Microsoft Surface 3 - Убав хибрид - таблет/лаптоп

Објавено на 21.10.2015 13:15 во Рецензија


Microsoft Surface 3 - Убав хибрид - таблет/лаптоп

Оцени

usability
9.9


Перформанси
5.0


Цена
4.8


Камера
3.0


резултат
5.7


Наши забелешки

Positives:

- Cortana;
- Windows 10;
- Батерија;
- Пенкало;
- Дизајн;

 

Negatives:

- Камера;
- Процесор;
- Цена;



Целата рецензија

Microsoft се обиде да направи нешто различно од моментот кога прв пат ги претстави своите професионални Surface таблети со расцутен десктоп. Таблетите беа оптимизирани со свои стандарди - Windows RT оперативен систем, кој потрошувачите не го прифатија како што треба поради големите ограничувања кај Surface 2, главно затоа што другите компјутерски производители нудеа поевтини таблети за истото искуство со Windows. Поради својата најнова понуда Surface 3 и неговиот Windows 10 го нудат сето она што би го посакале кај Surface Pro 3 и се претставува истовремено како поприфатлив и полесно пристапен пакет.

Дизајн

Microsoft не го промени рецептот со Surface 3, односно таблетот го поседува истиот дизајнерски стил како своите претходници. Тоа е оригиналниот Surface дизајн што сите го знаеме, со магнезиумско тело и прилагодлив потпирач. Тоа го прави флексибилен и лесно пренослив таблет, кој заменува и лаптоп. Неговата големина е интересна и ни се допаѓа, со оглед на тоа што претставува еден вид на хибриден мобилен компјутерски уред со Windows 10, што значи дека е нешто повеќе од обичен таблет.

Потпирачот ни овозможува полесно искуство во споредба со другите таблети, бидејќи ни овозможува да гледаме видеа или евентуално нешто друго без да мора да го држиме постојано во раце. Можете да гледате од 3 агли, и така е направен со цел да биде доволно флексибилен да се поместува во однос на косината. Една од поинтересните промени кај дизајнот е што содржи стандарден microUSB порт за полнење, што е спротивно со магнетните врски што досега ги гледавме во оваа серија. Со LTE верзијата имате слот за СИМ, кој се наоѓа на долната лева страна на таблетот.

Трансформирањето на Surface 3 таблетот во хибриден лаптоп е направено со начинот на пишување, што е одлично ако сакате вообичаено пишување со искуство преку допир. Стилизираните копчиња се малку тесно распоредени, но одлично реагираат кога ги допирате, што го прави вашето пишување многу лесно и природно. Дисплејот има голема заштита и автоматски се исклучува кога ќе го затворите. Имате специјално Surface пенкало, кое е многу корисна работа за пишување на белешки и функционира речиси како глушец со својот функции при десен клик. Доколку сакате ваков дополнителен елемент со таблетот, тогаш ќе ви требаат дополнителни 30 долари за него. 

Дисплеј

Microsoft Surface 3 има 10,8-инчен ClearType 1920 x 1080 дисплеј и густина на пиксели од 214 ppi. Нема многу густина на пиксели, но сепак е ефективен за секојдневна употреба, како што е пишување на извештаи и сурфање на интернет. Microsoft вградил високо-квалитетен дисплеј кај таблетот, кој постигнува одлични резултати на бенчмарковите во различни категории, а доволен доказ за тоа се неговата температура на боја од 6300K и гама вредност од 2.17. Дисплејот има добра репродукција на бои и се одликува со совршена калибрација. Неговата максимална осветленост изнесува 359 нити, што е лошо кога го користите на отворен простор со силно сонце.

Интерфејс и софтвер

Кога беше лансиран, Surface 3 првично работеше со Windows 8.1, но сега работи со најновиот Windows 10 и ова е голема работа за Surface 3. Одлично е тоа што со најновиот оперативен систем имаме универзални апликации што функционираат со сите видови на уреди, а не апликации за секој уред посебно. Windows 10 ни овозможува фасцинантно искуство, што може да се добие исто и кај Surface Pro 3. Ни нуди предност до тој степен што во споредба со конкурентските платформи, како што се Android и iOS, главно затоа што може да се инсталира било кој софтвер. Microsoft инвестираше многу време за да го оптимизира убаво Windows 10, што резултираше со многу нови функции и алатки. Навистина, има многу нешта што го зајакнуваат Windows 10, што го прават да се претвори во разнивиден таблет/десктоп платформа, од кои најзначајни нови промени се Start менито, Cortana и OneDrive интегрирањето. 

Процесор и меморија 

Surface 3 има quad-core Intel Atom x7-8700 процесор, 2GB RAM меморија, Intel HD графички процесор, кој во споредба со Surface Pro 3, може да се прилагоди за да го користи било кој процесор од 4-та генерација на Intel Core. Atom процесорот овде има корисност само со тривијалните задачи, но не е способен да се справи со тешките задачи кои што Surface Pro 3 ги извршува без проблем. 

Кога го користите таблетот за обични нешта, тогаш уредот реагира брзо, а кога станува збор за графика, не ви го препорачуваме за играње игри. Достапен е во две верзии: со 64GB и 128GB внатрешна меморија. Искрено ви сугерираме да го купите оној со поголема меморија за складирање на лични податоци ако планирате да инсталирате многу апликации, а доколку и тогаш ви биде потребен екстра простор, ќе можете да го обезбедите со microSD картичка.

Интернет, конекција и батерија

Surface 3 доаѓа со најновиот веб-прелистувач Microsoft Edge. Ова е едно од најдобрите нешта на Microsoft, имајќи во предвид колку долго Internet Explorer беше единствената опција за сурфање на интернет. Microsoft Edge нуди голем број на различни функции и се справува со сите видови на комплексни страници - брзо ги вклучува страниците, брзо ја рендерира страницата и течно реагира кај навигационите контроли. Сурфањето на интернет Surface 3 е идеално, но она што го одделува од другите таблети, е што можеме да запишуваме белешки, да цртаме и многу други работи со притискање на соодветното копче во менито. Таблетот има Wi-Fi, LTE поддршка, aGPS Glonass, dual-band 802.11 a/b/g/n Wi-Fi, USB 3.0 порт и мини DisplayPort.

Microsoft нема прецизирано колкав е точниот капацитет на батеријата на Surface 3, но тврди дека има можност да издржи работа од 10 часа. Тоа се веќе амбициозни резултати. Сепак, тестирањето демонстрираше дека трае од 6-7 часа со едно полнење. Искрено, тоа не е лошо за таблет со Windows 10. За жал, неговото полнење трае долго време - 260 минути.

Камера

Вооружен со 8-мегапикселна задна камера и 3,5-мегапикселна предна, не е со камера од врвен квалитет. Таблетот од овој аспект може да го користите само кога сакате да си направите спомени со добри фотографии кога тоа ви е потребно и кога ви треба за Skype повици. Интерфејсот на камерата е со стандардниот Windows 10, кој за жал е само основен и не нуди ништо посебно што ќе ве воодушеви. За разлика од другите интерфејси што доаѓаат со многубројни модули за фотографирање, Surface 3 нема никаква слична алатка. Всушност, единствените опции на располагање се поставувањето на тајмер, режим за брзо сликање на повеќе слики една по друга и неколку рачни контроли.

Очигледно многу малку внимание е посветено на интерфејсот на камерата и затоа не треба да очекуваме многу во овој оддел. Ќе ви послужи за одредени потреби, но не очекувајте дека ќе можете да правите професионални фотосесии со посебни ефекти. Камерата на Surface 3 има тенденција да овозможи презаситување на боите, давајќи им нереален квалитет.

Заклучок

Microsoft го изработил добро својот Surface 3, елиминирајќи ги разочарувањата и недостатоците од својот Windows RT за Surface таблетите. Ова не е анемичен таблет како и сите други, туку таблет со моќ на десктоп оперативен систем, Windows 10. Тој нуди многу повеќе во споредба со другите од својот сегмент во однос на функциите, едноставно не може да се споредат. Ова е практичен таблет/лаптоп кој ни служи за потребите. Врз основа на цените Surface 3 е тука некаде како iPad Air 2.

Цените на Surface 3 се движат во зависност која верзија ќе ја нарачате - од 500 долари со Wi-Fi поддршка, со 64GB простор за складирање и 2GB RAM меморија - до моделот од 600 долари со 128GB внатрешна меморија, 4GB RAM меморија, а ако сакате постојана конекција - LTE поддршка, ќе мора да доплатите уште 100 долари, односно вкупно 700 долари. Surface 3 е специјален модел на таблет/лаптоп, кој ретко може да се најде на пазарот со вакви спецификации и беспрекорен дизајн. Дали сте за?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.