Фаблетот BLU Pure XL - ѕвер за 349 долари!

Објавено на 05.11.2015 15:46 во Рецензија


Фаблетот BLU Pure XL - ѕвер за 349 долари!

Оцени

usability
8.0


Перформанси
9.9


Цена
9.0


Камера
8.5


резултат
8.8


Наши забелешки

Positives:

- Добро оптимизиран интерфејс богат со гестови;
- Добри перформанси;
- Голема меморија;
- Добра камера;
- Добар дизајн;
- Ниска цена;

 

Negatives:

- Лош квалитет на дисплеј;
- Слаба батерија;



Целата рецензија

Оваа година настанаа радикални промени во мобилната индустрија со смартфони од средната класа. Некои од пионерите што направија промени на пазарот се Alcatel OneTouch Idol 3, ASUS Zenfone 2 и Microsoft Lumia 640 XL, кои го придобија вниманието на почетокот на годинава. Сега можете да додадете уште еден модел на листата - BLU Pure XL. Оваа компанија досега лансираше само телефони од ниската класа, но овој модел е наменет за да го подобри стандардот на понудата и побарувачката. Дали ова е уредот што ќе го издигне BLU во големата лига?

Дизајн

BLU телефоните досега беа солидно изработени, па така е и овој. Изгледа дека компанијата поминала многу време и посветила многу внимание на Pure XL, делумно поради тоа што располага со пластичен заден капак со алуминиумски рамки и метални рабови. Како и да е, квалитетот овој пат е значително посупериорен. Дизајнот потсетува малку на OnePlus 2 кога ја гледате обвивката со мала заобленост од задната страна, но има остри рабови од страните. Пластичниот материјал од задната плочка му дава изглед како да е телефон од средната класа, а златната боја му дава добра имитација на метален изглед. Ова е дефинитивно добар фаблет, широк и тешко да се управува само со една рака. Со BLU Pure XL имате копче и контроли за јачина на десниот раб, microUSB порт и микрофон на дното, како и 3.5 милиметарски џек за слушалки на врвот. Импресивно е тоа што BLU има сензор за отпечатоци на прсти директно вграден во камерата, со цел да се разликува од другите. Значи, телефонот го отклучувате со прстот преку сензорот. 

Дисплеј

Фаблетот BLU Pure XL се одликува со 6-инчен 1440 x 2560 (quad-HD) Super AMOLED дисплеј, со густина на пиксели од 490 ppi, што го прави добар играч на пазарот. Тоа значи дека продуцира јасни и остри детали, а голема работа е тоа што има многу простор за уживање во видеата со висока резолуција и сите видови на игри. Дисплејот би можел да се пофали со неколку квалитети што го прават многу сличен со 6-инчениот Nexus 6. Осветлувањето изнесува 343 нити, поради што е добар за внатрешен простор, но кога ќе го изнесете надвор на силно сонце, тешко е да ракувате со него. 

Има презаситена репродукција на боите, со што е повторно сличен со Nexus 6. Ако ги ставите двата дисплеја еден до друг, ќе забележите дека се речиси копирани еден од друг, исто како и презаситените тонови на боите. Дисплејот на BLU покажува значително постуден тон поради температурата на боите од 8100K. 

Интерфејс и софтвер

BLU одлучил да го оптимизира интерфејсот со цел да обезбеди добро искуство со Pure XL, кој функционира со Android 5.1 Lollipop. Тука се основните апликации и функции што ги има секој Android. Можете да го прилагодите изгледот на интерфејсот, со што сами можете да ги уредувате апликациите. Добро е оптимизиран корисничкиот интерфејс, така што можете слободно да раководите со телефонот без да биде многу бавен.

Со софтверот имате интересни Воздушни гестови, кои служат за будење на телефонот, да навигирате преку апликацијата за галеријата или homescreen, и да паузирате/вклучите видео со едноставно мавтање со раката над екранот. Моделот има и некои други функции, како што се двојното допирање на дисплејот за вклучување/исклучување и автоматско прифаќање на телефонски повик со ставање на телефонот на увото. Супер, зар не? Она што недостасува е што нема одредени корисни мулти-таскинг опции и режими за ракување со една рака, кои би биле од корист за телефон со ваква големина. Затоа недостига потребниот квалитет за добро искуство на корисниците што бараат моќни технолошки направи. 

Процесор и меморија

BLU Pure XL доаѓа со 64-битен osta-core MediaTek Helio MT6795 X10 процесор со фреквенција од 2.0GHz, произведен со процесот 28nm, има 3GB RAM меморија и PowerVR G6200 графички процесор. Телефонот импресионира со својата брзина, која апликација и да сакате да ја активирате, брзо реагира и нема да ви прави проблеми. Бенчмарк тестовите сепак покажуваат послаби резултати во однос на графиката, најмногу поради резолуцијата на quad-HD дисплејот, кој троши многу ресурси. За среќа, фаблетот доаѓа со дарежлив 64GB капацитет внатрешна меморија, со можност за додавање на меморија со microSD картичка.

Интернет, конекција и батерија

Со BLU Pure XL нема да имате проблеми кога сурфате на интернет, се оди како подмачкано, а неговата quad-HD резолуција ви овозможува кристално чисти детали. Страниците брзо се отвараат, лесно се рендерираат страниците и навигациските контроли функционираат течно. Единственото чудно нешто во сето тоа е тоа што се обидуваат со овој мобилен да го промовираат веб-пребарувачот Opera, но само како дополнителна опција. 

Од алатките за конеција Pure XL има LTE конекција, aGPS, Bluetooth, dual-band 802.11 a/b/g/n Wi-Fi и NFC. Причината за дебелината на телото е поради големината на батеријата со капацитет од 3500 mAh. Без сомнение, се работи за голем капацитет со оглед на големината на дисплејот, но неговата ефикасност е сепак просечна. Со активно користење батеријата трае 6 часа и 13 минути со активно користење, што го става под ист кош како LG G4 и OnePlus 2. Батеријата содржи и технологијха за брзо полнење.

Камера

BLU Pure XL доаѓа опремен со неверојатна 24-мегапиксели задна камера, располага со објектив f/2.0, двоен LED блиц, OIS, сафирни капаци на објективот и наменско копче за блендата. Предната камера има 8-мегапикселна камера, што значи дека ќе имате одлични селфи фотографии со пријателите. Има ли потреба да ви објаснуваме колку добри фотографии ќе имате, имајќи ги во предвид високите цифри? Апликацијата за камерата има низа режими за снимање и контроли, како што се: HDR, Панорама, Разубавување на лицето, добро фокусирање, ултра пиксели, како и професионалните модули. На прв поглед, интерфејсот можеби изгледа премногу општо, но има прилично добри алатки.

И покрај тоа што бројките се одлични, сепак камерата не е ист калибар како премиум телефоните како што се LG G4 или Note5. Со тестирање е утврдено дека телефонот прави слики исто како 16-мегапикселна камера, односно обезбедува исто ниво на детали, што е малку чудно. За среќа со сликањето надвор на сонце можете да обезбедите добри фотки со убави бои и детали. Со HDR режимот понекогаш се зголемува контрастот до тој степен што се појавуваат избелени фотографии. Двојниот LED блиц прави да имате убаво осветлување кога сликате. BLU Pure XL може да снима видео со резолуција од 4K UHD, а квалитетот на видео-снимката е просечна и има добар број на детали. За време на репродукцијата на бои, фаворизира постуден тон. Сепак општото искуство изгледа визуелно привлечно. 

Заклучок

Што добиваме со Blu Pure XL? Ова е чудовиште од телефон, бидејќи е опремен со 6,0-инчен Quad-HD Super AMOLED дисплеј, опасен octa-core MediaTek Helios X10 процесор, 24-мегапикселна камера, два СИМ слота, 64GB внатрешна меморија, па дури и сензор за отпечатоци на прсти. За повеќето телефони со вакви спецификации, компаниите би формирале цена од околу 600 долари, но BLU Pure XL ја ништи конкуренцијата поради својата цена од 349,99 долари. Сите телефони од таа категорија имаат високи цени, како што е на пример ZTE Axon Pro или Motorola Moto Мото Х Style/Pure Edition, со цени од 450 и 400 долари, но не нудат голема меморија и сензор за отисоци на прсти како Pure XL. Значи, фаблетот е несомнено атрактивен со својата ниска цена, дали сте за? 

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.