Нов скандал - Apple ги фаворизира своите апликации во App Store

Објавено на 09.09.2019 17:06 во Рецензија


Нов скандал - Apple ги фаворизира своите апликации во App Store

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Отворена истрага против Apple

 

Negatives:

 

- Нарушување на конкуренцијата



Целата рецензија

Apple се најде во нов скандал откако излегоа повеќе истражување според кои е утврдено дека апликациите на гигантот се фаворизирани при пребарување во App Store со што се прави доминантна позиција над конкурентите. Изработувачите на надворешни апликации за iPhone се во неповолна положба бидејќи корисниците кои пребаруваат апликации за музика, забава или работа, не може да дојдат веднаш до нив туку на првите места во резултатите на пребарувањето им се појавуваат само апликациите на Apple.

Промена на алгоритмот ќе го стави Apple во неволја

Европската Унија преку регулаторните тела веќе се подготвува за голема истрага против Apple за монополски начин на работа и ќе се утврдува дали со примена на новиот алгоритам се нанесува штета на конкуренцијата. Од врвот на компанијата се оправдуваат дека тие не применуваат алгоритам кој врши фаворизирање на конкретен сет на Apple апликации. 

„Нема ништо за начинот на кој ние ги извршуваме пребарување во App Store, кој е дизајниран или има намера да ги зголеми преземањата на нашите сопствени апликации. Ги презентираме резултатите засновано врз она што мислиме дека корисникот сака“, вели Фил Шилер, потпретседателот на Apple кој го надгледува App Store. 

Сепак, тврдењето дека алгоритмите на пребарување во App Store служат само за појавување на Apple апликации според тоа што корисниците го „сакаат“ не држат вода. Spotify во јули поднесе жалба до регулаторните тела бидејќи нивната апликација за стриминг на музика е во подредена положба во однос на Apple Music. Потоа беа преземени чекори од компанијата од Купертино за рамноправен натпреар меѓу сервисите во App Store.

Apple исто така применувал тактика на групирање на апликации кои се изработени во нив, во групата на прикажани резултати при пребарување на едноставни поими во App Store. 

Слични обвинувања за местење на резултатите имаше и против Google. Потоа компанијата која управува со Android, Chrome, Google Search, Gmail, Photos, Drive и останатите мобилни сервиси направи измени во Play Store при што на корисниците им се даваа предлози за инсталирање на конкуренти апликации. На пример за интернет пребарување покрај Google Search се нудеа Bing и Duck Duck Go, како и алтернативи за Chrome. 
 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар