широчина на објектив од 2.2 мм и 1/3 инчи сензор со 1.5μm пиксели. Интерфејсот на iPhone не е толку богат со алатки, но камерата е многу лесна за употреба и испорачува добри резултати во различни светлосни услови и позадини.

Note5 е супериорен во однос на iPhone 6 Plus во поглед на фаќање детали. Разликата не е толку остра ако сликате обично, но во моментот кога ќе зумирате, станува јасно дека Note5 е во огромна предност. Ова важи и за поголемиот дел од сцените што ги фаќаме со камерата во услови на недоволна осветленост или во текот на ноќта, каде iPhone не може да биде во чекор со темпото на новиот Note.

Note5 и iPhone 6 Plus делуваат поинаку од аспект на местото на настанот. Note5 му дава приоритет на централниот дел од дисплејот кога фаќа детали. Спротивно на тоа, iPhone 6 Plus има порамномерна изложеност на деталите, што може да доведе до тоа некои сцени да изгледаат малку потемни во споредба со Note5. Ситуацијата е малку поразлична со HDR режимот, со кој Note5 е подобар во целина отколку iPhone 6 Plus, кој прави поживописни HDR фотографии. IPhone не е далеку зад него, но претендира помалку живописни слики со својот HDR модул. Со застапеноста на бојата, Note5 и iPhone 6 Plus се многу слични. Разликите во температурата на бојата се претежно видливи кога директно ќе се споредат примероци од една иста слика, сликана со двата телефона. Без оглед на малите разлики, нема да биде претерано ако кажеме дека iPhone 6 Plus и Note5 функционираат беспрекорно со застапеноста на бојата.

Ниту еден од телефоните нема да ве разочара во затворен простор кога сликате со блиц. Сепак, iPhone во одредени ситуации има слабо забележлива зеленкаста нијанса. Со предната камера од 5 мегапиксели, автопортретот направен со Note5 е многу подетален од оној со FaceTime HD предната камера на iPhone. Селфито направено со Samsung мобилен телефон е малку постудено во споредба со iPhone, кој ги прави сликите потопли за гледање. Note5 снима во Ultra HD и 1080p видеа, а iPhone 6 Plus може да снима само во 1080p, но ја извршува својата работа речиси беспрекорно. Автоматското фокусирање реагира брзо кај двата телефона, со тоа што iPhone ги прави гласовите малку поблаги, а Note5 ја извршува својата работа многу подобро во овој случај.

Заклучок

Пред неколку години, прилично беспредметно ќе беше да споредуваме iPhone со Galaxy Note линијата. Двајцата едноставно не припаѓаа во иста категорија на уреди, но во 2015 година сепак ги добивме iPhone 6 Plus и Galaxy Note5, кои очигледно се главните противници на пазарот и немилосрдно се борат еден против друг. Избирањето на омилен телефон од овие двајца може да биде многу тешко, со оглед на нивните перформанси и способности. Без оглед на цифрите, двата телефона се многу слични и моќни, со одредени нијанси. Вистинскиот телефон за вас ќе биде оној што ќе го одберете во однос на вашите потреби. IPhone 6 Plus има пониски бројки речиси за се, но неговиот добро оптимизиран iOS не се мачи за да одговори беспрекорно на своите задачи. Двајцата имаат големи дисплеи, но на крај се се сведува на вашите потреби. Galaxy Note5 е има атрактивна понуда и добро е дизајниран, исто како и iPhone 6 Plus.

Ако сте фан на Android и сакате добар изглед на фаблет, плус функционалност на уредот, тогаш Note5 дефинитивно го заслужува вашето внимание. Доколку увидувате изоставување на одредени карактеристики кај претходните Note фаблети, тешко дека ќе најдете Android уред со подобри перформанси за тие пари во моментов. iPhone 6 Plus не е велесила за спецификации како Note5, но сепак експресно одговара на потребите. Како и да е, нема да згрешите со било кој од двајцата. За кого дигате два прста?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.