IQ коефициент - се развива или опаѓа во модерното време

Објавено на 29.08.2019 07:30 во Рецензија


IQ коефициент - се развива или опаѓа во модерното време

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Збунети од она што се случува во светот, дали престанавме да ја надградуваме нашата интелигенција и не знаеме дали сме просечно понапред или се уназадуваме.

Го достигнаа ли луѓето врвот на својата интелигенција и дали ни следува пад на IQ во следните години? Откако се направени првите тестови на интелигенција пред повеќе од 100 години, резултатите што луѓето ги реализираат константно се зголемуваат, што прв го забележал научникот Џејмс Флин во 80-те години, па така овој тренд се нарекува Флинов ефект. Во текот на една деценија просечно резултатите пораснале дури за 3 бода, значи во период од 1 век, коефициентот на интелигенција пораснал дури за 30 бодови.

Во последно време растот се забави, а во некои случаи покажува и линија на опаѓање, поради што Дејвид Робсон од BBC се прашува дали навистина го достигнавме врвот од нашата интелигенција, што значи тоа за иднината и дали постои начин за повторно да ги пренасочиме трендовите и со промена на начинот на учење да поработиме на нашиот IQ. Од првите луѓе што се движеле на оваа планета до денес, расте површината на човечкиот мозок, па иако постојат бројни потенцијални причини за тоа, Робсон како една од најважните го истакнува одговорот на зголемени когнитивни барања за живот во заедница. Како што луѓето почнале да живеат во групи и заедници и заедно работат, почнале да споделуваат идеи и изуми, кои резултираат со нови откритија и иновации како што се алатките и оружјата за лов, за што била потребна и интелигенција за набљудување и учење од другите.

IQ тестови

Со првите тестови за интелигенција што се појавиле на почетокот на минатиот век, се базираат на фактот дека многу когнитивни способности се поврзани, конечно почнавме да го мериме интелектуалниот потенцијал на луѓето. Се покажува дека резултатите не се совршени и врз успешноста на човекот влијаат многу фактори, а IQ тестовите се одлични показатели за перформансите при извршувањето на бројни задачи и го покажуваат капацитетот на учењето и процесирањето на комплексни информации, што особено доаѓа до израз при предвидувањето на академскиот успех или учењето на нови вештини.

Критичко и рационално размислување

Причините за таквиот пад и причините за негативни трендови е тешко да се објаснат. Една од можностите се однесува на образованието, кое е малку стимулативно во споредба со претходните периоди. Како пример се наведува фактот што во исполнувањето на некои IQ тестови е важна менталната аритметика, додека денес учениците и студентите се навикнати да користат калкулатори. Флиновиот ефект се однесува само за одредени вештини. На сличен начин како што со различни физички вежби тренираме и зајакнуваме смао одредени мускули, така вежбаме и учиме одредени интелектуални вештини, но не вежбаме се на ист начин. 

На пример, кога се постигнува голем напредок во апстрактното размислување, Робсон вели дека не го постигнуваме истиот напредок кога станува збор за креативноста, при што не се мисли на уметничката креативност, туку способноста за пронаоѓање на нови и креативни решенија на проблемите, т.е. поинаков и оригинален начин на размислување и донесување на исправни и рационални одлуки. За да го спречиме негативниот тренд при пад на IQ дека треба да биде приоритет, новинарите од BBC тврдат дека за иднината е исклучително важен развојот на вештини, кои не се директно поврзани со коефициентот на интелигенција, кои би ни помогнале да развиеме покреативен и рационален начин за размислување и подобро го користиме мозокот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.