Спасете ја батеријата на вашиот Android смартфон
Наши забелешки
Positives:
Negatives:
Сите се соочуваме со модерниот предизвик кај нашите смартфони - батеријата. Секој оперативен систем си има свој начин на работа и начини како да се задржи батеријата што е можно подолго.
Ако сакате да го извлечете максимумот од смартфонот со Android оперативен систем, веројатно често ќе се најдете соочени со празна батерија. Еве како таа ситуација да ја сведете на минимум.
Прилагодете го начинот на работа на Doze
Воведен уште од Android 6.0, начинот на работа со Doze е да ги спречите апликациите во користењето на батеријата, додека вие не го користите смартфонот. Автоматски се вклучува кога телефонот е неактивен и мирува одредено време со одредени апликации, со што се ускратува пристапот кон мрежата. Корисно, но не и доколку го блокира пристапот кон мрежата за апликациите што ви требаат.
Еве како ќе одредите кои апликации за Doze треба да ги игнорирате:
- Отворете ги поставките и одберете Apps & Notifications.
- Скролајте и одберете Advanced, Special app access, па Battery optimization.
- Ќе се појави список со сите апликации што не се оптимизирани за Doze. Кликнете на Not optimized на врвот и одберете ги All apps.
- Повеќето ваши апликации ќе бидат означени со Optimizing battery use. Може да ги одберете овде сите апликации што треба да бидат исклучок - само кликнете на наречјето на апликацијата и одберете Don’t optimize.
- Прилагодете ја работата на батеријата и количеството за осветлување на екранот.
- Опциите Adaptive Battery и Adaptive Brightness користат вештачка интелигенција со цел да научат како да ги користат апликациите и екранот и така да го прилагодат користењето на батеријата и екранот.
- Треба и двете да ги вклучите на почетните поставки.
Како да го вклучите Adaptive Battery
Отворете ги поставките на својот смартфон и одберете Battery. Пронајдете го Adaptive Battery и одберете. Вклучете ја опцијата доколку е исклучена. Имајте на ум дека вашиот телефон не може да заборави што научил следејќи го вашето однесување, дури и ако го исклучите Adaptive Battery. Ако почне таа опција да создава проблеми, ќе може да ги решите само со враќање на фабричките поставки.
Како да го вклучите Adaptive Display
Отворете ги поставките на својот смартфон и одберете го Display. Пронајдете го Adaptive Display и кликнете, вклучете ја опцијата доколку е исклучена. Во продавницата Play имате повеќе апликации што може да служат за надзор и следење на работата на батеријата. Најпознати се AccuBattery и Greenify.
AccuBattery го мери користењето на батеријата и овозможува пребарување со знаците за деградација. Може да ја наместите така што ќе го прекине полнењето нешто под полн капацитет, како и да процените уште колку ќе потрае. Greenify, овозможува поставување на апликации во присилна хибернација.