Alcatel Onetouch Idol 3 - заводник од средната класа

Објавено на 27.09.2015 10:30 во Рецензија


Alcatel Onetouch Idol 3 - заводник од средната класа

Оцени

usability
7.0


Перформанси
5.0


Цена
9.0


Камера
5.0


резултат
6.5


Наши забелешки

Positives:

- Евтина цена;

- Добри перформанси;

- Добра камера;

- Нов оперативен систем;

 

Negatives:

- Слаба батерија;

- Сиромашен интерфејс;

- Слаба меморија;



Целата рецензија

Едно од најголемите изненадувања оваа година е Alcatel OneTouch Idol 3. Телефонот не е за потценување, голема е веројатноста да успее да го сврти вниманието
кон себе на пазарот на мобилни во средна класа. 4,7-инчениот смартфон ни демонстрира што може да се даде максимум за буџетот што го издвојувате за него. Земајќи во
предвид речиси сè што овој смартфон има да понуди, можеме да кажеме дека неговото куќиште е значително намалено за сметка на цената од 180 долари. Сепак има солидни
перформанси исто како неговиот поголем брат, кој има само поголем дисплеј од 5,5 инчи и поголема батерија.

Дизајн

Нема ништо особено ново со својот дизајн кога ќе го споредиме со братот со поголем дисплеј од 5,5 инчи, освен тоа што е намален значително со цел да биде покомпактен.
Тоа е добро за дизајнот на Alcatel Onetouch Idol 3, затоа што се чувствува дека има совршена големина кога ќе го фатиме со рака. Неговата линија овозможува удобно да
раководиме со нашиот палец и да ги стигнеме сите четири агли на дисплејот. Пристојно конструиран е со неговото пластично матирано куќиште, кое е неверојатно лесно -
110 грами. Исто како и претходниот негов физички поголем брат, опремен е со истите копчиња - копчиња за звук на неговиот десен раб, microUSB влез и микрофон одоздола,
3,5 милиметарски џек за слушалки и микрофон што поседува технологија за поништување на шумот од горната страна и копчето за вклучување/исклучување и комбинираниот влез
за microSD/microSIM влез на левата страна. 

Дисплеј

Alcatel OneTouch Idol 3 е стилизиран со 4,7-инчи 720 x 1280 IPS LCD дисплеј и се одликува со технологија што му дава моќност и сјајност. Ова една од најдобрите
карактеристики, затоа што се однесува слично како AMOLED дисплеите - значи дека добива добра црна боја, одлично се гледа од сите агли и супер балансира со боите.
Дисплејот си има свои квалитети, но кога станува збор за точност на боите, не би го класифицирале како совршен - има студен тон со температура на бои од 7300 Келвини,
гама вредност од 2,14, со што боите се малку замачкани и особено се истакнува пурпурната кога треба да се прикажат сини бои на екранот.

Независно од тоа, крајниот резултат е добар, бидејќи OneTouch Idol 3 создава моќна светлост од 606-нити, што ни овозможува да гледаме во секакви услови на осветлување.
Најдобриот дел во врска со дисплејот е што содржи одреден сјај што не смирува кога гледаме во него и нема да ве болат очи од таа причина. 

Интерфејс и софтвер

Одредени делови на интерфејсот се појавуваат исто како на оригиналниот Android 5.0.2 Lollipop, а прилагоденото искуство кај Alcatel е најзабележително кај корисничкиот
интерфејс TouchWiz од LG - цел интерфејс се превртува кога телефонот го ротирате за 180 степени со раката. Тоа е придружено со стилизирана анимација, но функцијата
постои најмногу за да се разликува од конвенционалниот интерфејс. Ги поздравуваме сите дизајнерски елементи на апликациите, но најважно е што сите основни функции на
Android се тука. Искуството со функциите ќе биде солидно за повеќето корисници, со кои ќе се снаоѓаат без никакви прашалници во главата. Сепак, ги нема истите
дополнителни карактеристики што го прават интерфејсот совршено практичен за корисниците.

