Зошто се топи задоволството на корисниците од Facebook?

Објавено на 27.08.2019 20:00 во Рецензија


Зошто се топи задоволството на корисниците од Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Најавени нови функции за заштита на податоците на корисниците

 

Negatives:

 

- Се поголем број на корисници немаат доверба во Facebook



Целата рецензија

Се поголем број на корисници се незадоволни од услугите на технолошкиот гигант Facebook како најголема социјална мрежа на планетата. Компанијата на Марк Цукерберг се соочува со се послаби оценки на задоволство од корисниците и нивниот рејтинг постојано опаѓа на сите релеватни мерења. 

Добар показател за надолниот тренд со кој се соочува Facebook е и истражувањето кое го спроведе американското здружение на потрошувачи. Употребен е ACSI (American Customer Satisfaction Index) методот на кој се покажало дека Facebook има оценка само 63  од можни 100 што е убедливо под рејтингот кој го уживаат останатите конкуренти во областа на социјалните мрежи, апликации и медиуми.

Најголем проблем за корисниците е што постојано ја губат довербата во моќната корпорација на Facebook и сметаат дека немаат контрола над тоа како се употребуваат нивните лични податоци и дека нивната приватност е загрозена на голем број начини. 

Секако, повеќето маркетиншки активности кои ги води Facebook се содржани во самите услови за користење на платформата на кои корисниците се согласуваат штом го регистрираат својот профил. За возврат на тоа што ги даваат своите лични податоци на располагање на Facebook, тие може бесплатно да го користат сајтот на социјалната мрежа или мобилните апликации без да платат ништо за ниту една услуга или функција.  

Од резултатите на ACSI се гледа и дека корисниците на Facebook даваат полоша оценка за нападноста на самите реклами и дигитални огласи кои ги следат на платформата преку таргетирање во споредба со конкурентите и слични сервиси кои имаат таргетирано рекламирање.

Во анкетата се гледа и дека корисниците се незадоволни од процедурите за закачување на слики и видеа, како и севкупниот лош квалитет на полето со информации чии алгоритми постојано носат погрешни резултати, наместо тоа што корисниците сакаат навистина да го видат, а од друга страна пропуштаат важни информации или настани од нивните најблиски пријатели.

Голем проблем за Facebook се и огромниот број на лажни профили, измамнички страни и копиии, како и лажни и монтирани видеа кои немаат никаков кредибилитет, а шират тешки манипулации и дезинформации. 

Според истражувањето на eMarketer на корисниците им е потребна детоксикација од Facebook и затоа поминуваат се помалку активно време на мрежата во текот на денот, односно само 38 минути во мерењата за 2018 година, 3 помалку во однос на 2017 година. 

На корисниците им се препорачува да користат интернет прелистувачи како Safari или Mozilla кои не дозволуваат интернет активноста да биде следена преку различни веб страни кои ги отворате во текот на една сесија на сурфање на нет. 

За жал и натаму опцијата Clear History” иако најавена лично од Facebook уште во мај, не е достапна за корисниците. Со неа би требало да се овозможи корисниците целосно да ги избришат сите податоци кои Facebook ги собрал за нив според прописите на GDPR регулативата. 

Што велите вие за состојбата на Facebook, дали и натаму сте верен корисник на оваа социјална мрежа или полека се префрлувате на други видови на сервиси?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар