LG Spirit - заоблениот евтин заводник

Објавено на 02.10.2015 18:18 во Рецензија


LG Spirit - заоблениот евтин заводник

Оцени

usability
6.0


Перформанси
3.0


Цена
5.0


Камера
2.0


резултат
4.0


Наши забелешки

Positives:

- Добар оперативен систем;
- Модерен заоблен дисплеј;
- Убав дизајн;
- Доволно меморија;

 

Negatives:

- Слаба камера;
- Ниски перформанси;
- Слаба батерија;



Целата рецензија

Eдинствен начин досега да добиете смартфон со заоблен екран, беше да издвоите вреќа пари и да го купите на пример моделот на Samsung Galaxy S6 Edge или сексапилниот LG G Flex 2. LG очигледно ја менува страгегијата и реши да лансира евтин телефон со заоблен дисплеј, кој е поевтин и од G4c. Зборуваме за новиот модел LG Spirit. Spirit на LG може лесно да го помешате со рамен екран, но не е така. Задниот дел веќе се познава од километар дека е заоблен, што овозможува практично и удобно да се држи во рака и покрај тоа што е тенок 9.95мм. Телефонот си има недостатоци кај перформансите, има добра големина на дисплеј и одлично ви легнува кога го држите во рака. Сите паѓаат на дизајнот на овој евтин убавец.

Дизајн

Очекувавме телефон што ќе изгледа како сите други ниски буџетари, но изненадени сме од неговиот изглед. LG Spirit е составен од пластично тело и изгледа слично како LG G4c, блескава црна рамка се стеснува од страните на дисплејот. Задниот дел на телефонот е сличен со LG G4 и има мала облина при дизајнот на дисплејот, иако не е толку изразена како кај флексибилниот G Flex 2, но удобен е за ракување. На задниот дел на Spirit се наоѓаат копчињата за заклучување и контролите за глас, кои се супер, затоа што се посебни и полесни за употреба. За жал, Spirit нема кожено тело како G4, што е сосема разбирливо со оглед на цената. Сепак, "керамичкиот" ефект на панелот со полирана боја ви дава чувство како да држите скап телефон во рака и мек е на допир. 

Spirit дефинитивно е најдобар од својот вид и нема конкуренција од телефоните од својата класа, како што се на пример Мото G и Lumia 640. Под хауба има слот за micro-SIM, што ќе ви овозможи да ја зголемите внатрешната меморија, која изнесува 8GB. Најголемата разлика помеѓу G4 и Spirit е дебелината од 10мм на Spirit, што значи дека не е супер-тенок, но не е премногу дебел, што нема да ви пречи во секојдневната употреба.

Дисплеј

Заоблениот LCD дисплеј на LG Spirit е сиромашен со точноста на боите, кој се одликува со 4.7 инчен екран, резолуција од 1,280x720 пиксели и густина на пиксели од 312ppi. Уредот поседува иста густина на пиксели како и iPhone 5S, што значи дека оваа големина е одлична за сликите да бидат читливи. При тестирањето со боите телефонот покажал слаби резултати. Проблем би можеле да бидат отпечатоците на дисплејот, кои многу лесно се прават, а подоцна тешко се чистат. Сепак мора да спомнеме дека имате заштита со Corning Gorilla Glass 3, со што нема да имате проблеми при падови или гребаници. Дисплејот ви овозможува импресивно искуство за парите, испорачувајќи ви добро ракување со него при гледање на видеа или сурфање на интернет.

Интонацијата на боите се со неприродна розева боја, во комбинација со црна боја, на кои им недостасува малку живост. Дисплејот на Spirit не е задоволително светол, но барем аглите за гледање од сите страни се солидни со контрастен сооднос од 958:1. Тоа им дава на сликите доволно детали.

Софтвер и интерфејс

LG Spirit работи на Android 5.0 Lollipop, кој сега може да го надградите и со Adnroid M. Модифицираниот интерфејс на LG е супер и ви овозможува добро искуство.Основните функции на Android се непроменети, но можете индивидуално да ги уредувате виртуелните копчиња за навигација, за известувањата при заклучениот дисплеј и известувањата што се наоѓаат на паѓачкото мени. Spirit содржи Knock Code, кој служи за будење на вашиот смартфон со неколку тапнувања на дисплејот. Glance mode, односно режимот за поглед прво се појави кај G Flex 2, кој служи за преглед на известувањата и апликациите кога лизгате со прстот кон надолу на дисплејот, кога е заклучен. Општо, LG не ве преоптоварува со своите апликации, со што ви дава повеќе простор вие да си ги симнете оние што ги одговараат.

Процесор и меморија

LG Spirit се напојува со 1.2GHz quad-core, 64-битен Snapdragon 410 процесор, 1GB RAM меморија и Adreno 306 графички процесор. За жал, Spirit тука малку заостанува и не ја извршува ефикасно својата работа. Во принцип перформансите се во ред во однос на цената, но кога работат две апликации во позадина, тогаш настанува проблем. Затоа, ако сте некој страствен фан на смартфони со куп можност, тој не е за вас, но ако ви е потребен модел за вашето секојдневие, тогаш ви го препорачуваме. Колку за споредба, кај бенчмаркот за брзината на Spirit, уредот спечалил 1.440 поени, додека Moto G 2 - 1.155 поени, со својот Snapdragon 400 процесор. 

LG Spirit доаѓа со 8GB меморија за складирање на вашите лични податоци, што е всушност дури и помалку, откако ќе констатираме дека софтверот зазема делче од тоа. Како и да е, можете меморијата да ја зголемите со microSD картичка и нема да имате проблеми овде. 

Камера 

За фотографирање LG Spirit има 8-мегапикселна задна камера со LED блиц и предна камера од 1 мегапиксел. Апликацијата за камерата е многу општа и не очекувајте ништо приближно слично како на пример алатките што ги имаат Samsung или Sony, па дури и HDR, кој најчесто се јавува како спасител на поевтините телефони. Фотографиите не се совршени, затоа што стандардната резолуција е подесена на најмногу 6 мегапиксели, наместо на максимум - 8 мегапиксели. Нема ласерски фокус овде, што значи дека на камерата и треба малку време додека да се активира, што резултира и со голем број на слики надвор од фокусот. Во добро осветлени услови на отворено, камерата може да направи добри и топли слики. Иако сликите би можеле да покажат добри детали, боите може да бидат значително намалени. 

Во затворен простор, камерата се бори да фати барем задоволителни детали. Разговорот на Skype ќе ви биде проблем ако сакате да се видите со пријателите преку камера, бидејќи предната камера е матна и создава многу шумови. Како и да е, имате режим за сликање со гестикулации со рацете, инспирирана од G4 - СО затворање на тупаницата за да го стартувате тајмерот, кој ви дава време за да се наместите за добар селфи кадар. Снимањето на видеа со задната камера оди со максимум 1080p HD и 30fps. 

Интернет, конекција и батерија

Spirit има батерија со капацитет од 2,100mAh, која не е баш толку импресивна. Како за телефон од оваа големина, ќе ви користи од ден за ден, во зависност од тоа како ќе го користите. За сурфање, при проверка на Twitter и Facebook или играње игри во текот на денот, Spirit нема да истрае 24 часа. Од алатките за поврзување, LG Spirit има поддршка за LTE конекција, односно 4G интернет, Bluetooth 4.0 и нема поддршка за NFC. 

Заклучок

LG Spirit не е којзнае каков телефон, но ќе ви користи без проблем за вашето секојдневие, доколку не барате многу од смартфонот што го користите. Значи, се зависи од вашите потреби. Камерата не е за употреба во ноќно време, но апсолутно можете да ја употребувате во среде бел ден да си ги фотографирате најубавите спомени. Ако не сакате да давате многу пари за телефон и се чувствувате добро со дисплеј од 5.5 инчи, а притоа батеријата ја полните малку почесто, Spirit ви одговара. Доколку се вклопува со вашите потреби, не двоумете се да ги посетите салоните на нашите оператори. Цената е многу евтина и варира од место до место, поради јачината на перформансите, камерата, итн. Ние силно ви го препорачуваме заводникот со заоблен екран, затоа што таков нема да најдете никаде за парите. Што велите вие?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.