Процесор и меморија

Исто како кај дисплејот, има благо штедење на материјал за машинеријата под хауба. Alcatel ја одбрал следнава комбинација за хардвер - quad-core 1.2GHz Qualcomm
Snapdragon 410 процесор, 1,5GB RAM меморија и Adreno 306 графички процесор. Ако ги гледаме работите површно, тогаш телефонот нема проблем со справување на полесните и
тривијални задачи, но дефинитивно не е за справување со тешки операции кои бараат високи перформанси - како што се игрите и вклучувањето на повеќе апликации одеднаш. И
покрај тоа што се рекламира со 16GB, под капакот чува слободен простор од 11.86GB внатрешна меморија. За одредена категорија корисници ова е големо ограничување, но за
утеха е што има барем влез за microSD картичка и затоа меморијата не би требало да ви претставува проблем. 

Интернет, конекција и батерија

Alcatel Onetouch Idol 3 површно обезбедува добро сурферско искуство на веб и не можеме да се пожалиме. Ги поседува сите практични карактеристики и брзо ги лоадира
страниците, пристојно се ракува и навремено одговора на навигациските контроли. Малите букви би можеле да бидат мал проблем за читање кога страниците ги гледате во
целост, но тоа не е ништо страшно и може да се среди кога ќе зумирате.

Со него имате LTE/4G поддршка, aGPS, Bluetooth 4.0, dual-band 802.11 a/b/g/n Wi-Fi и NFC. Заради помалата батерија со капацитет од 2000 mAh, не е чудо што побрзо се
празни за разлика од братот со дисплеј од 5,5-инчи - трае 7 часа и 25 минути, што во превод значи дека смартфонот може да го користите еден ден со нормална употреба.
Alcatel тврди дека може да се наполни телефонот за 2,5 часа, но со тестирањето е откриено дека се полни до стотка за само 109 минути.

Камера

Досега речиси секој дел од телефонот е намален во споредба со поголемата верзија. Задната камера е иста - 13-мегапиксели, што е одлично во споредба со другите телефони
од истата класа. Имаме и широко-аголна 5-мегапикселна камера од предната страна за правење селфи фотки, при што ќе имате доволно простор да се сликате со неколку луѓе
кога правите автопортрет.

Гледајќи во интерфејсот на камерата, навистина ни се допаѓа арсеналот што го нуди Alcatel - содржи неколку модули за фотографирање и рачни контроли. Рачниот режим
овозможува пристап за прилагодување на брзината на блендата и параметрите за фокусирање, кои вообичаено недостасуваат кај смартфоните од оваа класа. Камерата не е
извонредна, но има доволно добри резултати кога условите за снимање се слаби. Тоа значи дека изобилува со висок процент на светлина за време на сликањето, па така
фотографиите имаат доволно впечатливи линии за пренесување на вистинските детали во неутрален стил, со мала претенциозност при интонациите на боите. HDR функцијата ги
прави фотографиите со поголем контраст и ја зголемува фокусираноста, давајќи им повеќе избелен тон. 

Квалитетот на видео-снимките на Onetouch Idol 3 се одвива со снимање од 1080p, а нашите најголеми поплаки се поради аудио снимањето и сецкањето при движењето. Видеото
снимено на околу 23 fps, би требало да биде доволно за течноста на видео снимката, но, за жал, снимките не се солидни ако се раководиме според цифрите што се напишани
на хартија.

Заклучок

Цената од 180 долари на Alcatel Onetouch Idol 3 ни е голема утеха, сосема е солидна за неговите перформанси. 4,7-инчениот уред нуди добар квалитет, многу опции и дури
повеќе, а неговиот грациозен дизајн и компактна големина се најголемите предности. Alcatel со овој модел поставува рекорд и нов пример со високи вредности, кој ќе биде
еден од најспоредуваните во сферата на евтините смартфони, бидејќи ги намали големината на дисплејот, батеријата и моќноста на машинеријата, после излегувањето на
поголемиот брат од 5,5-инчи на почетокот на годинава. Најголем ривал на Onetouch Idol 3 во моментот би бил Мото G 2015, кој чини исто така 180 долари. Alcatel OneTouch
Idol 3 со својата верзија од 4,7-инчи победува со нискиот буџет, има тенка и лесно допадлива конструкција и одлично осветлен дисплеј. Како ви се чини вам?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.