Телевизорите во иднина ќе не прислушкуваат

Објавено на 31.08.2019 во Рецензија


Телевизорите во иднина ќе не прислушкуваат

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Во текот на последните 15-20 години, значително се промени начинот на кој управуваме со нашите уреди. Уште од почетокот на овој век, нашата интеракција со компјутерите беше ограничена на глувчето и тастатурата. Со доаѓањето на смартфоните и екраните чувствителни на допир, уредите што најчесто ги користиме, почнавме да ги управуваме преку допир.

Можеме да очекуваме дека се поголем број на телевизори ќе доаѓаат со интегрирани гласовни асистенти, со кои ќе управуваме со нашите телевизори, ќе менуваме канали, ќе зголемуваме и намалуваме тон, а тие во секој случај ќе слушаат што луѓето ќе прават.

Со развојот и популаризацијата на гласовните асистенти како што се Alexа, Google Assistant, Siri и други, денес се повеќе комуницираме со уредите преку гласот. Веќе милиони луѓе користат смарт звучници што им ги читаат вестите, репродуцираат песни, говорат временска прогноза, рецепти, итн, а очекуваме дека гласовните асистенти во иднина ќе бидат се повеќе популарни и на телевизорите.

На пример, овогодинешните модели на LG веќе имаат поддршка за Amazon Alexа и Google Assistant, а според гласините изгледа дека и Samsung смарт телевизорите ќе имаат интегриран Google Assistant. Управувањето со телевизорите преку глас, ќе овозможи тотално ново искуство за гледање на видеа, префрлување на канали, управување со тонот и слично. 

Се разбира, ова нема да бидат првите модели со кои ќе биде возможно гласовно управување, но можеме да претпоставиме дека поддршката за „познатите“ гласовни асистенти би можела да стане тренд на пазарот и дека другите компании ќе ги интегрираат Google Assistant или Alexа во новите генерации на своите телевизори, па преку нив можеби ќе управуваат и со други паметни и поврзани уреди.

А приватноста? 

Освен телевизорите и другите домашни уреди стануваат паметни, па така преку гласовните асистенти на Amazon и Google, кои исто така стануваат се повеќе активни, ќе управуваме со повеќето уреди во нашите смарт домови. Прашањето што се почесто се поврзува со смарт уредите е она што се поврзува со приватноста и безбедноста, затоа што станува збор за уреди што константно слушаат(прислушкуваат) што правите и зборувате и тие информации би можеле да завршат на погрешно место. На пример, неодамна Alexa испратила 1700 снимки до погрешна личност, па така нечии лични конверзации едноставно би можеле да завршат на интернет.

Слично е со телевизорите со асистенти, кои исто така би можеле да ги прислушкуваат своите сопственици. Неодамнешното истражување покажа и дека голем број на луѓе нема да имаат проблем со тоа, затоа што не сакаат да се откажат од модерната технологија. Тие живеат со тоа што веќе и онака изгубивме голем дел од приватноста.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони