Јапонците рециклираа 6,21 милион телефони за медали за Олимиските игри

Објавено на 01.09.2019 07:30 во Рецензија


Јапонците рециклираа 6,21 милион телефони за медали за Олимиските игри

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

До Олимписките игри во Јанпонија остана уште една година, но Јапонците веќе спремаат дел од медалите, кои ќе бидат доделени на најдобрите спортисти од цел свет. Јапонските медали ќе бидат посебни. Зошто? 

Јапонците во склоп на проектот „Кон иновативната иднина за сите“ од 1 април 2017 година до 31 март 2019 година, донирале мали електронски уреди и смартфони, кои потоа биле рециклирани. Благородните метали во нив биле претопени и искористени за креирање на олимписките медали. Така цела нација учествувала во создавањето на симболот за одличност, кој со гордост ќе го носат спортистите од цел свет.

Собрале речиси 79 илјади тони мали електронски уреди и речиси 6,21 милион стари мобилни телефони, во кои се „криеле“ 32 килограми злато, 3500 килограми сребро и 2200 килограми бронза. Сето тоа би завршило поинаку во рециклажни дворишта и отпад. Наместо тоа, од собрачниот материјал ќе се направат 5000 олимписки и параолимписки медали.

Освен самите медали, Јапонците се погрижиле и врвците на кои се прикачуваат, да бидат изработени од посебни хемиски рециклирани полиестерски влакна, кои се исклучително издржливи. Кутиите на кои ќе бидат доделени медалите, направени се во согласност со традиционалните и модерни техники, а секоја ќе биде уникатна. Олимписките игри во Токио така влегоа во историјата како први Игри во кои целата нација дала придонес во изработката на медалите од рециклирани материјали.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.