Motorola Moto X Style - доминантен во средна класа

Објавено на 20.11.2015 13:15 во Рецензија


Motorola Moto X Style - доминантен во средна класа

Оцени

usability
9.8


Перформанси
9.5


Цена
9.0


Камера
9.9


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

 

- Квалитетна камера;
- Голем дисплеј;
- Брзи перформанси;
- Одличен софтвер;
- Добра батерија;

 

Negatives:

 

- Стар интерфејс;



Целата рецензија

Ако не сте забележале, денешната Motorola не е иста како поранешната. Компанијата се соочи со низа промени во текот на последните неколку години, голтната од Google во 2012 година, само за да биде продадена за кратко време подоцна на Lenovo. Најновите модели, Moto Х телефоните, имаат надградби што ги прават вистински ѕверови во споредба со конкуренцијата во категоријата на средната класа. Постојат две Moto Х верзии годинава: Moto Х Pure верзија за САД и Moto Х Style за меѓународни пазари. Разликата меѓу двата модела е што американскиот ги поддржува сите LTE поврзувања. Ајде да го разгледаме телефонот со Android оперативен систем и цена од 400 долари, кој претставува приказна сама за себе. 

Дизајн

Moto X Style има значително зголемување на телото, исто како што е случајот со минатогодишните Moto X модели, со што би можел да се категоризира како фаблет. Потешко е да се фати удобно со една рака, но не е потежок на пример од Galaxy Note5. Некои корисници можеби нема да бидат воодушевени од зголемувањето на големината и тежината, но ние тврдиме дека е во ред, затоа што неговата големина е практична за употреба. Moto X Style се одликува со уникатен дизајн, кој се базира на претходниците од Moto X линијата. Тој е целосно приспособлив за моделирање на неговиот посебен стил и фигура со премиум дизајн. Цел пакет и сите линии, со боите, ни се допаѓаат и се е импресивно изработено. На пример, копчето за контроли на звукот поставени на десната страна на работ, 3.5 милиметарскиот џек за слушалки, SIM/microSD слотот на врвот и microUSB портот на долниот раб.

Дисплеј

Moto X Style се одликува со AMOLED технологија, со 5,7-инчен дисплеј, 1440 x 2560 резолуција (Quad-HD) IPS TFT LCD, заштитен со Gorilla Glass 3, а деталите се јасни и остри. Тоа е она што би го очекувале од QHD панел со густина на пиксели од 515 ppi, кој е значително подобрен од минатогодишниот. Дисплејот има малку студен тон, со температура на боја од 6748K, со што е многу блиску до идеалната референтна вредност од 6500K, а тоа му дава неутрален тон. Значи, не му дава премногу топол, ниту премногу студен тон. Гама вредноста изнесува 2.19, што е исто така подобрување во однос на неговиот претходник. Фасцинантно е тоа што има светлост од 715 нити, со што се урива минатогодишниот стандард од 385 нити.

Интерфејс и софтвер

Едно од најголемите задоволства на Moto X Style е искуството со Android 5.1.1 Lollipop. Софтверскиот дизајн е одличен како и претходниот, но нема ништо особено ново: Moto Assist, Moto Actions, Moto Voice, и Moto Display се повторно присутни. Овие услуги се значајни и екстремно корисни, кои се многу едноставни за користење. Единствената нова функција е Moto Actions, со која можеме да го вклучиме LED блицот со гестикулација. Moto Assist помага за да го управувате телефонот на одредени места и времиња, како што е на пример автоматскиот режим за Silence додека спиеме или да ни ги прочита сите пристигнати текстови кога сме дома. Moto Voice реагира со специјална фраза за да ја активира услугата во секое време. Moto Display е тука за да ни каже колку е часот, без да има потреба постојано да го притискаме копчето за вклучување/исклучување, или да ги прегледаме известувањата.

Процесор и меморија

Не е изненадување што Moto Х Style се напојува со hexa-core 1.8GHz Qualcomm Snapdragon 808 процесор, заедно со 3GB RAM меморија и Adreno 418 графички процесор. Оваа комбинација не е класифицирана како страшна, но не сме целосно задоволни од неговото брзо функционирање. Брзото функционирање на интерфејсот е одлично во овој случај и затоа мислиме дека машината воопшто не е лоша. Android софтверот овде помага значително. Телефонот со бенчмарковите за процесуирање и графика испорачува приближно слични резултати како LG G4, додека хардверот ни нуди ефикасно искуство со интерфејсот. Со Moto Х Style имате на располагање внатрешна меморија од 16GB, 32GB или 64GB, а особено добро е тоа што можете да ја надополните со microSD картичката.

Интернет, конекција и батерија

Благодарение на екранот со висока резолуција и брзи перформанси, телефонот нуди добро искуство со веб сурфањето. Нема ништо за што да се пожалиме за искуството, затоа што имаме многу функции и прилично голем екран, практичен за употреба и вистинско уживање кога сурфаме на веб страници. Moto Voice е доволно паметен за да отвори одредена страница, само треба да му кажете која со вашиот глас. Од сите алатки за поврзување, телефонот има аGPS, Bluetooth 4.1, dual-band 802.11 аb/g/n Wi-Fi и NFC. Со зголемувањето на екранот, батеријата со капацитет од 2300 mAh се зголеми на 3000 mAh со новиот модел. Се разбира, тоа е неопходно поради поголемиот екран. Во однос на ефикасноста на батеријата, новата испорачува многу подобри резултати за разлика од претходната, односно може да трае 8-часа со постојано ракување, како што пишува на хартијата. Со бенчмарк тестирањето утврдено е дека батеријата на телефонот достигнува 6 часа и 29 минути траење, што е далеку од нормалните 9 часа користење, кои може да се добијат кај Note5 и iPhone 6s Plus.

Камера

Moto X Style има многу моќна камера во споредба со минатогодишниот модел, и тука може да се натпреварува со конкурентите. Значителната надградба на својата 21-мегапикселна задна камера со 1/2,4" сензор е одлична, проследена со f/2,0 бленда, 1,1 микрони пиксели, BSI, дигитален стабилизатор на сликата, двоен LED блиц и 4K видео снимање. Предната камера од 5-мегапиксели со LED блиц е исто така дарежлив дел од понудата, со која што ќе правите одлични селфи фотки со пријателите. Хардверот на камерата звучи навистина сочно, а интерфејсот од друга страна нема новости. Се уште имате брз гест за вклучување на камерата во секое време и многу лесно е да раководите со сите режими за фотографирање. Во овој случај добивате HDR режим, Панорама, но само толку има, затоа што не постои рачен режим за прилагодување на напредни поставки. Општо, поедноставено е искуството и убаво е. 

Имате одлични и точни детали на сликите кога фотографирате во идеални услови на осветлување, кои имаат тонови од неутрални бои. При споредбата со камерата на Note5, ќе сфатиме дека многу детали од сликите не се многу јасно дефинирани. Кога станува збор за динамични слики, HDR режимот ја изедначува изложеноста и динамичкиот опсег без примена на вештачки елементи при композицијата. Има малку нагласени бои при сатурација, но не е нешто претерано, при што фотографиите добиваат убав квалитет. Додека снимате во 4K резолуција, треба да бидете среќни, бидејќи притоа се фаќаат многу детали. Понатаму имате континуиран автоматски фокус, умерено прилагодување на експозицијата и пријатен аудио запис. Значи, камерата генерално гледано е одлична.

Заклучок

Motorola го направил Moto X Style навистина посебен. Можеби некому ќе му пречи значителното зголемување на дисплејот, но ние го оправдуваме овој избор, затоа што го прави мобилниот попрактичен за општа употреба, особено за сурфање на интернет. Неговиот дизајн е високо приспособлив и доаѓа со многу добро Android искуство.

Производителот овој пат им овозможува на корисниците интересен дизајн и забава со истиот, затоа што овозможува избор на повеќе весели бои на маската. Moto X Style чини 400 долари и тоа е добра цена за перформансите што ги испорачува. Телефонот има многу поголема вредност во споредба со цената, со оглед на тоа што е водоотпорен, има 32GB меморија за складирање на податоци и плус можност за проширување на меморијата со microSD картичка, како и високата резолуција од 5,7-инчи. Неговата камера и батерија се одлични и многу подобрени во споредба со оние на претходникот, но му треба уште малку за да се издигне во однос на моќните конкуренти - iPhone 6s Plus и Note5. Како и да е, моделот на Motorola чини неверојатни 400 долари и сумата е одлична. Како ви се чини?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.