Asus ZenPad S 8.0 Z580CA - одлични перформанси и дизајн

Објавено на 07.11.2015 12:00 во Рецензија


Asus ZenPad S 8.0 Z580CA - одлични перформанси и дизајн

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.8


Цена
7.5


Камера
5.5


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Елегантен дизајн;
- Добри перформанси;
- Добра цена;
- Добар интерфејс;

 

Negatives:

 

- Слаба камера;
- Слаба батерија;



Целата рецензија

Помина долго време откако не сме виделе таблет од Asus. Компаниите денес не преферираат премиум модели на таблети, особено Android-ците, но Asus одлучил да му стави крај на ова и да го понуди грациозниот ZenPad S 8.0. Постојат повеќе верзии на моделот, од кои ние го одбравме Z580CA, кој е предводник таблет на компанијата. Според својата намена, Asus ZenPad S 8.0 се стреми да балансира меѓу работата и игрите. Ајде да погледнеме што има внатре. Добрата цена и перформансите се неговата предност. 

Дизајн

Тешко би поверувале дека се работи за 8-инчен таблет, затоа што изгледа како 7-инчен, поради неговата намалена површина од предната плоча. Така дисплејот зазема 74% од просторот на предниот панел. Уште подобро е што дизајнот се состои од софистицираност и елеганција, метално куќиште со мека кожа од задната страна, што ви овозможува убаво чувство кога го држите таблетот и го допирате од задната страна. Иако е малку широк за да се фати удобно со една рака, можеби ќе успеете во тоа ако имате долги прсти поради неговата тежина од 298гр. и грациозниот профил од 6.6мм, поради што се издвојува како посебен таблет. 

За жал, копчињата и контролите за звук не одговараат достојно кога ги притискате, така што кога управувате со нив, нема да сте сигурни дали сте притиснале или не. Интересен е фактот што е еден од ретките уреди со USB приклучок од type-C, што значи дека е еден чекор напред во споредба со конкуренцијата. Asus е благословен со два предни Sonic Master звучника со DTS HD Премиум Звук.

Дисплеј

Зацврстувајќи ја својата позиција како премиум таблет, ZenPad С 8.0 се одликува со 8-инчен (QXGA) IPS дисплеј, со 1536 x 2048 пиксели, заштита на екранот со Corning Gorilla Glass 3. Деталите се добри кога гледате нешто прецизно на екранот поради својата великодушна резолуција и густина на пиксели од 320 ppi. Неговата осветленост до 387 нити го прави проблематичен кога сакате да го ракувате на отворен простор, односно кога сонцето силно свети. Второ, на екранот се покажува постуден тон со температура на боја од 7300 Келвини, акцентирајќи ја сината боја. 

Интерфејс и софтвер

После успехот на ZenFone 2, не е изненадување за нас што Asus го подобри корисничкиот интерфејс ZenUI со поновиот Android 5.0 Lollipop. Визуелно е истиот интерфејс како кај ZenFone, но овој е приспособен за поголем екран. Тоа значи дека имате функционален интерфејс и можете да го моделирате по свој вкус. Имено, можете да изберете кој тип на фонт сакате да го користите, само што му недостасува поголема функционалност кај мулти-таскингот. Имате неколку корисни функции за забава, поседува различни ZenMotion гестови, поддршка за повеќе корисници и кратенки што може да се активираат со помош на гестови. Ако сакате можете да си купите дополнително и специјално пенкалце Z Stylus од 30 долари, кое функционира слично како S Pen на Samsung, на ниво од 1024 за сензитивност на притисокот.

Процесор и меморија

Поради очигледното партнерство меѓу Asus и Intel, ZenPad С 8.0 е опремен со делови од Intel под хаубата. Работи со 64-битен quad-core Intel Atom Z3580 процесор со фреквенција од 2.3GHz, 4GB RAM меморија и PowerVR G6430 графички процесор. Оваа комбинација дефинитивно му дава моќност на таблетот, за да реагира брзо на задачите што му ги давате. Таблетот на Asus може да се справи и со тешки процеси, кои бараат повеќе, дури и во одделот за графиката. Уште повеќе импресивни се податоците од бенчмарковите, што со резултатите може да се мери со новите таблети на Samsung. Уредот доаѓа со 64 GB меморија за складирање на податоци, при што ако го одземете просторот од оперативниот систем, ви остануваат 53.74GB слободен простор за вас. Слотот за microSD картичка е тука да ви помогне во секој момент доколку немате доволно меморија. 

Интернет, конекција и батерија

Како што се очекуваше, Asus ZenPad С 8.0 ви овозможува одлично искуство на интернет кога сурфате. Брзо ги отвара страниците, има течни навигациски контроли и нема да ве разочара во ниту еден поглед. Има дури и практични ZenMotion гестови, кои служат за автоматско активирање на веб прелистувачот при цртање на буквата "W", додека дисплејот е заклучен.

Таблетот има Wi-Fi конекција и другите основни алатки за поврзување, како што се: aGPS GLONASS, Bluetooth 4.1, но е без NFC. Asus не го кажува капацитетот на батеријата, туку пишува дека се работи за 15.2Wh Li-polymer батерија. Искрено, тоа дури и не е толку важно, бидејќи батеријата трае кратко. Генерално таблетите имаат поголеми батерии од смартфоните со цел да траат подолго, но според искуството трае дури и помалку од еден ден при нормална употреба. Според тестирањето батеријата издржала 5 часа и 41 минута, што е помалку од поголемиот 9,7-инчен Galaxy Tab S2. Спротивно на тоа пак, е што до 100% се полни за 213 минути, што е прилично брзо како за таблет.

Камера

Asus ZenPad S 8.0 има 8-мегапикселна задна камера и 5-мегапикселна предна камера, што се солидни податоци за таблет. Објективот е поставен во аголот на задната страна на уредот, така што никогаш нашите прсти нема да и пречат кога ќе фотографира или снима. Навистина убаво е тоа што е опремен со извонредно богат интерфејс, кој ви нуди богато искуство, со многу модули за фотографирање за да ја задоволи секоја наша желба. Единственото нешто што недостасува тука е целосен рачен режим, но не е ова којзнае што за да мора да се има на таблетот.

Очекуваме многу повеќе од уредите, но не можеме да го споредуваме таблетов со смартфоните што имаат далеку помоќни камери. Камерата нема остри детали, но сепак ќе ви направи спомени вредни за сеќавање кога ќе имате потреба од неа. Кога има убави осветлени услови, сликите се идеални и немате проблеми, затоа се препорачува најмногу за дневна светлина. Снимањето со 1080 пиксели има многу мал квалитет и ништо не ни се допаѓа овде. Има меки детали, недостиг од континуиран автоматски фокус и слаб квалитет при снимање на аудио. 

Заклучок

Колку би платиле за таблет што доаѓа со 8-инчен 2K дисплеј, нов USB Type-C конектор, 8MP/5MP камери, убав дизајн, 64-битен Intel Atom процесор, 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија со microSD картичка? Како ви се чини цената од 299 долари за сето претходно наведено? Цената нам ни се чини одлична, со оглед на тоа што Asus ZenPad S 8.0 Z580CA е поинаков од сите други таблети. 

ZenPad S 8.0 на Asus значително го надополнува и надминува претходниот ZenFone 2, кој успеал да направи рамнотежа меѓу цената и спецификациите. На тој начин, Asus ZenPad С 8.0 ја постигнува целта, но постојат неколку области каде што паѓа пред конкуренцијата. Најмногу сме разочарани од неговата слаба батерија, слабите перформанси на камерата и недостатокот на напредни мулти-таскинг алатки.

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.